Зграда на Музејот на современата уметност (Скопје)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Зграда на Музејот на современата уметност
Muzej na sovremena umetnost (61).JPG
Поглед на музејот
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Типмузејска зграда
Стилстароградски
Адресаул. „Самоилова“ б.б.
ГрадСкопје
Земја Македонија
Почната5 април 1969
Завршена13 ноември 1970
Технички податоци
Катови2
Проектирање и изградба
АрхитектЈежи Мокшињски
Еугениуш Вјежбицки
Влацлав Клишевски

Зграда на Музејот на современата уметностмузејска градба во Скопје, прогласена за културно наследство на Македонија како исклучителен претставник на архитектонскиот модернизам.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Објектот е сместен во соседство на Скопското кале, на ул. „Самоилова“ б.б. Изградбата на новата зграда на Музеј на современата уметност започнала на 5 април 1969 година и траела сè до 13 ноември 1970 година, кога е свечено отворена.[2] Зданието се состои од три поврзани крила — две еднокатни и едно двокатно, со вкушна површина од околу 5.000 м2. Во нив се сместени салите за привремени изложби, постојаниот изложбен простор, салата за предавања, салата за филмови и видеопроекции, библиотеката и архивот, административните канцеларии и други простории. Околу музејот има голем парковски простор кој овозможува поставување на разни вајарски проекти, како и пространи паркинзи.

Музејската зграда е подарок од Полска, според проект од национален конкурс. Нејзини архитекти се Јежи Мокшињски, Еугениуш Вјежбицки и Влацлав Клишевски.[3][4] Зградата на музејот била реновирана за првпат од нејзиното постоење и отворена за посетителите со изложбата „Солидарноста - недовршен проект“ на 22 февруари 2014 година.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  2. „Нашата историја“. Музеј на современата уметност. Посетено на 22 октомври 2017.
  3. „НУ Музеј на современата уметност - Скопје“. Управа за заштита на културното наследство. Посетено на 22 октомври 2017. Архивирано на 21 октомври 2017 г.
  4. „Музеј на современа уметност“. Стара Скопска Чаршија. Посетено на 20 октомври 2017.