Спомен-куќа на Лазар Личеноски
| Спомен-куќа на Лазар Личеноски | |
|---|---|
Поглед на куќата од мостот „Гоце Делчев“ | |
![]() | |
| Општи податоци | |
| Статус | споменик на културата |
| Вид | куќа |
| Стил | традиционално-модернистички |
| Град | Скопје |
| Земја | |
| Завршена | 1961 |
| Технички податоци | |
| Катови | 3 |
| Проектирање и изградба | |
| Архитект | Славко Брезовски |
Спомен-куќа на Лазар Личеноски — куќа под Скопското кале во центарот на Скопје, прогласена за културно наследство на Македонија.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Куќата е проектирана во 1960 и изградена во 1961 година од архитектот Славко Брезовски по порачка на видниот уметник Лазар Личеноски. Предвидена е како дом со ателје, осмислена во помеѓу двајцата. Во неа жевеел Личеноски и создал некои од големите творби — монументалниот ѕиден мозаик „Апотеоза на трудот“, таписеријата „Фазани“ (1962) и маслените слики „Оризово поле“ (1962), „Последни афиони“ или „Афионско поле“ (1963) и „Зографско ателје во Галичник“ (1963), недовршената слика „Охридски рибар“ (1964) и недовршениот лиен мозаик „Фазани“ (1964).[1]
На 10 октомври 2017 година куќата е прогласена за споменик на културата од големо значење.[1]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Куќата е изградена во традиционално-модернистички стил со употреба на традиционални материали. Има големи ѕидни мозаици, дело на Личеноски — „Берачка на лотос“ (1960) и „Апотеоза на трудот“ (1962/63), поставени на посебни места на фасадите. Во внатрешноста има други мозаици — „Сликарска палета (1961); „Автопортрет“ (1963), „26 јули 1963“ (1963); 16 жардиниери: „Женски и машки портрет“, „Урбан мотив“, „Риби“, „Зајаци“, „Лебеди“, „Гулаби“, „Риби“, „Ластовички“, „Сонце“, „Ѕвезда“, „Месечина“, „Компас“, „Портрет“, „Птица“, „Цвеќе“ и „Птици“ (1962/63); 2 маси: „Пауни“ и „Шаховска табла со риби“ (1963/64); фризот „Риби“ (од 18 плочи, 1962) и „Алеја“ (првично 24 плочи, а денес 16), како и 2 релјефа — „Капачки“ и „Трубач“ од непознати автори и скулптурата „Две фигури“ од Петар Хаџи Бошков.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 „Спомен – куќата на Лазар Личеноски во Скопје е прогласена за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење“. Управа за заштита на културното наследство. 17 октомври 2017. Посетено на 21 август 2020.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Спомен-куќа на Лазар Личеноски на Ризницата ?- Спомен куќата на Лазар Личеноски[мртва врска] — НУ „Конзерваторски центар“ - Скопје
