Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 143.890 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Шагринска кожа (француски: La Peau de chagrin) — роман од францускиот романописец и драматург, Оноре де Балзак, издаден во 1831 година. Дејството, сместено во почетокот на XIX. век во Париз, ја кажува приказната за едно младо момче кое наоѓа парче шагрен, кое има моќ да ја исполни секоја негова желба. Но, со секоја посакана желба кожата се намалува и црпи дел од неговата физичка енергија. Романот припаѓа на „Филозофските студии“, група од Балзаковата романорека, „Човечка комедија“.

Иако романот користи фантастични елементи, главната цел му е реално прикажување на прекумерноста на буржоаскиот материјализам. Главната тема на книгата е конфликтот помеѓу желбата и долговечноста, каде што волшебната кожа ја претставува моќта на својот сопственик, која се троши со секое изразување на желба, особено кога станува збор за самото поседување на моќ.

Пред да биде завршена книгата, Балзак пробудил возбуда со тоа што издал серија статии и фрагменти во неколку париски весници. Иако задоцнил пет месеци во доставување на ракописот, тој успеал да привлече доволно интерес со што романот се распродал веднаш по неговото издавање. Второ издание, кое содржело серија од дванаесет други „филозофски сказни“, било издадено еден месец подоцна. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Глумицата Кетрин Хепберн во 1941 г.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Знамето на Полска-Литванија
Знамето на Полска-Литванија
На денешен ден…

Денес е 12 мај 2024 г.

Настани:

1993  Република Македонија воспостави дипломатски односи со Република Босна и Херцеговина.
1993  Швајцарија ја призна Република Македонија.
1994  Со руско посредство, склучено е примирје со што е прекината ерменско - азербејџанската Војна во Нагорно-Карабах.
2004  Бранко Црвенковски ја презема должноста Претседател на Република Македонија.
2008  Катастрофален земјотрес од 7,9 степени по Рихтер во централна Кина однесе над 22.000 животи.
2014  Ѓорге Иванов стапува во вториот мандат како Претседател на Република Македонија.

Родени:

1820  Флоренс Најтингел — англиска медицинска сестра.
1869  Карл Шуман — германски спортист.
1707  Карл фон Лине — шведски ботаничар.
1907  Кетрин Хепберн — американска артистка.
1908  Николас Калдор — британски економист.
1914  Никола Вражалски — македонски правник.
1923  Атанас Петровски — македонски филмски режисер и продуцент.
1923  Живко Стефановски — македонски функционер.
1932  Валтер Вандерли — бразилски оргулар и пијанист.
1932  Дарко Дамески — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.
1935  Гери Пикок — американски џез-музичар.
1936  Френк Стела — американски сликар.
1942  Ијан Дјури — англиски рок-музичар и глумец.
1948  Стив Винвуд — англиски поп-рок музичар.
1950  Ренате Штехер — германска атлетичарка.
1961  Били Дафи — британски рок-музичар, член на групата „Калт“.
1962  Емилио Естевез — американски глумец.
1963  Панајотис Фасулас — грчки кошаркар.
1979  Хоаким Родригес — шпански велосипедист.
1988  Марсело — бразилски фудбалер.
1991  Џо Домбровски — американски велосипедист.
1997  Френки де Јонг — холандски фудбалер.

Починале:

1003  Силвестер IIримски папа.
1012  Сергиј IV — римски папа.
1860  Чарлс Бери — англиски архитект.
1884  Беджих Сметана — чешки композитор и диригент.
1904  Вангел Георгиев — андартски капетан.
1905  Атанас Шабанов-Тешовалијата — македонски ајдутин и револуционер.
1907  Жорис-Карл Уисманс — француски писател.
1995  Круме Наумовски — македонски првоборец.
1995  Адолфо Педернера — аргентински фудбалер.
2001  Диди — бразилски фудбалер.
2008  Роберт Раушенберг — американски сликар.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич