Општина Карбинци
Предлошка:Инфокутија Општини во Македонија
Општина Карбинци — општина во Источна Македонија. Центар на општината е селото Карбинци.
Географиja
Карбинци е оддалечено 13 километри од градот Штип. Карбинци се наоѓа во подножјето на планината Плачковица и доста е богато со житни и градинарски култури.
Историja
На територијата на Општина Карбинци се пронајдени вредни археолошки локалитети, кои зборуваат за долгата историја на ова подрачје. Така, за време на работите на хидросистемот Злетовица, при ископувањата во локалитетот „Грнчарица“, во близината на селото Крупиште, била откриена населба од раниот неолит, при што биле пронајдени предмети и керамика чија старост е проценета на околу 6 000 години п.н.е. Малку подалеку бил откриен каменот на кој првата организирана човечка заедница во Македонија ги изработувала своите орудија од кремен. На тој начин, таа се смета за најстара неолитска населба на територијата на Македонија. На истата локација бил откриен скелетот, кој го добил името „Славе Македонски“, за кого, според анализата на коските направена на Универзитетот во Глазгов, се претпоставува дека е стар 7 745 години, што го прави еден од најстарите скелети во Југоисточна Европа. Исто така, во локалитетот „Вршник“ (во атарот на селото Таринци) е пронајдена населба од времето на неолитот (од 6 200 до 3 500 година п.н.е.). Археолошки експонати од античкиот период (од 2 век до 4 век п.н.е.) се пронајдени во локалитетот „Кнежевска Могила“, во атарот на селото Таринци, и во гробницата кај селото Црвулево.[1]
Економија
Демографија
Општествени институции
Администрација и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Поврзано
Наводи
- ↑ ШТИП - ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАТОР, Со мапа на градот. Штип: Општина Штип, 2011, стр. 36-37.
Надворешни врски
|