Разлика помеѓу преработките на „Уметност“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Додадени 3.688 бајти ,  пред 2 години
 
Во својот [[роман]] „[[Портрет на уметникот во младоста]]“, ирскиот писател [[Џејмс Џојс]] ја дефинира уметноста како обид да се разбере природата на нештата и, разбирајќи ја, обид за полека, скромно и постојано изразување на сликата на убавината што сме успеале да ја разбереме. Според него, уметноста ја претставува човековата моќ да ги вообличи [[материја]]та и [[дух]]от за една естетска цел.<ref>Džems Džojs, ''Portret umetnika u mladosti''. Beograd: Rad, 1964, стр. 215-216.</ref> Понатаму, тој ја дели уметноста на три облици што произлегуваат еден од друг: [[Лирика|лирски]] облик во кој уметникот ја дава својата слика во непосреден однос кон себеси; [[Епика|епски]] облик во кој ја дава својата слика во посреден однос кон себеси и кон другите; и [[Драмска уметност|драмски]] облик во кој ја дава својата слика во непосреден однос кон другите. Притоа, лирскиот облик е наједноставен вербален израз на еден момент на емоцијата при што во тој момент уметникот е посвесен за емоцијата отколку за себе. Од лирскиот овлик произлегува епскиот облик на тој начин што уметникот размислува за себе како за центарот на еден епски настан и овој облик се развива додека центарот на емоционалната тежа не биде на еднаква оддалеченост од самиот уметник и од другите. Драмскиот облик се достигнува кога животната сила ја исполнува личноста толку многу што таа поприма посебен и недофатлив естетски живот. Тогаш, личноста на уметникот престанува да постои и станува безлична. Естестката претстава во драмскиот облик е животот пречистен во човечката фантазија повторно проектиран од неа. Тогаш, уметникот, како [[Бог]]а, останува во своето дело или покрај или зад или над него, невидлив и облагороден толку многу што повеќе не постои.<ref>Džems Džojs, ''Portret umetnika u mladosti''. Beograd: Rad, 1964, стр. 223-224.</ref>
 
Во книгата „Естетичка скепса“, италијанскиот философ [[Џузепе Ренси]] тврди дека естетичкиот суд секогаш е субјективен и дека не може да тежнее кон апсолутното. Тоа произлегува оттаму што никако не може да се оспори некој кој претпочита еден автор од друг, еден [[композитор]] од друг. Според него, во уметноста не постојат вистина и заблуда, туку само вкусот на поединецот. Според философот [[Етјен Жилсон]], човечкиот [[разум]] не може ниту да го допре процесот на уметничкото создавање, туку тој го оценува уметничкото дело отпосле, дури кога тоа е создадено, но не може да го оценува во текот на создавањето. Поради тоа, во уметноста нема никаква вредност принципот на противречноста. Наспроти науката, која се развива и во која докажаната теза ја побива спротивната, во уметноста една теза не ја укинува спротивната.<ref>Euđenio Montale, ''Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi''. Beograd: Rad, 1979, стр. 116-117.</ref> Слично на него, историчарот на уметноста Серџо Бетини, во современата уметност само нишка ги дели ремек-делото од грдотијата, така што за современата уметност не може корисно да се разговара.<ref>Euđenio Montale, ''Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi''. Beograd: Rad, 1979, стр. 118-119.</ref> Според Ален, уметничкото дело се разликува од занаетчиското дело по тоа што занаетчијата копира некој модел, знае што треба да направи и ги познава средствата што му се потребни за тоа. И уметникот поседува ''определена идеја'', но таа е многу темна и неодредена. Кај него, појдовната точка е поттикот, а не програмата. Патем, таа идеја се преобразува и на крајот не може да се препознае. На тој начин, уметникот се познава себеси дури откако ќе го заврши уметничкото дело, наспроти занаетчијата кој може точно да ја дозира техниката и да ги предвиди крајните ефекти.<ref>Euđenio Montale, ''Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi''. Beograd: Rad, 1979, стр. 108-109.</ref>
 
Во есејот „Уметноста на претставата“ од 1957 година, Монтале тврди дека не постојат уметности, туку Уметност чиј апсолутен параметар му бега на нашето знаење, а само историски Уметноста се изразува низ уметностите.<ref>Euđenio Montale, ''Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi''. Beograd: Rad, 1979, стр. 100.</ref>
 
== Убави уметности ==

Прегледник