Макс Ернст

Од Википедија — слободната енциклопедија
Макс Ернст

Макс Ернст бил германски вајар и сликар; соосновач на дадаизмот и надреалиѕам. Ернст (1891 - 1976), самоук сликар од Брил во близина на Келн, најпрво студирал на „Факултетот за Писма” во Бон од 1909 -1911 г. Се заинтересирал за најновите дела на Пикасо, Чирица, Макеа и експресионизмот кој тогаш бил тренд меѓу млади германски сликари . Меѓутоа, Дадаизмот имал многу поголемо влијание на него. 1914 година во Келн Макс Ернст ја запознал Ханса Арпа кој бил еден од основачите на прва Дада група во Цирих. Заедно со Бааргалд ја соѕдале групата Дада во Келн, а под покровителство на Бретон, изложбата на делата на Ернст е одржана во Париз. Со Арп направил колаж наречен фатагага(изработка на газометриски слики) кои го најавиле надреализмот. По последната изложба во Келн, групата била затворена од страна на полицијата, а Ернст отишол во Париз, каде што учествувал во надреални настани. Во 1921 година, конечно се преселил во Париз и станал еден од активните надреалистички луѓе кои вклучувале поети како Андре Бретон, Пол Елуард, Луј Арагон, Филип Супаул, Роберт Денос и Рене Кревел, кои ги преѕентирале во еден од неговите платна, во друштво на Рафаел и Достоевски.