Келтска уметност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Келтска уметност — уметност која се развивала од страна на Келтите, народ од германско потекло и кои во текот на преселбата на народите од 8 век п.н.е. дошле на овие простори и се рашириле по Европа најпрво во Галија, а потоа и по Пиринејскиот Полуостров на територија на Велике Британија, Италија и Германија во јужна Русија, Балканските земји, Грција и во Мала Азија и денес сè уште може да се најдат во Бретања, Велс, Ирска и Шкотска.

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Келтска уметност е уметност од западно индогерманско племе Келти кое во 7 век п.н.е. ја населила Бохемија и Баерн во 6. век п. н. е. се проширило на Шпанија и Галија во Халштат и културата Латен, а понатаму се прошириле на голем културен простор на Андалузија, Мала Азија, Ирска додека други келтски племиња биле во Италија и Македонија, така што во 2 век Келтите биле најзначаен народ во Европа, а посебно големо значење имале во работа со металите.

Келтите биле жители на Европа во предримскиот период и заземале простори од Пиренеја до Рајна и Ирска до Романија. Биле варвари во права смисла на зборот. Тие до 1 век п.н.е. имале еден стил и ја развивале својата религија во своето урбано општество.

Првите сазнанија за уметностите на Келтите ги добиваме од гробницата на нивните оружја, накит и орудии (Хохдори). Во 5 - 4 век п.н.е. ја измениле орнаментиката од геометриска на криволиниска форма со фантастични ликови на животни, откриле метални маски и многу други мотиви. Нивните камени скулптури и покрај влијанието од Грциј и Рим останале груби, но имале експресивен карактер.

На Британските Острви од 79 век се развивала специјална доцна уметност на Келтите, ирската уметност, со орудија и со илуминирани ракописи кои се ширеле преку ирското монаштво по копно и била инспирација за уметноста во манастирите. Кога Римската Империја се распаднала, повторно и се развила уметноста на Келтите од Ирска кон Британија, од Корнвал кон Бретања во која монасите ги пренесувале идеалите од ирскиот манастирски живот во Европа.

Од крајот на 7 век п.н.е. Европа била населена од народи кои живееле од собирање на плодови и од лов. Во тој период освен Грција и Рим во средна Европа живееле варварите кои биле потиснувани и апсорбирани од страна на војничките машинерии на Рим. На Грците и Римјаните, на нивните војсководци, филозофи и истриичари им биле познати Келтите како народ, па затоа имаме од тој период многу пишувани податоци за нив и нивниот начини на живот и уредување.

Данскиот праисторичар Ц.Ј. Томсен праисторијата ја делел на камен период, бронзан период и период на железо, а оваа поделба останала сè до денес. Во Швајцарија во 1846 година е откриена Халштатската култура, и културата Латен како култури од железно доба. Халштат имал А, Б, Ц, и Д периоди и сите овие периоди се поврзани со Келтите. Во Халштат во 6 – 7 век п.н.е. Келтите ја заземаат средната Европа, а во 2 век нивните територии се шират до Шпанија, Британија, Италија, Романија, Македонија, сè до Мала Азија.

Трагите на Келтите можеме да ги следиме според археолошките материјали кои се откриени во нивните гробови. Тоа се најчесто накит и керамика. Келтите верувале во живот после смртта, и имале свои богови. Опремата во гробовите била според рангот на оној кој тука бил погребан, и секој имал опрема според своите заслуги за потребите на животот после смртта.

Поделба[уреди | уреди извор]

Келтската уметност се развивала во две главни фази:

Старокелтска уметност[уреди | уреди извор]

  • околу 400 — 300 години п.н.е. како латенска рана уметност која имала влијание врз Етрурската уметност, растителна орнаментика која се стилизира и имала изработки во злато и бронза со емајл или корали,
  • 300 — 100 години како средна латенска уметност која исто така се карактеризира со орнаментика и стил
  • 100 — 50 години како подоцнежен старокелтски стил.

Новокелтска уметност[уреди | уреди извор]

која се карактеризира со нов стил кој е ограничен на Ирска и Шкотска има влијание на ориентот и влијание на англосаските. Може да се подели на ран ирски стил (650850 година), среден ирски стил (8501000 година) со спирали и животинска орнаментика и растителни траки во книжно сликарство и изработки во метал и подоцнежен ирски стил (10001150 година) кој ги покажува сите одлики и добри карактеристики на претходните стилови.

Литература[уреди | уреди извор]

  1. Das Moderne Leksikon, Dr. Hans F. Müler, Stutgart 1979.
  2. Der Große Brackhaus, F.A. Brockhaus Wiusbaden 1980.
  3. Die Kelten und Ihre Geschichten, Barry Cunliffe, Regensburg 1992.