Праисториска уметност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стонхенџ
Венера од Виленсдорф
Божица мајка, турски Музеј на анадолски цивилизации 5500-6000 г.п.н.е.

Праисториска уметност или предисториска уметност — творечките дела познати археологијата, за разлика од уметноста во временскиот период која спаѓа во историјата и која ја проучува историјата на уметноста. Праисторијата е временски период кој трае до појавата на првите писма, за што, со помош на материјални траги од културата, археологијата создава приказни за настаните.

Во праисторијата се пронаоѓаат предмети кои се алатки и предмети кои имаат функција, но немаат корисност. Тоа се ритуални и магиски предмети.

До скоро, најстаро уметничко дело на светот било парче накит — мали продупчени школки кои се стари околу 75.000 години[1] и кои се откриени во јужноафриканска пештера. Меѓутоа, најновите откритија на исти такви школки во мароканска пештера ја поместува границата за некои 7.000 години — школките пронајдени во Мароко се стари околу 82.000 години[2]

Периоди во праисторијата[уреди | уреди извор]

Праисторијата има различни периоди. Младото камено време вклучува време на варварство и време на дивјаштво. Од мезолитот има слаби траги и се смета дека истото е поради големите промени во Земјината кора - тогаш геолошката карта се формирала приближно како што е денес. Неолитскиот период почнува околу 4000 година п.н.е., а се смета дека околу 2300 година п.н.е. е пронајден бакарот и почнала негова обработка. Се открило дека бакарот измешан со цинк дава бронза која е поцврста. Халштат - старото железно време по бронзеното време од 2000 години, трае од 800 до 500 г.п.н.е. до времето на Латен (место во Швајцарија) и до наезда на Келтите.

Праисторија на човечкото општество[уреди | уреди извор]

  1. Еолит (појава на камено време, 1.000.000 – 500.000 година п.н.е.)
  2. Палеолит (постаро камено време, 500.000 – 20.000 година п.н.е.)
  3. Мезолит (средно – преодно камено време, 20.000 – 12.000 година п.н.е.)
  4. Неолит (ново – младо камено време, 12.000 – 3.000 година п.н.е.)
  5. Бакарно време (3.000 – 2.000 година п.н.е.)
  6. Бронзено време (2.000 – 1.000 година п.н.е.)
  7. Железно време (1.000. години п.н.е. – 1.000 година)

Египет[уреди | уреди извор]

Во Стариот Египет праисториското време било слично како и во Европа. Почетокот на времето на фараоните според различни автори е различен. Средната хронологија датира околу 3500 година п.н.е. Нил е долга околу 6 000 км тече низ пустина и ја прави извонредно плодна.

Стариот Египет пружа најбогат преглед на материјална и духовна култура, која ја оставил народот кој живел на овие простори околу 4000 г.п.н.е. Кога е пронајдено толкување на хиероглифите, направена е извесна хронологија и фиксирани се одредени толкувања на движењата во уметноста.

Во времето на Старото Царство уметноста одела во правецот на реализмот врзана за животот од причина што животот на фараонот се овековечувал, требало да се овековечи низ вечноста.

Во Средното Царство постоела извесна релативна схематизација, иако тука исто така одговара на живиот, модел па тука се преплетуваат схематизмот и реализмот. Во Новото Царство се јавува посебен модел поради контактот со Месопотамија и Средна Азија кој се пројавува во напорите за много повеќе и кон луксузот во дворовите, а потоа и во уметноста во која се огледа тој луксуз.

Порано човекот бил номад, потоа почнува да се занимава и со полјоделство. Доаѓа до промени во стопанството и културата, а потоа и во уметноста. Човекот почнал да корне шуми да би можел да ја оспособи земјата да сади растенија и од номад кој бил во движење тој почнува да се стабилизира. За чување на хранатa, вишокот, тој направил садови, најпрво можеби од пратови, а подоцна и од земја, глина, и се појавуваат првите занаети. Ова време го нарекуваме неолит. Човекот сега го обработува каменот на друг начин. Порано го кршел и клесал, а сега и го измазнувал. Секирата е од камен, се јавува и обработена коска, а керамиката е груба и ја прават најчесто жени. И сега како и порано човекот зависи од природата, меѓутоа сега тој е свесен за тоа и ја чувствува својата немоќ, се јавува анимизмот. Тој како и децата, верува дека сè е живо, тоа се сили кои се живи и имаат душа. Во својата имагинативна стварност, трансцендентално го претставува светот давајќи му анимистички особини. Уметноста од реалистичка во варварство во халштат станува поинаква. Во 2200 г.п.н.е. почнува да се преработува бакарот. Истото предизвикало големи промени. Почнуваат да се произведуваат алатки од бронза кои се потрајни. Употребата на железо се јавува во постарото железно време халштат во 1900 г.п.н.е. до помладото железно време кое траело до 1 век п.н.е., а предностите покрај на функционалноста се одразуваат и естетски.

Египетската култура е поврзана со реката Нил. Човекот тука постоел уште од палеолитот, а во текот на 4300 г.п.н.е., според долгата поделба, или 2000 г.п.н.е. според кратката поделба, и едната и другата поделба се наведуваат за да се воочи релативноста на овие податоци.

Фараонот е врховен свештеник. Соединувањето било неопходно бидејќи Нил поплавувал периодично секоја година во скоро ист ден. Промена на бојата; зелена значи расте, црвена, поплавува, можат да се добијат две жетви во текот на една година од ова плодно земјиште. Нил надоаѓал бидејќи во Етиопија и Сомалија паѓале дождови, алгите - зелено, земјата - црвено, Зелениот Нил и Црвениот Нил. Религијата произлегувала од робовладетелството воспоставено 4000 година п.н.е. Човекот сакал низ вечноста да остане на земјата, оттука мислата за вечниот живот на фараоните како фараони, а на робовите како робови, без промена. Се јавува гробна архитектура. „Ка“ е двојник од камен за враќање на душата која сега има каде да се врати. Одаите се декорираат со сцени кои би укажувале на моментите од животот на фараонот.

Праисториско време во Европа[уреди | уреди извор]

Распространетост на палеолитската уметност во Европа:
Црвено: ѕидни слики
Зелено: преносни фигури
Цијанова линија: досегања на ледниците
Сина линија: брегови во леденото време.
Отпечаток на рака од пештера во Франција кое е знак „мое". 35.000 г.п.н.е.
"Кинески коњ" од пештерата Ласко во Франција 14,000 г.п.н.е.

Уметност во палеолит[уреди | уреди извор]

Во Европа времето на литикум датира од 600.000 години п.н.е. кога „почнува“ стариот палеолит (појава на наоѓалишта). Хелен каде се присутни грубо обработени артефакти со бадемаста форма- двострано обработени со големина од 10- 15 -{cm}- како универзални клинови. Во времето на средниот палеолит во време од 100.000 година п.н.е. во помладиот Левалосиен се развива груба обработка на камени артефакти (по Миланковиќ) Младиот палеолит од 30.000-те год. Вурмско ледено време траело од 120- 25 илјади години п.н.е. Наоѓалиштето Орињак (во Франција- -{„Aurignacijen“}-) се однесува на широко подрачје и се одликува со внимателна обработка на камен. Се поавуваат први пластики на “Венера” врежани цртежи и слики. Тука можеме да ги вброиме наодите во пештерата Алтамири и Ла Пасега (тука е оној отпечаток на рака што значи= мое), потоа Солурен и период Магдален („La Madleine“- во близина на Париз) има 6 периоди и наместо скулптури се јавуваат слики- пештерско сликарство. Во Шпанија, Франција област која ја покриваат наодите Алтамира, Ла Пилета, Когул, Ласко и др. и во северна Африка и на земјиште во Италија во овие може да се забележи движење од реализам до схематизам при крајот на оваа епоха. Алтамира е во Шпанија и е мал снизок простор, прикази се дадени во црно смеѓ окер со бизон, коњ, дива свиња во групи или поединечно. Ниакс (-{„Niaux“}- се наоѓа на југ на Франција) содржи прикази на животни од времето Магдален.

Мезолитска уметност[уреди | уреди извор]

Почетокот на мезолитот вообичаено се датира во 8.000 г.п.н.е. и карактеристична е за ралични раси. Траги се наоѓаат во Азилиен во („Mas d Azil“) воФранција, Шпанија и Британските Острови каде наидуваме на микролитички орудија со апстрактни ликовни концепти чии траги можат да се најдат веќе во доцниот палеолит. Културите, односно наоѓалиштата Траденосјен и Маглемосјен спаѓаат во Мезолитска култура кои значително се разликуваат во зависност од различните флуктуирачки култури со кои се мешале. Границата на неолитот во однос на мезолитот не е прецизно одредена и се одликува со појава на керамиката, премин на земјоделство и појава на населби, па се јавуваат тенденции за стилизација и апстрахирање. Реализмот како концепција и апстракција се присутни тука и тешко може да се утврди која е постара или поприсутна и е одлика на човековото мислење и човековото изразување во минатото како и денес.

Неолитска уметност[уреди | уреди извор]

Керамиката во раниот неолит- неолитика, обработувана е со рака и се појавува украсот како геометриски и различен е во различни културни кругови според начинот на украсување и може да биде мегалитска, чешљаста, гајтанска или врвчана и може да се разликува за дневна употреба која се прави од непрочистена глина и е со поедноставен облик и поедноставно е украсена и керамика со култна намена која се прави од прочистен материјал и побогато е украсувана. Во Европа е пренесен од Блискиот Исток, култот кон Божицата на плодноста. За оваа време се врзува појава на населби со земуници кои се со неправилниа основа, плетени и од греди и соеница на подрачјето на алпските езера (исклучително се тука и пештери). Спомениците долмени, менхири и кромлекси карактеристични се за оваа време и потеклото треба да им се бара во земјите од источен медитеран. Местото Димини во Тесалија и чиј процут спаѓа во Бакарно време во кој е пронајден и бакар и железо. Димини миграција е под влијание од Балкан или е тоа влијание од мала Азија, а за разлика од наоѓалиштето Сескло кој е во близина и кој е постар од Диминија најдена е (Сескло) керамика со линеарни орнаменти во него (Димини) првпат е пронајдена керамика со линеарeн криволиниски орнамент изведен со боја и тоа во облик на спирала и со меандрални облици на неолитска и бакарно времеска култура што значи халколитичка култура ја карактеризира појава на историски култури египетска, по Винклер примитивни ловци- животни и примитивни жители на оаза- луѓе домородни во времето кога се формирале културите – египетската се наоѓале овде разлини групи на жители. Бакарно времеската култура на Бадари се датира во IV милениум и пред бројот 30 чија постара фаза (IV милениум- бакар) од 3700- 3400 п.н.е. ја карактеризира кремено орудие, црвено полирана керамика, култура Негаде, Арманска и Герзеска се одликува со украсување со бела боја како геометриска така и фигурална со луѓе и животни и бродови каде можеме да утврдиме некои облици на врска со Месопотамија, украсена веќе со сцени од животот што подоцна ќе биде одлика, а во Хиеракрополис се наоѓа гробница која е претходничка на подоцнежни гробница значи мастабална форма украсена со ликовен израз кој е веќе оформен и завршен; тело ан фаце, раце во профил... и сè до земјишни облици нема никакви промени и скокови- од I династија Нарамерова плочичка. А во Месопотамија неолитот достигнува во IV милениум, култура Сунска во Палестина, значи Јерихо и Меѓидо во IV милениум, а Самарска и Халфска како бакарно времески, а исто така во Урук и Суза. Урската култура довела до појава на писма кое било во слики. Египет и Месопотамија- Тхинска и Џемедетнерска култура се појавиле истовремено, а преддинастичкото време завршено е се Урук. Иако дошло до синхронизација ово правило за истовременост има само општ карактер. Не може да се утврди дали во некои фази во оваа време постојело време на матријархат и свое минато овие народи секогаш го пулнеле со митски кралеви, владарски династии кои секогаш биле само машки. Во Европа иако земјоделската револуција е пренесена од исток во Европа таа живеела во времето на мезолитот- Подунавските култури “доцнат” неколку илјади години (неколику милениуми) во однос на исток и имале материјалхален карактер, наоди на Божицата на плодноста, Венера и нејзините свети и посветени животни како волк, бик, змија. На Пиренејскиот полуостров, кој земјоделската култура ја презел од Кипар и Египет се одржувало и понатаму пештерското сликарство во кое постепено се појавуваол схематизам и се ширел постепено со мегалитите по Европа.

Уметност на металното време или бакарно времеика[уреди | уреди извор]

Металикум почнува во времето на Бакарно времеика, бакарното време со појава на предмети од бакар кои доаѓаат во Европа од средниот и предниот исток, а подоцна се појавуваат и формии кои се карактеристични и овде. Во Европа се појавува начин на живот кој е неолитски, значи селски, а средоземјето и предниот исток со почетоците на историската епоха со почетоко на пишаните извори. Бронзeно време има 5 подрачја; Егејско, Средноевропски културен круг, Нордијски, западноевропски и источноевропски културен круг, и внатре во секој круг се појавуваат низи наоѓалишта. Металикум- железно време е различно за секое подрачје, а во западна и средна Европа тоа трае низ илјадалетие- во I милениум се дели на постаро и помладо халштатско (се наоѓа во Австрија), а помладото латенско се наоѓа во Швајцарија (сојаници). Во средна Европа преовладува схематизација и орнаментален стил (апстракција), а на југ фигуративна концепција во уметноста на која излезна точка и е Медитеранот и која продира поради колонизаторските активитети на Грците и нејзините трговски врски преку Етруска на подрачјето на Франција и се развива латенската култура, чија појава ја обележува европската праисторија. Алштат- Халшадската култура се дели на 4 развојни степени анализирана од исток на Франција- Унгарија, фигурална е и прекинот се наоаѓа со појава на Келтите во 400 п.н.е. латенск етнички се врзува за Келтите од 500 п.н.е. и се појавува широко од Британските Острови до југ на Русија и се дели на три периоди, а може да се прати линеарна стилизација, декорација орнаментика, мазна површина и облици на меандер, траки, спирали - геометризирани фигурални облици.

Облици на цивилизација присутни се во времето на дивјаштво и варварство каде појавата на лакот - пронаоѓањето на лакот, родовската заедница и каменото време се одлики кои ја одредуваат разликата и преминот на класното општество и металното време.

Поделба на уметности во праисторијата[уреди | уреди извор]

  1. Уметност во палеолит
  2. Уметност во мезолит
  3. Уметност во неолит
  4. Уметност во метално време или бакарно времеика

Литература[уреди | уреди извор]

  • H,W. Janson, Istorija umetnosti, Beograd 1962.
  • Ђина Пискел, Општа историја уметности, Београд 1972.
  • Dejiny umenia, Michael V, Altpatov, Martin 1976
  • Umění, Hendrik Willem van Lon, Praha 1939.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „World's Oldest Jewellery Found in Cave“. Buzzle.com. Архивирано од изворникот на 2009-06-01.
  2. „National Geographic, 7 јуни 2007“. News.nationalgeographic.com. 28 октомври 2010.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]