Неолитска уметност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Неолит (ново – младо камено време, 12.000 – 3.000. години п. н. е.)

Младото камено време почнува со неолитската револуција на Блискиот исток (тоа било време на последниот леден период во Европа). Климата северно од Алпите била како сега во Сибир и на Аљаска). Тоа траело повеќе илјади години и почнало околу 8.000 година п. н. е. кога луѓето по прв пат успешно ги припитомиле животните и произвеле зрнеста храна. Тоа бил пат на премин од лов кон земјоделство. Номадскиот живот се заменува со седечки. Со новиот начин на живот во трајни селски заедници дошло и до нови пронајдоци: грнчарство, ткаење и предење. Основни модели на градежни конструкции се од дрво,тули и камен. Од овој период познати се остатоци од многу импресивни скулптури на човечки глави строги индивидуални обележја – „Јерихонски глави“, околу 7.000 години п. н. е., (череп обложен со обоен гипс со очи од школки).

Луѓето во неолитот верувале во духовите на предците и се верувало дека тие се наоѓаат во главата на човекот, која можела да го надживее телото и да ја задржи моќта над судбината на своите поколенија. Затоа тие требало да ги смируваат тие духови. Сочуваните глави биле „замки за духовите“. Покрај верувањата во духовите на предците постоело и верување во анимизам – во секој предмет постоел дух. Во секодневниот допир со светот на духовите примитивниот човек не се задоволувал само со тоа што ќе врши обреди, туку чувствувал потреба својот однос да го изрази со игри и слични драмски церемонии, ставајќи маски, а таа занесеност трае и до денешни денови.

Неолитскиот град Јерихон, во денешен Јордан, со кемени куќи и поплочени дворови е извонреден пример за висока развиеност на неолитските луѓе. Но одбрамбените ѕидини и кули укажуваат на почетокот на судири меѓу луѓето.

Во Европа во тоа време се појавуваат мегалитски споменици направени од големи камени блокови наредени еден врз друг на суво (без малтер), од кои најпознат е Стоунхенџ во Англија. Стоунхенџ се состои од низа кемени блокови наредени кружно со остар во средината. Оријентиран е спрема страната на која се раѓа сонцето на денот на догоденицата (летен солстициј, 21 јуни)

Види повеќе[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]