Алтамира

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Алтамира е дилувијална пештера во Шпанија, познато палеолитско археолошко наоѓалиште кое се наоѓа во покраината Кантабрија, недалеку од местото Сантиљана дел Мар. УНЕСКО во 1985 година ја прогласи Алтамира за Светско наследство.

Шематски приказ на распоредот на животните по ѕидот на главната дворана, т.н. Поликромен свод.

Пештерата е долга 296 метари, се состои од повеќе премини и соби. Главниот премин варира во висина од 2 до 6 метри.

Во текот на археолошките ископувања отркиени се артефакти кои се датирани во период на доцниот солитрен и раниот магдален. Пештерата е позната по цртежите кои се насликани на ѕидовите. Формите се цртани едни преку други, нема композиција, користени се земјени бои, а се претпоставува дека животинска маст е користена како сврзник за смесата.

Предисторискиот уметник сликал скоро исклучително животни кои ги ловел, така што на таваните и во Алтамира се насликани бизони, елени, коњи, диви свињи.

Ранет бизон[уреди | уреди извор]

Бизон од Алатамира, илустрација во книгата «La caverne d'Altamira à Santillane, près Santander», издена во Монако 1906.

Ранет бизон е праисториска слика во Алтамира, настаната помеѓу 15.000 и 10.000 п.н.е.

Сликана е само со две бои - црвена и темна. Како позадина е искористена природната карпа, чија пукнатина, испакнатините и вдлабнатините праисторискиот уметник вешто ги користел. Претставеното животно одвоено е со темна линија, поразлична во светлина. На места каде е линијата посветла, формата се отвора, а се затвора таму каде е потемна.

Не се прикажани непотребни детали кои би ја оптовариле сликата. Ефектот е постигнат со контролирано сенчање, кое на формите им дава пластичност.

Види уште[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Портал „Археологија