Морж

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Морж[1]
Noaa-walrus22.jpg
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Ред: Carnivora
Подред: Caniformia
Натсемејство: Pinnipedia
Семејство: Odobenidae
Allen, 1880
Род: Odobenus
Brisson, 1762
Вид: O. rosmarus
Биномен назив
Odobenus rosmarus
(Linnaeus, 1758)
Subspecies

O. rosmarus rosmarus

O. rosmarus divergens

O. rosmarus laptevi (debated)

Распространетост на моржот

Морж (лат.:Odobenus rosmarus) е големо животнo чии нозе се преобразени во перки што може да ги свитка кон напред.

Облик на телото[уреди | уреди извор]

Има кратка муцка со кратки и дебели влакна како мустаќи. На горната вилица има два рамни големи заба — бивни, што, освен мажјаците, ги имаат и постарите женки. Телото му е покриено со гола жолтокафеава набрана дебела кожа. Под неа има дебел слој сало што го штити од губење на телесната топлина. Поголемите мажјаци се долги до 4,5 метри и тешки до 1 тон. Неговата кожа е поинаква од кожата на сите други цицачи, со длабоки набори и брчки, а со многу малку влакна. Може да е различен по бојата на кожата: младите моржови може да имаат темна боја, а возрасните понекогаш имаат шари во розова боја.

Распостранетост[уреди | уреди извор]

Живее на крајбрежјето на Северно Море во Скандинавија, Исланд и Гренланд и понекогаш се сели доста далеку од тие области.

Храна[уреди | уреди извор]

Се храни со школки, ракови и риби.

Окотување[уреди | уреди извор]

Секоја трета година окотува по едно младенче, што по 2 години станува самостојно.

Ловење[уреди | уреди извор]

Го ловат заради бивните, маста и кожата. Тоа e често животно во поларните области.

Моржот како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „Јас сум моржот“ (I am the Walrus) - песна на британската група „Битлси“ (The Beatles) од 1967 година.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Возенкрафт, В. К. (16 ноември 2005). Вилсон, Д. Е., и Ридер, Д. М.. уред. Mammal Species of the World (Трето издание издание). Johns Hopkins University Press. ISBN 0-801-88221-4. http://www.bucknell.edu/msw3/browse.asp?id=14001024. 
  2. Lowry, L., Kovacs, K. & Burkanov, V. (IUCN SSC Pinniped Specialist Group) (2008). Odobenus rosmarus. Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2008. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 22 March 2009.  (англиски) Database entry includes a brief justification of why this species is of data deficient
  3. The Beatles - I Am The Walrus - YouTube (пристапено на 17.1.2017)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]