Ранохристијанска уметност во Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија

На полето на ранохристијанската археологија во Македонија по 1944 се постигнати посебно значајни резултати, откриени се повеќе ранохристијански комплекси и на нив се изведени археолошки истражувања.

Резултатите од овие истражувања укажуваат дека на овој простор постојат повеќе градови - епископски центри. Овие големи епископски центри, како по своето градско уредување, така и со своите архитектонски објекти и нивното планирање и украсување, укажуваат дека биле изработувани под дирекно влијание на Солун и на Цариград. Македонија одиграла посебно значајна улога за трансмисија на влијанијата од Исток кон Запад и била една од териториите на чија почва долго се задржале старите источно - хеленистички традиции во архитектурата и уметноста воопшто.

На територијата на Македонија биле основани повеќе тврдини - градови во раниот византиски период или обновени антички градови, чиј живот продолжил во раниот византиски период. Откриени и проучени се повеќе ранохристијански архитектонски комплекси со профани и сакрални градби, ранохристијански некрополи, а и повеќе остатоци од архитектонска декоративна пластика, како и неколку наоди на монети од овој период. Заедно со големите површини од мозаични подови и фреско-живописот од ова време, тие претставуваат посебен придонес за запознавање на материјалната и духовната култура на овој компликуван период, како и за развојот, животот, цутењето и пропаѓањето на самите градови.

Охрид и регионот околу Охридското Езеро[уреди | уреди извор]

Еден од мошне значајните центри во раниот христијански период во Македонија е стариот град Лихнид денешен Охрид, познато старо епископско седиште со многубројни црковни градби откриени последниве години во самиот град и неговата блиска околина.

Поликонхалната црква, Охрид[уреди | уреди извор]

Оваа црква има четири конхален наос, потоа нартекс, атриум, странични анекси, катихуменион и крстилница. Црквата претставува монументален објект со необично комплицирано архитектонско решение. Четирите страни на централниот кораб минуваат во апсидни простории. Периметралниот ѕид на црквата формира полукружни коридори околу централниот простор, следејќи ги внатрешните конхи. Крстилницата е тролисна, со писцина во вид на крст. Во презвитериумот е откриена крипта. Подот на црквата бил решен со мозаик, од кој значителен дел е зачуван во наосот со геометриски, растителни и животински претстави.

Студенчишта[уреди | уреди извор]

На два килотери од стариот Лихнид се наоѓа трикорабна базилика. Објектот има двоен атриум, потоа нартекс од кој се влегува во трикорабниот наос. На северниот дел од нартексот е анекс со апсида на источната страна. На јужната страна од нартексот се сместени катехуменионот и крстилницата со кружна писцина. Централниот кораб, нартексот и катехуменионот имаат подови изведени во мозаик со геометриски, растителни и животински мотиви. Во олтарот на катехуменионот е изведена евхаристична сцена, кантарос од бршлен со по еден паун од страна. Подовите на бочните кораби, на северниот анекс и кртилницата се изведени со тули. Објектот се датира при крајот на 5 и почетокот на 6 век.

Свети Еразмо[уреди | уреди извор]

На пет километри еверозападно од Охрид, близу до пештерската црква од 13 век, е откриена трикорабна ранохристијанска базилика посветена на маченикот Еразмо од Антиохија, кој при крајот на 3 век престојувал во охридскиот крај. Култот спрема маченикот Еразмо е зачуван долго во традицијата на охридскиот регион. Црквата има отворен атриум со портик, нартекс и трикорабен наос. Во апсидниот простор е откриена крипта и се зачувани остатоците од олтарната преграда. Северно од нартексот е четвртест анекс, а јужно катехуменион и баптитериум со овална писцина и скалила од обете страни. Централниот брод и нартексот имаат мозаични подови со животински, флорални и геометриски орнаменти. Објектот датира од 5-6 век.

Радолишта[уреди | уреди извор]

На еден километар западно од Струга, близу до селото Радолишта, на северниот брег на Охридското Езеро, е откриена ранохритијанска базилика. Црквата е трикорабна со нартекс о анекси еверно и јужно од објектот. Подовите во наосот и нартексот се изведени во мозаик со геометрики, растителни и зооморхни слики. Датира од 5-6 век.

Октиси[уреди | уреди извор]

Кај селото Октиси, северно од Струга, е откриена крстилница со квадратна форма и кружна писцина. Истражувањата покажаа дека се работи за трикорабна базилика со нартекс. Во нартексот биле откриени остатоци од мозаичен под со преттава на кантаро со јагниња отстрана. Објектот датира од 5-6 век.

Дебој[уреди | уреди извор]

На месноста Дебој, во Охрид, при изградба на училиште, е откриена ранохристијанска трикорабна базилика со ѕидови зачувана зачувани во негатив, бидејќи камен од нив бил искористен за подоцнежни градби. Наоот и нартексот на објектот имале подови изведени во мозаик со геометриски растителни и животински преттави. Објектот датира од 5-6 век.

Битолскиот регион[уреди | уреди извор]

Суводол[уреди | уреди извор]

Во селото Суводол, 20 км источно од Битола е откриенаа ранохристијанска базилика. Црквата е трикорабна со нартекс и ексонартекс. Ссеверно и јужно од нартексот е правоаголни простории-жртвеници. Северно од базиликата се компартименти и крстилница со крстообразна писцина. Централниот кораб бил поплочен со камени плочи, додека презвитериумот има посебен аранжман на мозаик со бордура, геометриски и зооморфни претстави. Објектот е датиран во 6 век.

Раменска тумба[уреди | уреди извор]

На патот Битола - Охрид, во Царско Поле, е откриена трикорабна базилика со полукружна апида и нартекс и анекси од северната и јужната страна. Подовите во наосот и компартиментите се изведени од тули.

Суви Ливади[уреди | уреди извор]

На патот Битола - Охрид е откриена трикорабна ранохристијанска базилика сместена точно на стариот антички пат Вија Егнација. Базиликата е трикорабна, со полукружна апсида и нартекс со бочни простории северно и јужно од нартексот. Подот во базиликата е решен со мозаик.

Прилепски регион[уреди | уреди извор]

Во Прилеп и неговата најблиска околина се наоѓаат остатоци од повеќе ранохристијански базикални градби. Меѓутоа, тие не се истражени, ниту откриени. Базилики се констатирани во Трескавец, Зрзе, а делумно и во Дебреште и Браилово.

Дебраште[уреди | уреди извор]

Десно од влезот во стариот антички град е откриени остатоци од една ранохристијанска трикорабна базилика со полукружна апсида и крстилница од северната страна. Во олтарниот простор е откриена крипта изградена од камени плочи.

Во Прилепско познати се остатоци од ранохристијански базилики во Варош под црквата Св.Богородица Пречиста со остатоци од архитектонка пластика, во Небрегово разнесена е тробродна базилика со нартекс, во Зрзе остатоци од една апсида кај црквата Преображдение и остатоци на месноста Латинска црква и во Трескавец остатоци од сполии вградени во подоцнежната црква, што припаѓаат на еден ранохристијански објект. Во Троекрсти има еден претставителен ран капител од 5 век кој припаѓал на ранохристијански објект.

Кичевски регион[уреди | уреди извор]

Миокази[уреди | уреди извор]

Кај селото Миокази, е откриена трикорабна базилика со големи димензии. Сè уште не е детално испитана.

Регионот околу Демир - Капија[уреди | уреди извор]

Демир Капија е најдолгата клисура на Вардар, помеѓу котлината на Тиквеш и соседната област на Валандово. На Табула Пеутенгеријана, главниот пат којшто води од Дунав за Егејско Море, по долината на Вардар се наоѓаат градовите Скупи, Стоби, Антигониа, Стена, Идомениа.

Кај денешна Демир-Капија, Вулик до лоцира градот Стена. Самото име означува клисура и се задржува и во средниот век под името Просек. Тускиот назив Демир-Капија, има исто значење и значи Железна Врата. На секторот Црквиште е откриена трикорабна ранохристијанска базилика со полукружна апсида, нартекс и ексонартекс изградена над една доцно античка некропола. Северно од објектот е два компартимента, а северно и јужно од нартексот по една просторија - ѓаконик и жртвеник. Централниот брод имал мозаичен под, кој е растурен со дополнителни вкопувања. Во словенскиот период црквата е сведена само на централниот кораб, а страничните кораби служеле за закопувања. Базиликата е од средината на 5 и 6 век. Словенските гробови се од 9-10 и 12-14 век.

Кавадаречко[уреди | уреди извор]

Крњево[уреди | уреди извор]

Во селото Крњево крај реката Бошавица, откриена е трикорабна ранохристијанска базилика со полукружна апсида, нартекс и ексонартекс на култното место Св.Атанасие. Корабите биле одделени со колони. Зачуван е канцелот од олтарната преграда, која имала мермерни парапетни плочи. Подот во презвитериумот бил изведен од тули со врежани орнаменти. Објектот до датираме во 5-6 век.

Регионот околу градот Штип и текот на реката Брегалница[уреди | уреди извор]

Областите источно од Вардар во средновековната историја одиграле посебно значење. Според соопштениeто на Хиерокла, во провинцијата Македонија Втора Салутарис, во областите иточно од Вардар, се наоѓале градовите Баргала, Келенидин, Армонија и Запара.

Баргала[уреди | уреди извор]

Градот Баргала, се споменува и во актите на Халкидонскиот собор од 415 година. Името на градот се споменува и на еден натпис од 371 година, кој претставува спомен плоча за подигање градската порта. Плочата е најдена во месноста Ханче, на левиот брег на реката Брегалница, во атарот на с.Карбинци. Овој поменик даваа податоци каде се наоѓал античкиот град Баргала, како и за проблемите на границата на Македонија спрема Тракија и Дакија. Името на градот е од тракиско потекло.

Старата античка населба со градски карактер со името Баргала, се наоѓала кај Долни Козјак. Овој град, при крајот на 4 век, а можеби и порано бил разурнат. Жителите подигнале нов грд крај козјачка река кај Горни Козјак, што е потврдено со археолошки наоди. Овој град станал епископско седиште во 5-6 век. Епикопскиот град Баргала е разорен од аваро-аловенските напади, но брзо потоа бил населен. Црковната традиција на старото епископско седиште продолжило во словенскиот период на овој простор.

Горни Козјак[уреди | уреди извор]

Во село Горни Козјак кај Штип, северно од козјачка река, се наоѓа раносредновековен град-тврдинаа, 280 метри долг и 150-185 метри широк. Градот претставува тврдина окружена со високи ѕидови и кули со монументални влезови и порти. Тврдината на градот со видливите остатоци од ѕидовите формира издолжен правоаголен простор крај самата река. Ѕидовите, видливи од сите четири страни, широки 2.20 метри изградени се од кршен камен поврзан со малтер. На сите четири страни се наоѓаат четвртести кули на кои ѕидовите се дебели 1-1.25 метри. Другите кули се поставени во интервали од северната и од јужната страна на тврдината. На евероисточниот агол и западниот дел на тврдината се констатирани остатоци од земјен насип долг 20 м.

Во северозападниот дел на градот, откриен е комплексот на Епикопската базилика. Базиликата е трикорабна со полукружна апсида со нартекс и ексонартекс. Западната фасада претставува тричлена аркада одделена со две колони. Нак колоните се наоѓале јонски каапители и посебни импости со крстови. Едниот од двата капитела има натпис - "Христе помогни му на твојот роб, епикопот Еремија". Натписот бил поставен на фасадата од црквата, може да се заклучи дека Еремија бил основачот на базиликата.

Две низи од седум колони го делат централниот кораб од сстраничните. Интерколумните биле затворени со парапетни плочи орнаментирани со кртови. Со истражувањата се констатирани две фази на градење во презвитериумот и се откриени два пода што биле изработени од мермерни плочи во опус сектиле.

Подовите во наосот, нартексот, ексонартексот и јужниот кораб се од правоаголни камени плочи, а северниот брод е постелен со крупен мозаик ссо геометриски и флорални орнаменти.

Северно од црквата, по целата нејзина должина, биле изградени крстилници. Откриени е две писцини. Постарата, изградена истовремено кога е подигната црквата, во редината на 5 век, и другата поголема и пораскошна при обновувањето на црквата, по 518 година, кога е разрушена и запалена. Двете фази на градење на презвитериумот во целост одговараат на двете подигнати писцини.

Јужно од црквата е еднокорабна помала базилика со добро зачуван канцел од олтарната преграда. Овој простор по рушењето на црквата е употребуван како живеалиште.

Во еверозападниот агол крај базиликата е откриена цистерна, со довод на вода, со двојни ѕидови и релјефни украси, како персонификација на водата. Крај цистерната е Епископската резиденција, која претставува голема ала о апсида од северната страна, а кон резиденцијата простории за живеење, простории за храна со голем трем и колонада.

Надвор од ѕидовите на градот, од западната страна, се наоѓаат отатоци од една базилика, а такви отатоци се наоѓаат и на источниот дел од градот. При истражувањето е откриена богата архитектонка декоративна пластика од амвонот и од презвитериумот, како и од главните колонади претежно од мермер и дацит.

Епископската базилика , била разурната и оштетена во земјотрессот од 518 година, кога и самиот град бил бил тешко оштетен. Црквата, и градот биле обновени. Целосното уништување на Епископската базилика и на целиот анамбл околу неа, станало при крајот на 6 век, кога и самиот град бил разорен и запален при варварски и словенски инвазии.

Крупиште[уреди | уреди извор]

Со археолошките истражувања во Крупиште, на просторот каде што е денес расположено селото, и неговата околина, биле откриени повеќе градежни објекти од едеа голема богато лукузно градена населба од доцноантичкиот и раниот христијански период со досега откриени три црковни градби. Населбата кај Крупиште е расположена близу до Злетовска Река, од каде се двоел патот кон север. На околните брегови Голем и Мал Цапар се пронајдени остатоци од утврдувања, поради што оваа населба добива од своето значење како стратегиско, воено, трговско и културно средиште, па поради тоа може да се смета дека тука се наоѓал стариот град Астибо.

Базиликата под црквата Св.Никола[уреди | уреди извор]

Северно од реката Брегалница, десно покрај самиот пат под темелите на црквата Св.Никола од 1625/6, откриени се остатоци од една трикорабна ранохристијанска базилика, која има нартекс, а над чиј централен кораб е изградена црквата Св.Никола. Базиликата е подигната над една доцноримска некропола, чии гробови се наѕираат во профилите, а од чии надгробни споменици три фрагменти се вградени во јужната фаада на црквата Св.Никола, а еден саркофаг е искоритен како корито на чешмата.

Многубројните остатоци од архитектонска пластика - капители, колони, фрагмент од канцелот упатуваат дека е работи за стандарден тип базиликална градба од 5-6 век, толку распростанет во овие области.

Базилика на месноста Кале[уреди | уреди извор]

На западниот крај од селото, има остатоци од една сакрална градба. Со истражувања е откриен североисточниот дел на базиликата што е трикорабна, со впишан крст. Апсидата однатре е полукружна, однадвор тространа, на западната страна има нартекс. Објектот има две фази на градење, а припаѓа кон типот базилики од 5-6 век, градени под влијание на сириската архитектура. Откриените остатоци од архитектонска декоративна пластика, начинот на градење со редови тули и редови камења во алтернација, зборува за еден мошне луксузен објект.

Кружна градба на месноста Клетовник[уреди | уреди извор]

На месноста - брег Клетовник, на зарамнето плато што се наоѓа западно од кКрупиште, е откриена кружна градба со 12.5 метри ширина, со влез од западната страна, ориентирана исток-запад. Градбата била градена од големи мермерни блокови втопени во хоросан, но разнесени при копање ровови за војва. Судејќи според оскудните наоди, се работи за сакрален објект, кој можеби е изграден врз постар антички објект.

Мородвизд[уреди | уреди извор]

Во селото Мородвизд - Кочанско, се откриени источните делови на една ранохристијанска базилика со трикорабна диспозиција. Централната апсида завршува полукружно како и страничните кораби. Црквата има две фази на градење со делумно зачувани синтронос и епископска катедра во централната апсида. Внатре во оваа претставителна базилика е откриена еднокорабна црква од раниот словенски период. Од базиликата е најдена богата архитектурна декоративна пластика карактеристична за 5-6 век.

Црква во Жиганци[уреди | уреди извор]

Во оризовите полиња крај Злетовска Река, во селото Жиганци се наоѓаат остатоци од една крстообразна црква, која е датира во 14 век. Остатоците од црковната градба не се проучени, но таа лежи на еден постар објект. Во долните делови на црквата, вградени е мермерни меноа од некој постар објект.

Македонска Каменица[уреди | уреди извор]

На четири километри од Македонска Каменица, на утоката на реката Каменица во Брегалница, се наоѓа ридот Калата о остатоци од доцноантички град.

Ридот Калата е заштитен од три страни со стрми падини и со длабоко всечени корита на двете реки. На врв на ридот се наоѓа зарамнето плато и пристап до него постоел само од северната страна. Таа страна е пресечена со одбранбен ров издлабен во карпа, а од обете трани околу ровот е изграден по еден ѕид. Одбранбените ѕидови водат околу работ на целото плато и затвораат неправилна повшина од 345 на 80 метри. Се распознаваат контури на три градски порти. на висорамнинката се распознаваат остатоци од поголем број градби.

На југоиточното подножје на оваа тврдина се наоѓа големо подградие, заштитено со голем свиок на реката.

Базилика, Бегов даб[уреди | уреди извор]

На околу 400м западно од составит на двете реки, во тесната клисура на Брегалница, на десниот брег е мало плато на кое се откриени остатоци од една трикорабна базилика со трансепт. Широката апсифа е вовлечена внатре со зачуван синтроно и епикопска катедра. Олтарната преграда минува по широчината на целиот централен кораб. Нартексот и бочните кораби се поплочени со тули, додека во централниот кораб, презвитериумот, ѓаконикот и жртвеникот има отатоци од под во хоросан. Северно од базиликата е еден правоаголен анекс, подоцна дограден. Објектот, датира во 5-6 век, по стилот на градбата и по целата концепција на изведбата бил подигнат под сиријско влијание, што е одликува со квадратна композиција на црквата.

Струмички регион[уреди | уреди извор]

Базилика "15 Тивериополски маченици"[уреди | уреди извор]

Со истражувањата било утврдено дека горната крстообразна црква лежи врз една стара трикорабна базилика од ранохристијанскиот период. Архитектонскиот план на оваа базилика не е целосно познат. Од црквата е откриени северниот стилобат и олтарната апсида. Ранохристијанската базилика и централната гробница, според мислењето на истражувачите не биле непосреедно врзани со култот на 15 Тивериополски маченици, бидејќи култот на овие маченици бил пренесен од малоазискиот град Тивриопол во Македонија, односно Струмица, преку малоазиските доселеници од 7 до почетокот на 9 век.

Нов Дојран и околината[уреди | уреди извор]

Трикорабна базилика[уреди | уреди извор]

Со археолошките ископувања во Нов Дојран, северно од главната улица, откриени се остатоци од трикорабна ранохристијанска базилика, која се наоѓа во четири дворни места. Базиликата има полукружна апсида, нарткс и ексонартекс. Откриениот под во презвитериумот е од мермерни плочи во опус сектиле. Црквата имала и крстилница од која е зачувана една мермерна фијала. Богатата архитектонска пластика е изработена од бел мермер. Датира од 5-6 век.

Еднокоранбна базилика[уреди | уреди извор]

На западниот крај од населбата во училишниот двор е откриена еднокорабна црква со нартекс, која може да датира во 5-6 век.

Село Николич[уреди | уреди извор]

На самата гранична меѓа, во селото Николич, се наоѓаат во урнатини две ранохристијанки трикорабни базилики со нартекс и ексонартекс. Архитектонската декоративна пластика во градбите е исклучиво во мермер. Објектите, секако, можат да се датираат од 5-6 век.

Коњух[уреди | уреди извор]

Источно од Куманово, во селото Коњух, во наоѓалиштето Големо Градиште, се наоѓаат остатоци од една античка населба каде што животот континуирано траел од 3 до 14 век. Откриена е една црковна градба о централно решениее. Црквата однадвор има форма на неправилен правоаголник, а однатре е кружна со ходник во форма на потковица. На источната страна се наоѓа апсида, а по се изгледа дека црквата имала купола. Во апсидата е чувана епикопската катедра. Поебно е истакнува добро украсениот амвон. Се претполага дека црквата е изградена над гробот на некој маченик, а планот на цркваата одговара на мартириум. Објектот не е доистражен, а се претпоставува дека датира во 6 век.

Орман - Скопје[уреди | уреди извор]

Во селото Орман непоредно крај Скопје со археолошките итражувања е откриена една ранохристијанска базилика, која е еднокорабна о трансепт и ѓаконик и жртвеници од западната страна, кои на источниот дел завршуваат со апсиди. Објектот е изграден во ареалот на градот Скупи. Начинот на градење со големи делкани блокови и планот на црквата упатуваат на сириски примери. датира од 5-6 век.