Мастило

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Составот на мастилото за печатење мора да се адаптира на дадената техника на печатење со цел да се добие бараниот квалитет. Кои се главните карактеристики кои едно мастило мора да ги поседува? -мастилото мора да обојува -мастилото мора да биде во течна форма за да може да се пренесе од единицата за мастило до делот за печатење и потоа на подлогата -мастилото мора многу брзо да се суши на површината за печатење -мастилото мора трајно да се врзе за хартијата

Други дополнителни компоненти кои треба да ги има во составот на мастилата: -обојувачи (пигменти) -лак -помошни адитиви

Обојувачи - пигменти Обојувачи-пигменти се оние компоненти на мастилото кои имаат улога на агенси за боење. Кај современите мастила, обојувачите по правило се состојат од синтетички произведени пигменти.

Лак Лакот се додава за да му даде на мастилото три особини: -да биде течно -да се суши брзо по нанесување на подлогата за печатење -да се врзе трајно за подлогата

Помошни адитиви Најважните помошни адитиви се восоците кои го чинат мастилото посјајно по сушењето.

Видови на мастила:


1.- Термохроматски мастила

2.- Реактивни мастила

3.- Фотохроматски мастила

4.- УВ реактивни мастила

5.- Видливи флуросцентни мастила

6.- Оптичко варијабилни мастила

7.- Метамерички мастила

Надворешни врски[уреди]