Разлика помеѓу преработките на „Уметност“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Додадени 1.933 бајти ,  пред 2 години
с (Робот: Автоматизирана замена на текст (-Философија +Филозофија))
 
Зборувајќи за потеклото и значењето на уметноста, полскиот писател и филозоф [[Бруно Шулц]] вели дека уште во детството човекот доаѓа до одредени слики кои понатаму имаат судбоносно влијание, бидејќи во него создаваат содржини кои се предодредени и ја претставуваат програмата на духот. Овие рани слики на уметниците им ги одредуваат границите на нивното творештво, коешто претставува само [[дедукција]] од готови претпоставки. Подоцна, уметниците не откриваат ништо ново, туку само постојано го коментираат тој почетен [[стих]] што им е зададен. На тој начин, уметноста не ја открива тајната до крај. Оттука, рационализацијата на уметничкото дело е крај на забавата, осиромашување на проблематиката на делото, зашто уметноста не е крстозборка со скриен клуч кој би можела да го разреши филозофијата. Во уметничкото дело не е пресечена врската на човекот со целоста на неговата проблематика. Притоа, уметноста оперира во пред[[морал]]ната длабочина, во точката каде што вредноста е допрва во состојба на зародиш. Уметноста како спонтан исказ на животот и поставува задачи на [[етика]]та – а не обратно. Целта на уметноста не е само да го потврди она што донекаде веќе е воспоставено, зашто тогаш таа би била непотребна. Нејзината улога е да биде сонда спуштена во ненареченото, а уметникот е апарат кој ги регистрира процесите во длабочината, каде што се создава вредноста.<ref>„Писмо до Стањислав Игнаци Виткјевич“, во: Бруно Шулц, ''Митизација на реалноста''. Скопје: Бегемот, 2015, стр. 118-125.</ref>
 
Во својот есеј „Желба“ од септември 1944 година, италијанскиот писател [[Еуџенио Монтале]] вели дека уметноста треба да им служи на оние [[морал]]ни и материјални, економски и [[Етика|етички]] сили кои на крајот од [[Европа]] ќе создадат федерална заедница на слободни [[Држава|држави]]. Притоа, тој нагласува дека под „служи“ не мисли на потчинување, туку дека уметноста треба да стане корисна, зашто уметноста и науката, иако на прв поглед различни, на крајот се разрешуваат во едне заеднички формален, ритмички и стилистички принцип, иако е тешко теориски да се каже како се остварува тој принцип. Според него, постои уметност што се раѓа со топлината и непосредноста на документите, а дури подоцна, потомците успеваат да ја рафинираат и да го фатат нејзиниот ''стил''. Но, постои и уметност што се раѓа запечатена, балсамирана и совршена, во која дури по многу години можеме да го познаеме човечкиот лик. Уметноста вреди онолку колку што во неа и низ неа се изразува онаа сила во нас што е поголема од нас самите.<ref>Euđenio Montale, ''Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi''. Beograd: Rad, 1979, стр. 81.</ref>
 
Во својот [[роман]] „[[Портрет на уметникот во младоста]]“, ирскиот писател [[Џејмс Џојс]] ја дефинира уметноста како обид да се разбере природата на нештата и, разбирајќи ја, обид за полека, скромно и постојано изразување на сликата на убавината што сме успеале да ја разбереме. Според него, уметноста ја претставува човековата моќ да ги вообличи [[материја]]та и [[дух]]от за една естетска цел.<ref>Džems Džojs, ''Portret umetnika u mladosti''. Beograd: Rad, 1964, стр. 215-216.</ref> Понатаму, тој ја дели уметноста на три облици што произлегуваат еден од друг: [[Лирика|лирски]] облик во кој уметникот ја дава својата слика во непосреден однос кон себеси; [[Епика|епски]] облик во кој ја дава својата слика во посреден однос кон себеси и кон другите; и [[Драмска уметност|драмски]] облик во кој ја дава својата слика во непосреден однос кон другите. Притоа, лирскиот облик е наједноставен вербален израз на еден момент на емоцијата при што во тој момент уметникот е посвесен за емоцијата отколку за себе. Од лирскиот овлик произлегува епскиот облик на тој начин што уметникот размислува за себе како за центарот на еден епски настан и овој облик се развива додека центарот на емоционалната тежа не биде на еднаква оддалеченост од самиот уметник и од другите. Драмскиот облик се достигнува кога животната сила ја исполнува личноста толку многу што таа поприма посебен и недофатлив естетски живот. Тогаш, личноста на уметникот престанува да постои и станува безлична. Естестката претстава во драмскиот облик е животот пречистен во човечката фантазија повторно проектиран од неа. Тогаш, уметникот, како [[Бог]]а, останува во своето дело или покрај или зад или над него, невидлив и облагороден толку многу што повеќе не постои.<ref>Džems Džojs, ''Portret umetnika u mladosti''. Beograd: Rad, 1964, стр. 223-224.</ref>

Прегледник