Википедија:Избрана снимка/2017/мај

Од Википедија — слободната енциклопедија
2009: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2010: VI
2016: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2017: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2018: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2019: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII

Избрана снимка е онаа содржина која корисниците на Ризницата ја сметаат за најквалитетна согласно правилата за избрани слики и снимки на Ризницата. Овие содржини се прикажуваат на Главната страница.

Доколку викизаедницата која создава на и ја користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница за одреден ден да биде избрана содржина која е од посебно значење за неа поведува постапка согласно правилата за избор на снимка, т.е. содржината мора да биде изгласана за квалитет, содржината мора да има регулирани авторски права.

Предлагачот на снимката потребно е на страницата за разговор да предложи и предлог кој ќе оди на главната страница и истиот да биде ставен на увид при гласањето. Текстот кој ќе го предложи во описот под содржината исто така оди на главната страница, и ја опишува содржината или нејзините посебности.

Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас за, воздржан или против, како и свое мислење преку коментар, користејќи ги за сето ова соодветните предлошки: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} и {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува 6 часа пред почетокот на денот на објавувањето.

Избрана содржина е содржината која на Ризницата била избрана за снимка на денот освен ако викизаедницата која создава на и ја користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на Главната страница треба да биде избрана содржина која е од посебно значење тогаш за избрана се смета:

  • содржината која добила најмногу гласови {{за}};
  • доколку повеќе предложени содржини добиле ист број гласови {{за}}, содржини која има добиено помалку гласови {{против}};
  • доколку повеќе предложени содржини добиле ист број гласови {{за}} и {{против}}, содржини која има добиено помалку гласови {{воздржан}};
  • доколку повеќе предложени содржини добиле ист број гласови {{за}}, {{против}} и {{воздржан}}, или доколку никој не гласал, содржини која е избрана на Ризницата.

Избраната содржини се поставува на Главната страница. Архива на избрани снимки прикажани на Главната страница во текот на месец мај 2017 година.


1 мај 2017 2 мај 2017

Млад грбав кит (Megaptera novaeangliae) како се огласува во вода кај островите Вавау, Тонга.

Европски еж (Erinaceus europaeus)
3 мај 2017 4 мај 2017

Оргули „Еолијан-Скинер“ во црквата „Св. Јован Богослов“ во Њујорк.

Изработка на тантела во Идрија, Словенија.
5 мај 2017 6 мај 2017

Водна девица од видот Ischnura nursei.

Снимка од подводна роботска камера за истражување на морското дно на бродот „Океанос експлорер“ во Мексиканскиот Залив.
7 мај 2017 8 мај 2017

Двајца параглајдеристи од падините кај Ле Гран Борнан, Француски Алпи.

Ученици од Индија и Непал.
9 мај 2017 10 мај 2017

Гризли (Ursus arctos horribilis, мајка и дете) како ловат лососи во река во Алјаска.

Медоносна пчела (Apis mellifera) во Токио.
11 мај 2017 12 мај 2017

Водоскоци пред хотел-казиното „Белаџо“ во Лас Вегас.

Фестивал на храната „Џема ел-Фина“ во Ротердам, Холандија.
13 мај 2017 14 мај 2017

Лулу (1923) — италијански нем краткометражен филм изработен во техниката стоп-анимација. Автор е шпанскиот режисер Сегундо де Шомон.

Планинска горила (Gorilla beringei beringei) како се качува на дрво во Националниот парк „Вулкани“, Руанда.
15 мај 2017 16 мај 2017

Средиштето на Палацкиевиот мост на В’лтава во Прага.

Мала водна девица (Ischnura pumilio, женка) во Хесен, Германија.
17 мај 2017 18 мај 2017

Испалување на вселенското летало „Сигнус“ од базата „Кејп Канаверал“ со залихи за Меѓународната вселенска станица на 18 април 2017 г.

Два ловца „Боинг F/A-18E/F Супер хорнет“ како изведуваат маневри над Иво Џима, Јапонија
19 мај 2017 20 мај 2017

Гротескниот лизгач (1896) — краток нем австралиски филм со лизгач на ролшуи со брада и пура пред гледачи во парк. Се смета за најстариот преживеан австраилиски филм.

Две жени во Непал како изработуват ткаенина „дака“ на разбој.
21 мај 2017 22 мај 2017

Карл Фридрих Абел (1723 - 1787) – Соната во ге-дур, WKO155 за виола да гамба. Изведувач: Филип В. Серна.

Воздушна снимка на градот Дејна Поинт, Калифорнија, САД.
23 мај 2017 24 мај 2017

Дестилеријата за виски „Лафројг“ во истоименото место на островот Ајла, Внатрешни Хебриди, Шкотска.

Молец од видот Utetheisa lotrix во Рас ел-Хајма, ОАЕ.
25 мај 2017 26 мај 2017

Велосипедисти во Хајд-парк, Лондон. Филм на Роберт В. Пол, 1896 г.

Зелен клукајдрвец (Picus viridis) како храни младо. Словачка, 2015 г.
27 мај 2017 28 мај 2017

Развој на авионите „Фокер“ (анимација).

Колибри околу птицопој во Костарика.
29 мај 2017 30 мај 2017

Прелет над долината кај Шамони, Мон Блан со летечко одело.

Рага Тиланга (1937) — првата снимена изведба на истакнатиот индиски класичен музичар Рави Шанкар (1920 - 2012).
31 мај 2017

Мала надгробна плоча — краток анимиран филм од 2011 г.

Намена[уреди извор]

  • Избрана снимка на главната страница за месец мај 2017 година.
  • thumb=yes — прикажува снимка во рамка
  • title=yes — приказ на насловот (само ако се користи thumb=yes)
  • caption=no — не прикажувај опис
  • float=left/right — за поставање на снимката лево или десно (по основно = left)
  • day — датум за кој се бара снимката на денот