Прејди на содржината

Колибри

Од Википедија — слободната енциклопедија
Колибри (Trochilidae)
Четири вида колибри
од Тринидад и Тобаго
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Чиопи
Семејство: Trochilidae
Вид: Колибри

Колибри (науч. Trochilidae) — семејство птици кои се блиски со сродните вистинските чиопи (Apodidae) и на чубастите чиопи (Hemiprocinidae), сите заедно влегуваат во заеднички ред на чиопите (Apodifoemes). Одредени автори ги издојуваат колибрите во сопствен ред. Семејството на колибрите има повеќе од 100 родови и околу 330-340 видови.

Изглед и градба на телото

[уреди | уреди извор]

Колибрите се многу мали птици. Најмалите колибри кои истовремено се најмал вид на птици воопшто, Mellisuga helenae, заедно со клунот и пердувите на опашката се долги само 6 cm. Најголем вид е Patagona gigas, а големи се околу 25 cm. Поголемиот број колибри имаат шарени пердуви, по правило со метален сјај.

Особености

[уреди | уреди извор]
Колибри

Колибрите имаат многу голема честота на замавнување со крилјата, дури до 80 замавнувања во секунда. Тоа им овозможува лет на страна и на назад,[1] а может да лебдат во воздухот во едно место. Уште една особина на колибрите е што имаат осум пара ребра, другите птици имаат по шест. Срцето им работи од 400 до 500 удари во минута, дури и кога одмараат, а највисокиот отчукај на срцето е измерен на 1260 удари во минута. Бројот на вдишувања во минтуа им е 250. Додека спијат, драстично им се смалува честотата на удари на срцето.

  1. Altshuler, D. L.; Dudley, R (2002). „The ecological and evolutionary interface of hummingbird flight physiology“. The Journal of Experimental Biology. 205 (Pt 16): 2325–36. PMID 12124359.