Википедија:Избрана снимка/2019/април

Од Википедија — слободната енциклопедија
2009: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2010: VI
2016: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2017: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2018: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2019: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII

Избрана снимка е онаа содржина која корисниците на Ризницата ја сметаат за најквалитетна согласно правилата за избрани слики и снимки на Ризницата. Овие содржини се прикажуваат на Главната страница.

Доколку викизаедницата која создава на и ја користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница за одреден ден да биде избрана содржина која е од посебно значење за неа поведува постапка согласно правилата за избор на снимка, т.е. содржината мора да биде изгласана за квалитет, содржината мора да има регулирани авторски права.

Предлагачот на снимката потребно е на страницата за разговор да предложи и предлог кој ќе оди на главната страница и истиот да биде ставен на увид при гласањето. Текстот кој ќе го предложи во описот под содржината исто така оди на главната страница, и ја опишува содржината или нејзините посебности.

Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас за, воздржан или против, како и свое мислење преку коментар, користејќи ги за сето ова соодветните предлошки: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} и {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува 6 часа пред почетокот на денот на објавувањето.

Избрана содржина е содржината која на Ризницата била избрана за снимка на денот освен ако викизаедницата која создава на и ја користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на Главната страница треба да биде избрана содржина која е од посебно значење тогаш за избрана се смета:

  • содржината која добила најмногу гласови {{за}};
  • доколку повеќе предложени содржини добиле ист број гласови {{за}}, содржини која има добиено помалку гласови {{против}};
  • доколку повеќе предложени содржини добиле ист број гласови {{за}} и {{против}}, содржини која има добиено помалку гласови {{воздржан}};
  • доколку повеќе предложени содржини добиле ист број гласови {{за}}, {{против}} и {{воздржан}}, или доколку никој не гласал, содржини која е избрана на Ризницата.

Избраната содржини се поставува на Главната страница. Архива на избрани снимки прикажани на Главната страница во текот на месец април 2019 година.


1 април 2019 2 април 2019

Традиционален пазар на сирења во Гауда, Јужна Холандија.

Како се пегла фустан.
3 април 2019 4 април 2019

Конгоанска народна песна на јазикот лингала. Снимка од Париската колонијална изложба, 1931 г.

Филипински патролни чамци како стражарат околу австралискиот носач-истоварувач „Аделаида“ во јужното пристаниште на Манила.
5 април 2019 6 април 2019

Проплакало Петреепска народна песна од с. Тополчани, Прилепско на прилепско-битолскиот дијалект.

Затемнувањето на Месечината во јули 2018 г. гледано од Екатеринбург, Русија.
7 април 2019 8 април 2019

Црвеноушеста желка (Trachemys scripta elegans) како плива во езерце. Саратога, Калифорнија, САД.

Струјно коло со силоосетлив отпорник и светлечки диоди.
9 април 2019 10 април 2019

Чота Дара — еден од најтешките превои на Хималаите.

Луѓе како се забавуваат во водоскоците на плоштадот „Македонија“ во Скопје, 2015 г.
11 април 2019 12 април 2019

Забрзана снимка на из’ртување на леќа во текот на 5 деноноќија.

Насредин Оџа надитрен од деца за магарето — говор на човек од с. Бродец на месниот скопскоцрногорски дијалект.
13 април 2019 14 април 2019

Настанок на една црна дупка од супернова.

Капелата „Св. Архангел Михаил“ на планината Михелсберг од венецот Ајфел, Германија.
15 април 2019 16 април 2019

Поглед на Охрид од Самуиловата тврдина, 2015 г.

Силна егзотермна реакција при согорување на етанол. Опит изведен на Институтот за хемија во ПМФ, Скопје.
17 април 2019 18 април 2019

Скијачко трчање на швајцарското првенство во 2011 г.

Некогашни погони на ЗиЛ од Обиколната линија на градската железница во Москва
19 април 2019 20 април 2019

Отворање на еден сончоглед (забрзана снимка).

Гимнопедија бр. 1 (1888) — композиција за пијано, дело на Ерик Сати.
21 април 2019 22 април 2019

Лавиното езеро Халемаумау на островот Килауеја, Хаваи во декември 2016 г.

Реконструкција по повод 300-годишнината од Битката кај Полтава. Петропавловска тврдина, Санкт Петербург, 2009 г.
23 април 2019 24 април 2019

Показна снимка од Рим за четворни ултрависокоразделни (QFHD) екрани.

Документарец за Википедија на тамилски јазик.
25 април 2019 26 април 2019

Старински воз на стрмнина во Горна Франконија, Германија.

3Д-анимација на поворка по повод празникот Страстна Седмица во Кадис, Андалусија, Шпанија.
27 април 2019 28 април 2019

Водоскок од Морис Равел во изведба на Марта Аргерич, 1962 г.

Опит кој го покажува Валтенхофеновото правило за вртложните струи во магнетното поле. Изведено на Институтот за физика, ПМФ, Скопје.
29 април 2019 30 април 2019

Велосипедизам во Пашки Козјак, Словенија.

Комодски варан (Varanus komodoensis) на островот Комодо, Индонезија.

Намена[уреди извор]

  • Избрана снимка на главната страница за месец април 2019 година.
  • thumb=yes — прикажува снимка во рамка
  • title=yes — приказ на насловот (само ако се користи thumb=yes)
  • caption=no — не прикажувај опис
  • float=left/right — за поставање на снимката лево или десно (по основно = left)
  • day — датум за кој се бара снимката на денот