Википедија:Избрана снимка/2019/август

Од Википедија — слободната енциклопедија
2009: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2010: VI
2016: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2017: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2018: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2019: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII

Избрана снимка е онаа содржина која корисниците на Ризницата ја сметаат за најквалитетна согласно правилата за избрани слики и снимки на Ризницата. Овие содржини се прикажуваат на Главната страница.

Доколку викизаедницата која создава на и ја користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница за одреден ден да биде избрана содржина која е од посебно значење за неа поведува постапка согласно правилата за избор на снимка, т.е. содржината мора да биде изгласана за квалитет, содржината мора да има регулирани авторски права.

Предлагачот на снимката потребно е на страницата за разговор да предложи и предлог кој ќе оди на главната страница и истиот да биде ставен на увид при гласањето. Текстот кој ќе го предложи во описот под содржината исто така оди на главната страница, и ја опишува содржината или нејзините посебности.

Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас за, воздржан или против, како и свое мислење преку коментар, користејќи ги за сето ова соодветните предлошки: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} и {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува 6 часа пред почетокот на денот на објавувањето.

Избрана содржина е содржината која на Ризницата била избрана за снимка на денот освен ако викизаедницата која создава на и ја користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на Главната страница треба да биде избрана содржина која е од посебно значење тогаш за избрана се смета:

  • содржината која добила најмногу гласови {{за}};
  • доколку повеќе предложени содржини добиле ист број гласови {{за}}, содржини која има добиено помалку гласови {{против}};
  • доколку повеќе предложени содржини добиле ист број гласови {{за}} и {{против}}, содржини која има добиено помалку гласови {{воздржан}};
  • доколку повеќе предложени содржини добиле ист број гласови {{за}}, {{против}} и {{воздржан}}, или доколку никој не гласал, содржини која е избрана на Ризницата.

Избраната содржини се поставува на Главната страница. Архива на избрани снимки прикажани на Главната страница во текот на месец август 2019 година.


1 август 2019 2 август 2019

Веселост — дело за вибрафон на американскиот композитор Кевин Маклауд.

Баракрола во фис-дур, оп. 60 од Фредерик Шопен во изведба на Олга Гуревич.
3 август 2019 4 август 2019

Во зоолошката (1939) — цртан филм од серијата „Весели мелодии“ во режија на Текс Ејвери.

Скулптури пред деловната зграда „Гартенхајм“ во Хановер, Германија.
5 август 2019 6 август 2019

Низ превојот Рохтанг на Хималаите за време на монсунскиот период.

Прошетка низ една Манделбротова главица.
7 август 2019 8 август 2019

Механичкиот часовник на Богородичната црква во Нирнберг, поставен во 1509 г.

Опит кој ја прикажува Амперовата сила со која си дејствуваат магнет и спроводник низ кој тече постојана струја. Изведено на Институтот за физика при ПМФ, Скопје.
9 август 2019 10 август 2019

Историска реконструкција во Белфор, на 20 јули 2019 г.

Анимација на загатката на исчезнатиот квадрат.
11 август 2019 12 август 2019

Црвеноушеста желка (Trachemys scripta elegans) како плива во езерце. Саратога, Калифорнија, САД.

Утре започнува конференцијата „Викиманија 2019“ во Стокхолм. Годинава темата е меѓусебно зајакнување и одржливи развојни цели.
13 август 2019 14 август 2019

Иванденски оган во Валенсија, Шпанија.

Реставрација на Рембрантовата Ноќна стража. Државен музеј - Амстердам, 1947 г.
15 август 2019 16 август 2019

Краток документарец за поважните проекти на НАСА за истражување на Сончевиот Систем и блиската вселена.

Добивање на базен оксид — опит со горење на магнезиум, давајќи магнезиум оксид (MgO). Изведено на Институтот за хемија при ПМФ, Скопје.
17 август 2019 18 август 2019

Конгоанска народна песна на јазикот лингала. Снимка од Париската колонијална изложба, 1931 г.

Резонанца меѓу две звучни виљушки кои осцилираат на еднакви честоти, во изведба на Проф. Оливер Зајков ПМФ, Скопје.
19 август 2019 20 август 2019

Интервју со британскиот научнофантастичен писател Артур Ч. Кларк од 1974 г. каде зборува за идното значење на домашните сметачи и вмрежувањето.

Копривен молец (Anthophila fabriciana) на цвет од вратика (Tanacetum vulgare) во шума кај Марбург, Хесен, Германија.
21 август 2019 22 август 2019

Древниот мајански град Чичен Ица на полуостровот Јукатан, Мексико.

Карл Фридрих Абел (1723 - 1787) – Соната во ге-дур, WKO155 за виола да гамба. Изведувач: Филип В. Серна.
23 август 2019 24 август 2019

Контејнерскиот терминал на Хамбуршкото пристаниште (забрзана снимка).

Премин на Меѓународната вселенска станица пред Сонцето со брзина од 29.000 км/ч во декември 2016 г.
25 август 2019 26 август 2019

Анимација на парна машина. На денешен ден пред 200 години починал Џејмс Ват чии подобрувања на оваа машина ја овозможиле Индустриската револуција.

Прелет над Тролхауген — дом на норвешкиот композитор Едвард Григ (1843-1907), денес музеј со концертна сала.
27 август 2019 28 август 2019

Старински воз на стрмнина во Горна Франконија, Германија.

Јастреб глувчар (Buteo buteo) и гаќест глувчар (Buteo lagopus) како ловат во Холандија.
29 август 2019 30 август 2019

Парада на американската XXVIII пешадиска дивизија во Париз, 1944 г.

Опрашување на сончоглед.
31 август 2019

Дива патка (Anas platyrhynchos) со млади во Квебек, Канада.

Намена[уреди извор]

  • Избрана снимка на главната страница за месец август 2019 година.
  • thumb=yes — прикажува снимка во рамка
  • title=yes — приказ на насловот (само ако се користи thumb=yes)
  • caption=no — не прикажувај опис
  • float=left/right — за поставање на снимката лево или десно (по основно = left)
  • day — датум за кој се бара снимката на денот