Википедија:Избрана снимка/2016/август

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
2009: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2010: VI
2016: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2017: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2018: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2019: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII

Избрана снимка е онаа содржина која корисниците на Ризницата ја сметаат за најквалитетна согласно правилата за избрани слики и снимки на Ризницата. Овие содржини се прикажуваат на Главната страница.

Доколку викизаедницата која создава на и ја користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница за одреден ден да биде избрана содржина која е од посебно значење за неа поведува постапка согласно правилата за избор на снимка, т.е. содржината мора да биде изгласана за квалитет, содржината мора да има регулирани авторски права.

Предлагачот на снимката потребно е на страницата за разговор да предложи и предлог кој ќе оди на главната страница и истиот да биде ставен на увид при гласањето. Текстот кој ќе го предложи во описот под содржината исто така оди на главната страница, и ја опишува содржината или нејзините посебности.

Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас за, воздржан или против, како и свое мислење преку коментар, користејќи ги за сето ова соодветните шаблони: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} и {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува 6 часа пред почетокот на денот на објавувањето.

Избрана содржина е содржината која на Ризницата била избрана за снимка на денот освен ако викизаедницата која создава на и ја користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на Главната страница треба да биде избрана содржина која е од посебно значење тогаш за избрана се смета:

  • содржината која добила најмногу гласови {{за}};
  • доколку повеќе предложени содржини добиле ист број гласови {{за}}, содржини која има добиено помалку гласови {{против}};
  • доколку повеќе предложени содржини добиле ист број гласови {{за}} и {{против}}, содржини која има добиено помалку гласови {{воздржан}};
  • доколку повеќе предложени содржини добиле ист број гласови {{за}}, {{против}} и {{воздржан}}, или доколку никој не гласал, содржини која е избрана на Ризницата.

Избраната содржини се поставува на Главната страница. Архива на избрани снимки прикажани на Главната страница во текот на месец август 2016 година.


1 август 2016 2 август 2016
<br /Растот на вештачките острови на Дубаи на забрзана снимка од НАСА за периодот од 2000 до 2011 г. Боите не се природни.
Возење на летечка штица над канал во Малме, Шведска.
3 август 2016 4 август 2016

„Галиумско срце што чука“ — хемиска реакција каде парче галиум отчукува како срце. Парче галиум се топи во врел 20% раствор на сулфурна киселина со додавање на неколку капки од 5% раствор на калиум дихромат.

Составување на предмет во игра во виртуелна реалност за HTC Vive.
5 август 2016 6 август 2016

Цитоплазмен проток во клетките на горната кожинка на една кромидова луковица. Снимено во Талинскиот технолошки универзитет.

Модниот креатор Франк Говерс ја претставува колекцијата Лето 1977.
7 август 2016 8 август 2016

Неколку мига од миса во Стразбуршката катедрала, Франција.

Неколку мста на Хуангшанг (Жолти Планини) во јужниот дел на покраината Анхуеј, Кина.
9 август 2016 10 август 2016

Забрзанаснимка на дебелоопашесто вилинско коњче (Gomphus vulgatissimus).

Снимка од сујкинкуцу (水琴窟) — вид дворен украс и музички инструмент кој се состои од закопано прветено грне со дупка на газерот. Кога водата паѓа преку дупката, капките одѕвонуваат во насобраната вода внатре.
11 август 2016 12 август 2016

Забрзана снимка кадар-по-кадар низ Бризбејн, Австралија.

Видео од прелет изработено според податоците на леталото „Касини-Хајгенс“ на Сатурновата месечина Титан.
13 август 2016 14 август 2016

Парната локомотива ЧСД Класа U57.0 како тргнува од Особлаха, Чешка.

Постапки во еден погон за рециклирање.
15 август 2016 16 август 2016

Машина за чистење ровови која ги продлабочува и ја фрла калта надвор, споредено со рачно чистење со лопати. Холандски киножурнал од 1958 г.

Медуза од видот црна морска коприва (Chrysaora achlyos) како плива.
17 август 2016 18 август 2016

Боксерски натпревар од 1907 г. за титулата првак во тешка категорија меѓу Сквајрс и Бернс. Важела за најкратката и најжестоката боксерска борба дотогаш видена.

Филмот „Снеговите на килиманџаро“ (1952) според истоимениот расказ на Ернест Хемингвеј.
19 август 2016 20 август 2016

Водопад во покраината Источен Кејп, ЈАР кој паѓа право во Индискиот Океан.

Бармалеј — советски цртан филм од 1941 г.
21 август 2016 22 август 2016

Прелет над националниот парк „Дини во Лонсе и Дриненсе“, Холандија.

Травертинските тераси на Памуккале и Хиерапол, Турција.
23 август 2016 24 август 2016

„Кој има таму?“ (Who's Out There) — документарец на НАСА за вонземскиот живот од 1973 г. со Орсон Велс.

Антонов Ан-124 „Руслан“ како слетува во Гостомељ, Украина.
25 август 2016 26 август 2016

Гребенска чапја (Egretta gularis) во Индија како бара храна.

Прилог на НАСА за животот на космонаутот Чел Линдгрен.
27 август 2016 28 август 2016

Прелет над спилата Крап Фиро (1.204 м) кај Албула/Алвра, во кантонот Гризон, Швајцарија.

Арктичкиот џин — цртан филм од серијата „Супермен“, 1942 г.
29 август 2016 30 август 2016

Молец од видот Gillmeria ochrodactyla на цветови од вратика (Tanacetum vulgare).

Аеробатската гркупа „Балтички пчели“ на аеромитинг во Турку, Финска, 2015 г.
31 август 2016

Луда железница во забавниот парк „Лисеберг“ во Гетеборг, Шведска.

Функција[уреди извор]

  • Избрана снимка на главната страница за месец август 2016 година.
  • thumb=yes — прикажува снимка во рамка
  • title=yes — приказ на насловот (само ако се користи thumb=yes)
  • caption=no — не прикажувај опис
  • float=left/right — за позиционирање на снимката лево или десно (по основно = left)
  • day — датум за кој се бара снимката на денот