Шамони
Шамони Chamôni (јазик?) | ||
---|---|---|
Општина | ||
Долината Шамони со Мон Блан во позадина | ||
Земја | Франција | |
Регион | Рона-Алпи | |
Департман | Горна Савоја | |
Округ | Боневил | |
Кантон | Ле Мон Блан | |
Управа | ||
• Градоначалник (2020–2026) | Ерик Фурние | |
Површина1 | 245,46 км2 (9,477 ми2) | |
Население (2019)2 | 8.640 | |
• Густина | 0,35/км2 (0,91/ми2) | |
INSEE/Пошт. бр. | 74056 / 74400 | |
Надм. висина | 995 м (прос. 1035 м) | |
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш. |
Шамони Мон Блан (француски:Chamonix-Mont-Blanc ), попознат како Шамони — општина во Горна Савоја во Оверњ-Рона-Алпи регионот во југоисточна Франција. Овде се одржале првите Зимски олимписки игри во 1924 година. Во 2017 година во Шамони имало 8.611 жители.
Сместен северно од Мон Блан, помеѓу врвовите на Егиј Руж и познатиот Егиј ду Миди, Шамони е еден од најстарите скијачки центри во Франција. Општината Шамони е популарна меѓу скијачите и планинарите.
Статус
[уреди | уреди извор]Шамони е четвртата по големина општина во Франција, со површина од 245 квадратни километри. Со население од околу 8.900 жители се наоѓа на 1.089-то место во Франција.[1]
Планински и зимски спортови
[уреди | уреди извор]Шамони е туристички центар за зимски спортови. Како највисок европски врв западно од Русија, [2] Мон Блан привлекува многу планинари и алпинисти. Од 2003 година, секој август овде се одржува Ултрамаратонот до Мон Блан (Ultra-Trail du Mont-Blanc).
Има жичница која води до 3842 метри високот врв Егиј ди Миди. Изградена во 1955 година, своевремено била највисоката жичарница на светот, [3] а денес е највисоката вертикална жичарница во светот. [4]
Шамони е поделен на 3 посебни скијачки подрачја (фра: Les Grands Montets, Brévent - Flégère, le domaine de Balme). [5] Покрај Зимските олимписки игри во 1924 година, во Шамони се одржуваат натпревари од ФИС Светскиот куп во алпско скијање и Арлберг-Кандахар. Бил домаќин на ФИС Светското првенство во нордиско скијање (1937) и Светското првенство во биатлон за жени во 1984 и 1988 година.
Светското првенство во хокеј на мраз во 1930 година претежно се одржало во Шамони. Градот бил и домаќин на Европското првенство во карлинг во 1991 и 1999 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Sources des données : INSEE – Chamonix: Données générales
- ↑ „Chamonix Resort Information“. Freedom Snowsports. Посетено на 30 July 2018.
- ↑ „Chamonix, Capitale Mondiale De L'alpinisme“. Summit Post. 6 April 2008. Архивирано од изворникот на 13 April 2015. Посетено на 30 May 2016.
- ↑ Berne, Laurent (2012). L'aventure du premier téléphérique de France: Chronique du premier téléphérique de l'Aiguille du Midi, dit "des Glaciers", à Chamonix-Mont-Blanc. Éditions des Rochers. ISBN 9782746641556. Посетено на 14 June 2017.
- ↑ Chamonix ski resort guide
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно
|title=
(help) - Official site of the city of Chamonix Mont-Blanc
- Chamonix Tourist Information Office and Website
- Chamonix Society for Mountain Rescue and Safety Information
- Impeding Hitler’s endeavour to capture Mont Blanc – The battle of the Vallée Blanche