Светско првенство во биатлон

Од Википедија — слободната енциклопедија

Светското првенство во биатлон е спортско натпреварување во организација на Меѓународниот биатлонски сојуз (ИБУ) и се одржува во машка, женска и јуниорска конкуренција. Првенствата се одржуваат еднаш годишно, освен во олимписки години, со цел да се избегнат две натпреварувања во годината кога се одржуваат Зимски олимписки игри.

Првото Светско првенство во биатлон се одржало во 1958 година, со поединечни и тимски трки во машка конкуренција. Бројот на трки значително се зголемувал со текот на годините. Од 1984 година почнале да се одржуваат посебни светски првенства во женска конкуренција, а од 1989 година на Светските првенства во биатлон почнале да се организираат заедно и во машка и во женска конкуренција. Во 1978 година бил променет калибарот од голема армиска пушка во малокалибарска пушка, а растонајието на метата било намалено од 150 на 50 метри. [1]

Дисциплини[уреди | уреди извор]

Првото Светско првенство во биатлон во 1958 година за мажи се одржало во градот Залфелден во покраината Салцбург во Австрија, каде што официјално се одржала само поединечната трка на 20 километри и неофицијално била одржана екипна трка. Шведскиот биатлонец Адолф Виклунд станал првиот светски шампион во биатлон. На Светското првенство во 1966 година во програмата официјално била воведена штафетната трка. Други дисциплини се вовеле на следните првенства:

  • 1974 година - спринт за мажи,
  • 1984 година - поединечно, спринт и штафета за жени,
  • 1989 година - екипни трки,
  • 1997 година - потера (пурсуит)
  • 1999 година - масовен старт,
  • 2005 година - мешана штафета.

 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Biathlon: a sport on the cutting edge“. International Olympic Committee. 23 February 2015. Посетено на 16 December 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]