Бангсаморо
Бангсаморо باڠسامورو | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
автономен регион | ||||||||
Автономен Регион Бангсаморо во Муслимански Минданао Rehiyong Awtonomo ng Bangsamoro sa Muslim Mindanao Bangsamoro Autonomous Region in Muslim Mindanao منطقة بانجسامورو ذاتية الحكم فى مسلمى مينداناو Dairat nu Bangsamoro sa Muslim Mindanao a pegkamalan i ginawa | ||||||||
| ||||||||
Химна: Химна на Бангсаморо | ||||||||
Местоположба во рамките на Филипините | ||||||||
Земја | Филипини | |||||||
Островска група | Минданао | |||||||
Референдум | 21 јануари 2019 | |||||||
Преод | 26 февруари 2019 | |||||||
Воведена управа | 29 март 2019 | |||||||
Седиште | Котабато (де факто[б 1]) Паранг (де јуре[б 2]) | |||||||
Управа | ||||||||
• Вид | пренесена регионална парламентарна управа во склоп на унитарна претседателска република | |||||||
• Орган | Преодна управа | |||||||
• Валија (в.д.) | Саид Салендаб | |||||||
• Главен министер | Мурад Ебрахим | |||||||
• Заменици | Али Солајман (за главнината) Албакил Џикири (за островите) | |||||||
• Прет. на парламентот | Пангалијан Балиндонг | |||||||
Население (2020) | ||||||||
• Вкупно | 4.944.800 | |||||||
• Домаќинства | 832.908 | |||||||
Час. појас | PST (UTC+08:00) | |||||||
Покраини | ||||||||
Градови | ||||||||
Општини | 116 | |||||||
Барангаи | 2.590[б 3] | |||||||
Законодавни окрузи | 8 | |||||||
Јазици | ||||||||
БДП (2021) | 284 милијарди ₱[3] | |||||||
Стапка на раст | ▲ (7,5%)[3] | |||||||
ИЧР | ▲ 0,646 (среден) | |||||||
Мреж. место | bangsamoro.gov.ph |
Бангсаморо, службено: Автономен Регион Бангсаморо во Муслимански Минданао или БАРММ (филипински: Rehiyong Awtonomo ng Bangsamoro sa Muslim Mindanao; англиски: Bangsamoro Autonomous Region in Muslim Mindanao, BARMM; арапски: منطقة بانجسامورو ذاتية الحكم, Minṭaqah Banjisāmūrū dhātiyyah al-ḥukm; магинданајски: Dairat nu Bangsamoro sa Muslim Mindanao a pegkamalan i ginawa) — автономен регион на Филипините, сместен во југозападниот дел на островот Минданао.
Создаден е како замена за Автономниот Регион во Муслимански Минданао (АРММ), со ратификација на органскиот закон по спроведениот дводелен референдум одржан на 21 јануари и 6 февруари 2019 г. во Западен Минданао. Ратификацијата е потврдена неколку дена подоцна од Изборната комисија на Филипините.
Основањето на Бангсаморо е плод на неколкугодишните мировни преговори помеѓу филипинската влада и неколку автономистички групи; особено истакнати меѓу нив се припадниците на Исламскиот ослободителен фронт Моро (МИЛФ), кои не го признавале АРММ и барале да се создаде регион со поголема самостојност. Во 2014 г. двете страни се согласиле на рамковен договор наречен Сеопфатен договор за Бангсаморо. По низа понатамошни преговори и расправи по извесни одредби на договорот, Конгресот на Филипините донел и ратификувал основен закон за регионот, денес наречен Органски закон за Бангсаморо; законот стапил на сила на 26 јули 2018 г.
И покрај прашањето на уставноста на регионот (поради бараниот парламентарен систем во држава со претседателски систем), судската власт немала приговори против органскиот закон, и потоа е спроведен дводелен референдум. Првиот бил за граѓаните АРММ по прашањето дали тој веднаш да се распушти и замени со Бангсаморо.[4][5][6] Вториот бил за жителите на соседните општини и барангаи во покраините Северен Ланао и Котабато по прашањето на нивното приклучување кон новиот регион.[7][8][9][10] По спроведената втора фаза, 63 барангаи од Котабато ѝ биле предадени на управата на Бангсаморо, зголемувајќи ја неговата територија.[11][7]
Бангсаморо го заменил АРММ како единствениот автономен регион со муслиманско мнозинство на Филипините.[12] Засега е во преодна фаза сè до 2025 г. Управата на Бангсаморо се смета за пробен случај во пошироката дебата околу уставните реформи и федерализмот.
Потекло на името
[уреди | уреди извор]Неодамна создадената кованица Бангсаморо е изведена од старомалајскиот збор бангса („народ“) и зборот Моро (збирен поим за разните муслимански народности на Филипините, од шпански моро, „Мавар“[13]).
Покраини и други единици
[уреди | уреди извор]Бангсаморо се состои од 3 составни градови, 116 општини и 2.590 барангаи. Иако е дел од Басилан, градот Исабела не е под јурсдикција на автономниот регион. Во Бангсаморо влегуваат и 63 барангаи од Северен Котабато, иако Северен Котабато и нивните матични општини не се под јурисдикција на автономниот регион.[14]
- † Регионално седиште
Покраина | Седиште | Население (2020)[15] |
Површина (км2) |
Густина (жит./км2) |
Градови | Општини | Барангаи | |||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Басилан | Ламитан | 426.207 | 1.103,5 | 390 | 1 | 11 | 210 | |||||
Јужен Ланао | Марави | 1.195.518 | 3.872,9 | 310 | 1 | 39 | 1.159 | |||||
Северен Магинданао | Дату Один Синсуат | 618.421 | 3.653,6 | 130 | 0 | 12 | 250 | |||||
Јужен Магинданао | Булуан | 723.758 | 1.217,9 | 150 | 0 | 24 | 258 | |||||
Сулу | Холо | 1.000.108 | 1.600,4 | 620 | 0 | 19 | 410 | |||||
Тави-Тави | Бонгао | 440.276 | 1.087,4 | 400 | 0 | 11 | 203 | |||||
Котабато ‡
|
— | 325.079 | 176,0 | 1.800 | 1 | — | 37 | |||||
СГП ‡‡
|
— | 215.433 | 824,3 | 260 | — | — | 63 | |||||
| ||||||||||||
‡‡ 63 барангаи се дел од регионот, но нивните матични општини и матична покраина Северен Котабато не се дел од Бангсаморо; Податокот за површината на целиот Бангсаморо не ги вклучува овие барангаи. | ||||||||||||
^A Статистичката управа на Филипините го употребила опфатот на поранешниот Автономен Регион во Муслимански Минданао за пописот од 2020 г. Градот Котабато и Специјалното Географско Подрачје (СГП) не биле вбројани во населението на Бангсаморо. Тие износи се вбројани во Сокксксарген.[16][17] На 9 ноември 2021 г. управата решила да ги вброи градот Котабато и Специјалното Географско Подрачје во населението на Бангсаморо, а да ги изземе од Сокксксарген.[18][19] |
Демографија
[уреди | уреди извор]Согласно органскиот закон, бангсаморци имаат право да се нарекуваат потомците на жителите на Минданао, архипелагот Сулу и неговите соседни острови присутни на почетокот на шпанската колонизација.[20]
Моро е збирен назив за разни, претежно муслимански народности. Маранајците и Иранунците сочинуваат голем дел од населението на регионот. Магинданајците се мнозинство во Специјалното Географско Подрачје (СГП) на покраината Котабато во регионот Сокксксарген. Таусужаните (Сулуанци), Јаканците и Самците се главни групи на архипелагот Сулу.[21]
Има уште две позначајни малцинства кои живеат во регионот заедно со мнозинството: Лумадите и доселеничките заедници. Лумадите имаат пет позначајни групи, од кои најбројни се Тирурајците.[20] Доселениците се претежно христијани од разни народности како Тагали, Висајци и Кинези.[20][22]
Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Седиште на управата одредено со Органскиот закон за Бангсаморо. Признаено седиште од основањето на Бангсаморо во 2019 г.[1] until it was moved to Parang in Магинданао (денес во Северен Магинданао) in 2023. The regional government still де факто exercise power from the Управниот центар на Бангсаморо во градот Котабато.
- ↑ Седиште на управата де јуре почнувајќи од средината на 2023 г. согласно Законот за автономија на Бангсаморо бр. 37.[2] Меѓутоа, по регионалната власт допрва треба да основа управен центар во општината, и ова ќе се прави постепено.
- ↑ Вклучувајќи 63 во Специјалното Географско Подрачје во Котабато
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Bangsamoro Autonomy Act No. 13“ (PDF). Bangsamoro Parliament. Посетено на February 24, 2021.
The seat of the Bangsamoro Government shall be in Cotabato City, unless otherwise provided by the Bangsamoro Parliament in a subsequent law.
[мртва врска] - ↑ „Bangsamoro Autonomy Act. 37“ (PDF). Bangsamoro Parliament. Посетено на 3 September 2023.
- ↑ 3,0 3,1 „Gross Regional Domestic Product“. openstat.psa.gov.ph. Philippine Statistics Authority. Посетено на 20 мај 2021.
- ↑ Depasupil, William; TMT; Reyes, Dempsey (23 јануари 2019). „'Yes' vote prevails in 4 of 5 provinces“. The Manila Times. Посетено на 23 јануари 2019.
- ↑ Galvez, Daphne (22 јануари 2019). „Zubiri: Overwhelming 'yes' vote for BOL shows Mindanao shedding its history of conflict“. Inquirer.net. Посетено на 22 јануари 2019.
- ↑ Esguerra, Christian V. (25 јануари 2019). „New era dawns for Bangsamoro as stronger autonomy law ratified“. ABS-CBN News. Посетено на 25 јануари 2018.
- ↑ 7,0 7,1 Sarmiento, Bong S. (7 февруари 2019). „21 of 67 villages in North Cotabato join BARMM“. newsinfo.inquirer.net.
- ↑ Suson, Divina (7 февруари 2019). „'No' wins in 13 Lanao del Norte towns; 'Yes' wins in only 9 towns“. newsinfo.inquirer.net.
- ↑ Jennings, Ralph (27 јули 2018). „Historic Autonomy Deal for Philippine Muslims Takes Aim at 50 Years of Strife“. Voice of America. Посетено на 28 јули 2018.
- ↑ Esguerra, Anthony Q. (27 јули 2018). „EU expresses support for Bangsamoro Organic Law“. Inquirer.net. Посетено на 28 јули 2018.
- ↑ Fonbuena, Carmela (8 февруари 2019). „63 out of 67 barangays in Cotabato to join Bangsamoro region“. Rappler.
- ↑ Kapahi, Anushka D.; Tañada, Gabrielle (2018). „The Bangsamoro Identity Struggle and the Bangsamoro Basic Law as the Path to Peace“. Counter Terrorist Trends and Analyses. 10 (7): 1–7. JSTOR 26458484.
- ↑ Jamail A. Kamlian (20 октомври 2012). „Who are the Moro people?“. Philippine Daily Inquirer. Посетено на 2 ноември 2015.
- ↑ Arguilas, Carolyn (8 февруари 2019). „Pikit's fate: 20 barangays remain with North Cotabato, 22 joining BARMM“. Minda News. Посетено на 9 февруари 2019.
- ↑ Census of Population (2020). Table B - Population and Annual Growth Rates by Province, City, and Municipality - By Region. Philippine Statistics Authority. Посетено на 8 јули 2021.
- ↑ „BARMM – Bangsamoro Autonomous Region in Muslim Mindanao“. Census of Population and Housing (2020). PSA.
- ↑ „Region XII (Soccsksargen)“. Census of Population and Housing (2020). PSA.
- ↑ Total Population, Household Population, Number of Households, and Average Household Size by Region, Province, and City/Municipality: Philippines, 2020. PSA. 23 март 2022. Посетено на 1 април 2022.
- ↑ „PSA Board Resolution No. 13, Series of 2021 - APPROVING AND ADOPTING THE THIRD QUARTER 2021 PHILIPPINE STANDARD GEOGRAPHIC CODE UPDATES TO INCLUDE THE BANGSAMORO AUTONOMOUS REGION IN MUSLIM MINDANAO (BARMM) AND CORRECT THE NAMES OF 37 BARANGAYS“ (PDF). Philippine Statistics Authority Board. 9 ноември 2021. Посетено на 1 април 2022.
- ↑ 20,0 20,1 20,2 Bajo, Anna Felicia; Masino, Dona (31 јануари 2021). „Paghubog: Mga Kuwentong Bangsamoro“. GMA News (филипински и англиски). Посетено на 2 јули 2022.
- ↑ „Southern Philippines: Fostering an Inclusive Bangsamoro“. Crisis Group (англиски). 18 февруари 2022. Посетено на 3 септември 2023.
- ↑ „Bangsamoro People“. Bangsamoro Commission for the Preservation of Cultural Heritage. Посетено на 3 септември 2023.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Бангсаморо на Ризницата ?
- Бангсаморо на Википатување (англиски)
- Службен портал на Бангсаморо (англиски)
|