Северен Илокос
Изглед
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Северен Илокос | |
![]() Провинцискиот грб на Северен Илокос | |
Мапа на Филипините со факти за Северен Илокос | |
| Регион | Илокос (Регион I) |
| Главен град | Лаоаг |
| Дивизии | |
| - Високоурбанизирани градови | 0 |
| - Составни градови | 2 |
| - Општини | 21 |
| - Барангај | 557 |
| - Конгресни окрузи | 2 |
| Население | 48-ма |
| - Вкупно (2000) | 514.241 |
| - Густина | 151/km² (27-ма најмала) |
| Површина | 27-ма најмала |
| - Вкупно | 3.399,3 km² |
| Основана | — |
| Јазици | илокански, тагалски |
| Гувернер | Мајкл Маркос Кеол (Kampi) |

Северен Илокос е покраина на Филипините која се наоѓа во регионот Илокос на островот Лусон. Главен град е Лаоаг. Се наоѓа на северозападниот агол на Лусон и се граничи со Кагајан и Апајао на исток, и Абра и Јужен Илокос на југ. Северен Илокос излегува на Јужнокинеското Море на запад и Лусонскиот Проток на север.
Народ
[уреди | уреди извор]Мнозинството од населението се Илоканци.
Религија
[уреди | уреди извор]Доминантна религија е римокатоличката, и други христијански цркви како Аглипајанска црква, и сл.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Покраината е специјализирана за производство на:
- Земјоделство - ориз, пченка, лук, тутун, и др.
- Рибарство - тилапија и др. видови на риба
- Добиток - свињи и говеда
- Индустрија - ткаење плетење, фурнирање, керамика, железарија
- Прехранбена индустрија - сол, патис, баси (Илокански вина),и др.
Административна поделба
[уреди | уреди извор]Северен Илокос е поделен на 557 Барангаи, 21 општини, и 2 града.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- официјално мрежно место
- Ilocos Times Online Архивирано на 6 март 2010 г.
- Северен Илокос низ слики Архивирано на 6 март 2009 г.
