Тилапија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тилапија
Нилска типалија, -{Oreochromis niloticus niloticus}-
Научна класификација
Царство: Животни (Animalia)
Колено: Хордати (Chordata)
Класа: Зракоперки -{Actinopterygii}-
Ред: -{Perciformes}-
Фамилија: -{Cichlidae}-
Родови

-{Oreochromis}- -{Günther, 1889
-{Sarotherodon}- Rüppell, 1852
-{Tilapia}- Smith, 1840

Тилапија (Tilapia) е вид на тропска риба. Името тилапија е заедничко име за различните видови на три родови: Tilapia, Sarotherodon и -Oreochromis. Тие се дел од фамилијата циклиди (Cichlidae). Самото име тилапијанајверојатно потекнува од афричкиот бехуана збор "-{thiape}-" што значи риба. Таа е автохтона афринанска риба и се одгледувала на тие простори и пред 3.000 години. После Втората светска вонја нејзиното производство се проширило во Азија и во другите делови од светот.


Врстата од родот Tilapia ги положува јајцата на подлога во гнездата а потоа двајцата родители ги чуваат и ги бранат јајцата и младите. Најпознати се: Црвеноградна (Tilapia rendaii), Црвеностомачна (Tilapia zillii), Зебра тилапија (Tilapia buttikoferi)и др.

Врстите од родовите Оreochromis и Sarotherodon се "mouthbrooders", што значи дека вршат инкубација на икрата во устата. (веднаш после оплодувањето, родителите ја земаат икрата во уста и ја чуваат неколку дена).

Поголемиот дел од родот Sarotherodon се "biparental mouthbrooders", што значи дека двајцата родители ја земаат икрата во уста, да речеме Sarotherodon galilaeus -Манго тилапија. А други како што е Sarotherodon melanotheron се "parental mouthbrooders"- само мажјаците се грижат за младите.

Сите видови од родот Oreochromis се "maternal mouthbrooders", односно само женките ги земаат јајцата и ги инкубираат во устата. Мажјаците за тоа време обично се собираат во групи, каде извршуваат ритуално "мерење на силите", очекувајжи ново парење со женките.

Најпознати с: O. niloticus niloticus (Нил тилапија), O.mossambicus (Мозамбик тилапија), O.aureus (Плава тилапија), O.urolepis hornorum (Хорнорум тилапија).

Денес готово сите економски значајни врсти на тилапијата кои се одгледуваат во аквакултури припаѓаат на родот Oreochromis, а убедливо најзастапена е нилската тилапија O.niloticus со 85%.

Видови[уреди]