Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 144.416 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
„Ctenophorae“ од делото на Ернст Хекел Kunstformen der Natur, од 1904 год.
„Ctenophorae“ од делото на Ернст Хекел Kunstformen der Natur, од 1904 год.

Реброносци (науч. Ctenophora) — колено морски безрбетни животни. Реброносците се најголемите животни кои пливаат со помош на трепки (цилии), кои, кај овие животни, се нарекуваат уште и „чешли“. Во зависност од видот, возрасните реброносци имаат должина од неколку милиметри до 1,5 метри. Досега се потврдени само 100 до 150 видови кои припаѓаат на ова колено, а уште 25 други не се целосно опишани и именувани. Најпознати претставници на ова колено се цидипидите (ред Cydippida), кои имаат јајцевидно тело и еден пар на големи пипала со ресички од мали пипала кои се покриени со колобласти, лепливи клетки кои служат за фаќање на пленот. Нивните тела се изградени од желатинозна маса, која од надворешната страна е покриена со два слоја на клетки, а од внатрешната страна со еден слој на клетки кој ја обложува внатрешната празнина. Припадниците на ова колено имаат разновидни форми на телото, од јајцевидните цидипиди до сплесканите платиктениди и широкоусните бероиди.

Речиси сите реброносци се грабливци, а пленовите може да варираат од микроскопски ларви и ротифери до возрасните единки на малите видови на ракови; исклучоци се младенчињата на два вида кои живеат како паразити на салпи кои се храна за возрасните единки на нивните видови.

И покрај тоа што имаат меки, желатинозни тела, пронајдени се фосили на реброносците во лежиште кои датираат од раниот камбриум, пред околу 525 милиони години. Положбата на реброносците во „дрвото на животот“ одамна е тема на дебата на молекуларните филогенетски студии. Според најновите хипотези за еволуцијата на животинските организми, реброносците ја сочинуваат втората најрана животинска група која се појавила веднаш после сунѓерите. Порано се верувало дека реброносците се појавиле пред сунѓерите во еволуцијата, кои самите се појавиле пред раздвојувањето на жаркарите и двостраните животни. Меѓутоа, повторната анализа на податоците покажала дека компјутерските алгоритми кои се користеле во анализата биле наведени кон погрешен резултат поради присуството на специфични гени на реброносците, кои биле значително поразлични од оние на другите испитувани видови. Неодамнешна молекуларно-филогенетска анализа заклучила дека заедничкиот предок на сите современи реброносци бил сличен на денешните цидипиди, и дека сите современи групи на реброносци се појавиле релативно неодамна, веројатно по масовното кредско–терциерното изумирање, пред 66 милиони години. Од 1980-тите години па навака, акумулирани се докази дека цидипидите не се монофилетична група на организми, со други зборови оваа група не ги опфаќа потомците на еден заеднички предок. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Метростаницата „Чкаловскаја“ во Екатеринбург, Русија.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Антипапата Климент VII
Антипапата Климент VII
На денешен ден…

Денес е 6 јуни 2024 г.

Настани:

1944  Втора светска војна - Денот Д: Над 155.000 американски, британски и канадски војници се истоваруваат на плажите на Нормандија. Започнува операцијата Оверлорд за продор на сојузниците во западна Европа.

Родени:

1436  Региомонтан — германски математичар и астроном.
1599  Диего Веласкес — шпански сликар.
1606  Пјер Корнеј — француски драмски писател.
1799  Александар Сергеевич Пушкин — руски поет од периодот на романтизмот.
1875  Томас Ман — германски писател.
1898  Ханс Ем — инженер.
1901  Ахмед Сукарно — претседател на Индонезија.
1902  Џорџ Гејлорд Симпсон — американски палеонтолог.
1903  Арам Хачатурјан — ерменски композитор.
1926  Добрила Пуцкова — македонска глумица.
1932  Дејвид Скот — американски астронаут.
1932  Милица Стојанова — македонска глумица.
1934  Алберт II — крал на Белгија.
1935  Грант Грин — американски џез-музичар.
1941  Ладислав Баришиќ — македонски и југословенски ликовен критичар.
1944  Филип Шарп — американски биолог.
1948  Благој Ханџиски — македонски политичар.
1956  Бјорн Борг — шведски тенисер.
1959  Снежана Ѓуришиќ — српска фолк-пејачка.
1960  Стив Вај — американски рок-гитарист.
1961  Том Араја — американски гитарист, член на треш-метал групата Слеер.
1962  Масимо Савиќ — хрватски поп-рок пејач.
1963  Федерико Андахази — аргентински писател.
1966  Тони Јебоагански фудбалер.
1969  Фернандо Редондо — аргентински фудбалер.
1972  Норијаки Касаи — јапонски скокач со скии.

Починале:

1832  Џереми Бентам — британски филозоф.
1922  Павел Христов — македонски револуционер.
1929  Рихард Рети — чехословачки шаховски велемајстор.
1946  Герхарт Хауптман — германски драматург.
1961  Карл Густав Јунг — швајцарски психијатар.
1963  Вилијам Базиотес — американски сликар.
1975  Алвин Хансен — американски економист.
1991  Стен Гец — американски џез-музичар.
2005  Ен Бенкрофт — американска глумица.
2012  Владимир Крутов — руски и советски хокеар.
2018  Матеја Матевски — македонски поет и академик.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич