Бјорн Борг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бјoрн Борг
Björn Borg2.jpg
Име Бјoрн Руне Борг
Земја  Шведска
Место на живеење Стокхолм, Шведска
Роден на 6 јуни 1956 (1956-06-06) (62 г.)
Роден во Седертелје, Шведска
Спорт Tennis pictogram.svg Тенис
Висина &100000000000001800000001,80 м
Професионалец 1973 (меѓународно деби во 1971)
Пензинониран(а) 4 април 1983[1] (камбек од 1991 до 1993)
Игра со • десна рака
• дворачен бекхенд
Заработка $ 3,655,751
Куќа на славни 1987 (member page)
Поединечно
Победи-порази 609–127 (82.7%)
Титули 64
Највисок пласман Бр. 1 (23 август 1977)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан Опен 3R (1974)
Ролан Гарос W (1974, 1975, 1981, 1979, 1980, 1981)
Вимблдон W (1976, 1977, 1978, 1979, 1980)
УС Опен F (1976, 1978, 1980, 1981)
Други турнири
Мастерс куп W (1979, 1980)
Во двојки
Победи-порази 86–81 (51.2%)
Титули 4
Ажурирано на: 23 јануари 2012.

Бјорн Руне Борг (швед. изг. [bjœːɳ bɔrj] ( слушнете); роден на 6 јуни 1956) е поранешен бр. 1 тенисер од Шведска. Помеѓу 1974 и 1981 тој освоил 11 Гренд слем титули. Тој пет пати едноподруго го освојувал Вимблдон и шест пати вкупно Отвореното првенство на Франција, рекорд кој подоцна бил соборен од Рафаел Надал.[2][3] Според многумина, тој е еден од најдобрите тенисери на сите времиња.[4][5][6]

За време на неговата релативно кратка сениорска кариера, Борг освоил 41% од Гренд слем турнирите на кои настапил (11 од 27) и неговиот процент на победи на Гренд слем натпреварите изнесувал 89.81% (141–16). Неговиот процент од победи-порази на сите подлоги (тепих, земја, тврда, и трева) изнесувал 82.74% (609–127), и неговиот процент на победи на Вимблдон изнесувал 92.73% (51–4); сите претставуваат АТП рекорди. Тој е еден од четворицата тенисери во опен ерата кој успеал да ги освои Вимблдон и Отвореното првенство на Франција во една година и единствениот тенисер кој тоа го сторил три пати. Исто така тој е единствениот тенисер кој успеал да освои три Гренд слем турнири без да загуби ниту еден сет. Тој бил првиот тенисер кој успеал да освои 10 Гренд слем турнири (пред да биде надминат од Пит Сампрас со 14, Рожер Федерер со 17, и Рафаел Надал со 14 титули). На АТП турнејата, тој освоил вкупно 64 титули.

Бјорг бил првиот играч кој успеал да освои повеќе од 1 милион долари во една сезона, во 1979.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Bjorn Borg:History“. http://www.bjornborg.com/en/Heritage/Hard-Facts/. 
  2. "Compare and contrast", Jon Wertheim, Sports Illustrated, 23 September 2002
  3. "Borg still making the shots", Douglas Robson, USA Today, 25 May 2006
  4. "Navratilova joins Laver and Borg on the shortlist (as voted for by . . . Navratilova)", Alastair Campbell, The Times, 3 July 2004
  5. "When he was king", Tim Pears, The Observer, 5 June 2005
  6. Top 10 Men's Tennis Players of All Time“, „Sports Illustrated“ (посет. 23 септември 2010 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]