Добрила Пуцкова
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Добрила Пуцкова | ||
Роден | 6 јуни 1926 Куманово | |
---|---|---|
Починал | 23 февруари 2007 Скопје | |
Националност | Македонка | |
Познат | по улогата во: Волчја ноќ Ангели на отпад Време, живот | |
Занимање | глумица |
Добрила Пуцкова (родена на 6 јуни 1926 во Куманово - починала на 23 февруари 2007 во Скопје) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица[1]..
Животопис[уреди | уреди извор]
Добрила Пуцкова е родена на 6 јуни 1926 во Куманово, каде го завршува универзитетското образование. По положената аудиција влегла во првиот состав на Драмата на Македонскиот народен театар во 1945 година, во кој останала во текот на целиот работен век, односно до пензионирањето во 1982 година.
Во 2002 година добила награда за животно дело на Македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински во Прилеп[2]. Починала на 23 февруари 2007 во Скопје.
Театарски улоги[уреди | уреди извор]
- Селективна театрографија: Валја (Платон Кречет, 1945);
- Вера (Некаде во Москва, 1947);
- Феба (Како што милувате, 1948);
- Васка (Задруга, 1950);
- Анжелика (Вообразен болен, 1952);
- Дездемона (Отело, 1954);
- Сестра Анжелика Глембај (Господа Глембаеви, 1955);
- Магдалена (Домот на Бернарда Алба, 1956);
- Коштана (Коштана, 1956);
- Госпоѓа Линде (Нора, 1957);
- Неда (Црнила, 1961);
- Ана Копецка, крчмарка кај криглата (Швејк во Втората светска војна, 1963);
- Дара (Госпоѓа министерка, 1965);
- Бранка (Матурска вечер, 1966);
- Кејт Пар (Хенри VIII и неговите шест жени, 1967);
- Гаиса Илинишина Шелавина (Без вина виновни, 1968);
- Клитемнестра (Електра, 1970);
- Прасковја Дроздова (Бесови, 1978).
Филмографија[уреди | уреди извор]
- Волчја ноќ (1955: споредна улога)
- Нешто многу деликатно (1970, споредна улога)
- Учителот (1980, споредна улога)
- Јагне на ражен (1982, споредна улога)
- На наш начин (1985, споредна улога)
- Чорбаџи Теодос (1987, споредна улога)
- Трето доба (1987, споредна улога)
- Ангели на отпад (1995, споредна улога)
- Време, живот (1999, споредна улога)
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Stefanovski, Risto (1998). Letopis na makedonskata drama i na teatarot vo Makedonija. Direkcija za kultura i umetnost.
- ↑ „37. издание на „Војдан Чернодрински"“. А1. 7 јуни 2002. Посетено на 2011-01-08.