Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 144.487 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
„Ctenophorae“ од делото на Ернст Хекел Kunstformen der Natur, од 1904 год.
„Ctenophorae“ од делото на Ернст Хекел Kunstformen der Natur, од 1904 год.

Реброносци (науч. Ctenophora) — колено морски безрбетни животни. Реброносците се најголемите животни кои пливаат со помош на трепки (цилии), кои, кај овие животни, се нарекуваат уште и „чешли“. Во зависност од видот, возрасните реброносци имаат должина од неколку милиметри до 1,5 метри. Досега се потврдени само 100 до 150 видови кои припаѓаат на ова колено, а уште 25 други не се целосно опишани и именувани. Најпознати претставници на ова колено се цидипидите (ред Cydippida), кои имаат јајцевидно тело и еден пар на големи пипала со ресички од мали пипала кои се покриени со колобласти, лепливи клетки кои служат за фаќање на пленот. Нивните тела се изградени од желатинозна маса, која од надворешната страна е покриена со два слоја на клетки, а од внатрешната страна со еден слој на клетки кој ја обложува внатрешната празнина. Припадниците на ова колено имаат разновидни форми на телото, од јајцевидните цидипиди до сплесканите платиктениди и широкоусните бероиди.

Речиси сите реброносци се грабливци, а пленовите може да варираат од микроскопски ларви и ротифери до возрасните единки на малите видови на ракови; исклучоци се младенчињата на два вида кои живеат како паразити на салпи кои се храна за возрасните единки на нивните видови.

И покрај тоа што имаат меки, желатинозни тела, пронајдени се фосили на реброносците во лежиште кои датираат од раниот камбриум, пред околу 525 милиони години. Положбата на реброносците во „дрвото на животот“ одамна е тема на дебата на молекуларните филогенетски студии. Според најновите хипотези за еволуцијата на животинските организми, реброносците ја сочинуваат втората најрана животинска група која се појавила веднаш после сунѓерите. Порано се верувало дека реброносците се појавиле пред сунѓерите во еволуцијата, кои самите се појавиле пред раздвојувањето на жаркарите и двостраните животни. Меѓутоа, повторната анализа на податоците покажала дека компјутерските алгоритми кои се користеле во анализата биле наведени кон погрешен резултат поради присуството на специфични гени на реброносците, кои биле значително поразлични од оние на другите испитувани видови. Неодамнешна молекуларно-филогенетска анализа заклучила дека заедничкиот предок на сите современи реброносци бил сличен на денешните цидипиди, и дека сите современи групи на реброносци се појавиле релативно неодамна, веројатно по масовното кредско–терциерното изумирање, пред 66 милиони години. Од 1980-тите години па навака, акумулирани се докази дека цидипидите не се монофилетична група на организми, со други зборови оваа група не ги опфаќа потомците на еден заеднички предок. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Седумточкеста бубамара (Coccinella septempunctata) на цвет.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Антипапата Климент VII
Антипапата Климент VII
На денешен ден…

Денес е 7 јуни 2024 г.

Родени:

1848  Пол Гоген — француски сликар.
1868  Чарлс Рени Мекинтош — шкотски архитект.
1877  Петар Ацев — македонски револуционер.
1917  Дин Мартин — американски глумец и пејач.
1929  Антонио Карбахал — мексикански фудбалер.
1932  Тина Брукс — американски џез-музичар.
1933  Слободан Селениќ — српски писател.
1940  Том Џонс — велшки поп-пејач.
1942  Муамер Гадафи — претседател на Либија.
1952  Орхан Памук — турски писател.
1958  Принс — американски поп музичар.
1960  Светлана Китиќ — југословенска ракометарка.
1967  Дејв Наваро — американски рок-музичар.
1968  Хуан Антонио Пици — аргентинско-шпански фудбалер и тренер.
1970  Кафу — бразилски фудбалер.
1981  Ана Курникова — руска тенисерка.
1987  Стевен Краусвајк — холандски велосипедист.
1988  Екатерина Макарова — руска тенисерка.
1990  Иги Азејлија — австралиска хип-хоп пејачка.
1993  Џорџ Езра — англиски поп-музичар.

Починале:

555  Вигилијримски папа.
1843  Фридрих Хелдерлин — германски романтистички поет, еден од основоположниците на германскиот идеализам.
1928  Александар Протогеровгенерал и политичар.
1935  Иван Мичурин — советски биолог.
1937  Џин Харлоу — американска филмска глумица.
1954  Алан Тјуринг — англиски математичар.
1966  Ханс Арп или Жан Арп — германско-француски сликар и вајар.
1970  Е. М. Форстер — англиски писател.
1980  Хенри Милер — американски писател.
1993  Милош Константинов — македонски етнолог и историограф
2006  Абу Мусаб Ал Заркави — член на Ал-Каеда.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич