Прејди на содржината

Црква „Св. Никола Чудотворец“ - Охрид

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ова е статија за една од неколкуте цркви во Охрид посветени на Свети Никола. За другите видете Црква „Св. Никола Болнички“, Црква „Св. Никола“ и Црква „Св. Никола Геракомија“
Свети Никола Чудотворец

Црквата Свети Никола Чудотворец во Охрид

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Прва охридска
Местоположба

Карта

Место Охрид
Општина Охрид
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна

Света Никола Чудотворец - Челничкимакедонска православна црква која се наоѓа во Охрид, во близина на Св. Богородица - Челница. Изградена е врз остатоци на ранохристијански храм. Била обновувана и сликана со фрески во текот на повеќе векови. Се вбројува меѓу ретките галерии, каде е сочувано ѕидно сликарство во фрагменти во распон од XI до XIV век и натаму.[1]

"Свети Никола Чудотворец" е еднокорабна црква, ѕидана од камен. Моментално од северната страна, во висина, половина од црквата е под земја. Од она што може да се види на фреските во коработ и во олтарниот дел, може да се заклучи дека потекнува од византиски временски период. Односно, Богородица насликана со Христос во рацете е некаде од XІ - ХІІ век, а фреската што се наоѓа на западниот ѕид Успение на Пресвета Богородица е од XII - XIV век.

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]