Црква Света Катерина (Подилски реон - Киев)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Црква Света Катерина
Церква святої Катерини
МестоКиев
ЗемјаУкраина
Историја
Основана1739
Посветена наСвета Катерина
Архитектура
СтилУкраински барок
Завршена1741

Црквата Света Катерина (украински: Церква святої Катерини) е поранешна православна црква која се наоѓала во Киев, Украина. Црквата била изградена во 1741 година, а разрушена во 1929 година.

Во текот на 17 век, градот Киев бил посетуван од страна на голем број на грчки трговци. Тие долго време се обидувале да основат и изградат храм во градот, и конечно тоа барање им било освоено од страна на киевските градски власти во 1738 година. Така, следната година започнала да се гради црквата и истата била завршена во 1741 година. Црквата била изградена во украински барок, а бидејќи иницијативата за нејзино барање била од страна на грчките трговци, оваа црква се нарекувала Грчка црква.

Во 1811 година избувнал голем пожар во градот, но истиот не го зафатил христијанскиот храм. Во доцниот 19 век, храмот бил обновен. По доаѓањето на советските власти, црквата била затворена, а во 1928 година во неа биле сместени комуналните администрации на градот. Следната 1929 година, куполата од црквата започнала да попушта, па властите решиле истата да ја разрушат.

Од целиот комплекс денеска има останато целата камбанерија, која била реконструирана во 1995 година. Во 1990-тите години, грчките црковни власти сакале да ја повратат сопственоста на црквата, но истото не се остварило. Денеска, во објектот се наоѓа филијала на Народната банка на Украина.