Теофил (владетел)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Теофил
Цар на Византија
Теофил, во Хрониката на Јован Скилица
Владеење 2 октомври 829 – 20 јануари 842
Роден(а) 813
Починал(а) 20 јануари 842 (на 28 години)
Претходник Михаил II
Наследник Михаил III
Придружник Теодора
Деца Константин, Михаил III, Марија, текла, Ана, Анастасија, Пулхерија
Династија Амориска династија
Татко Михаил II
Мајка Текла
Амориска или фригиска династија
Хронологија
Михаил II 820–829
со Теофил совладетел, 822–829
Теофил 829–842
со Константин (о. 833–835) и Михаил III (840–842) совладетели
Михаил III 842–867
под Теодора и Теоктист регенти, 842–855, и со Василиј I совладетел 866–867
Наследување
Претходела
Лав V и Арапска династија
Следела
Македонска династија

Теофил (813 – 20 јануари 842) — византиски владетел од 829 година до неговата смрт во 842 година. Тој бил вториот владетел од амориската династија и последниот цар кој го подржувал иконоборството.[1] Теофил лично ги водел армиите во неговата долгогодишни борби со арапите, пиочнувајќи од 831 година.

Живот[уреди | уреди извор]

Рано[уреди | уреди извор]

Теофил на монета на својот татко, Михаил II, основачот на амориската династија.

Теофил бил син на византискиот цар Михаил II и неговата сопруга Текла, и кумашин на владетелот Лав V. Михаил II го крунисал Теофил за совладетел во 822 година, многу кусо по неговото седнување на тронот. За разлика од неговиот татко, Теофил бил образован од Јован VII, граматичарот, и бил голем обожаватеч на уметност и музика.[1] На 2 октомври 829 година, Теофил го наследил својот татко како единствен владетел.[2]

Теофил продолжил по стапките на своите претходници иконоборци,но без татковиот помирувачки тон,[1]издавајќи указ во 832 година забранувајќи го почитувањето на иконите. Тој себе си се сметал за шампион на правдата, нешто што го изведувал мошне помпезносо погубување на татковите заговорници против Лав V веднаш по седнувањето на тронот. Неговата репутација као судија се одржала, и во книжевната творба Тимарион Теофил е претставен како еден од судиите на подземјето.

Војна против арапите[уреди | уреди извор]

Виантиските пратеници на Јован VII во 829 година до Маум (лево) од Теофил (десно)

За време на своето владеење, Теофил бил обврзан да војува против арапите на два фронта. Сицилија уште еднаш била нападната од арапите, кој го освоиле градот Палермо по едногодишна опсада во 831 година, воспоставувајќи го Сицилискиот емират, и постепено почнале да се шират на островот. Нападот на Анадолија од страна на абасидскиот калиф ел-Маум во 83о, одбраната била воденалично од царот, но византијците биле поразени и изгубиле неколку тврдини. Во 831 година Теофил возвратил водејќи голема армија во Киликија и го освоил Тарс. Царот се вратил во Константинопол со триумф, но есента бил поразен во Кападокија. Друг пораз во истата област во 833 година го приморала теофил да побара мир (Теофил понудил 100.000 златни динари и враќање на 7.000 затвореници),[3] кој му биле вратени наредната година, по смртта на ел-Маум.

За време на примирјето со абасидите, Теофил го организирал грабнувањето на византиските заробеници населени северно од [Дунав]] од страна на бугарскиот цар Крум. Спасувачката мисија била успешна во 836 гпдина и мирот меѓу Бугарија и Византија бил набрзо воспоставен. Сепак, се покажало дека е невозможно да се одржи мирот на истокот. Теофил им дал азил на голем број на бегалци од истокот во 834 година, меѓу кои и Наср, кој бил персиец.[4] Се покрстил во Теофоб, кој се оженил со тетката на царот Ирина и станал еден од неговите војсководци. Како што односите со абасидите се влошувале, Теофил се подготвувал за нова војна.

Фолис нов вид, ковани во голем број во слава на Теофиловите победи над арапите од 835 година па натака. На предната страна е прикажан во триумфална облека, носејќи туфа, на задната страна е традиционалниот запис „Theophilos Август, ти освојуваш“.

Во 837 година Теофил повел голема армија од 70.000 луѓе кон Месопотамија и ги освоил Малатија и Аршамашат.[5] Царот ги зазел и разурнал Запетра, град за кои некои извори велат дека бил родното место на калифот ел-Мутасим.[6]Теофил се вратил во Константинопол во триумф. Желен за одмазда, ел-Мутасим собрал голема армија и спровел два долги напади на Анадолија во 838 година. Теофил одлучил да нападне една единица од калифовата војска пред да и се дозоли на истата да се спои со другата. На 21 јули 838 година во Битката кај Анзен во Дазимон, Теофил лично водел византиска армија од 25.000 до 40.000 луѓе против војската водена од ел-Афшин.[7][8] Афшин го издржал византискиот напад, возвратил, и ја добил битката. Преживеаните во битката се разбегале во неред и не се вклучиле во понатамошниот поход на калифот.

Ел-Мутасим ја зазел Анкира, и ел-Ашин му се придружил. Целата армија на абасидите напредувала кон Амориј, родниот град на династијата. Првично имало одлучен отпор. Муслимански заробеник избегал и му кажал на калифот каде имало дел со ослабени ѕидини. Ел-Мутасим го сконцентрирал бомбардирањето на ѕидините на овој дел од тврдината, и ѕидотт бил пробиен. Држејки се храбро педесет и пет денови, градот сега бил заземен од ел-Мутасим на 12 или 15 август 838 година.

Во 838 година, за да го восхити калифот на Багдад, Теофил го испратил Јован VII да раздели 36.000 монети на жителите на Багдад.[9] Околу 841 година, Венеција испратила флота од 60 галии (секоја носела 200 луѓе) за да помогнат на византијците и да ги протераат арапите од Кротоне,но не успеале.[10]

За време на своите походи ел-Мутасим открил дека некои од неговите врвни војсководци спремаат заговор. Многу од војсководците биле уапсени и некои бил погубени пред да се врати дома. Ел-Афшин по се изгледа не бил замешан во ова, но бил обвинет за други дела и починал во затвор пролетта 841 година. Калифот ел-Мутасим се разболел во октомври 841 година и починал на 5 јануари 842 година.

Односите со Бугарија и Србија[уреди | уреди извор]

Во 836 година, по истекувањето на 20-годишниот мировен договор меѓу Империјата и Бугарија, Теофил почнал да ја пустоши бугарската граница. Бугарите возвратиле, и под водство на Исбул тие пристигнале во Едрене. Во овој период, ако не и порано, бугаритего освоиле и Филиполис (Пловдив) и околината.Канот Маламир починал во 836 година.

Мирот меѓу србите, византијците, и бугарите траел до 839 година.[11] Властимир Српски обединил неколку племиња,[12] и Теофил им дал на србите независност,[13] Властимир го признал владението на царот.[11] Освојувањето на западна Македонија од страна на бугарите ја променила политичката ситуација.Маламир или неговиот наследник виделе опасност во српското обединување и се задале да ги покорат во разгорената борби за освојување на словенските земји.[11] Друга причина за нападот можно е да била тоа што византијците сакале да го одвлечат вниманието за да можат да се справат со словенското бунтување на Пелопонез, што значело дека ги пратиле србите за да ја започнат војната.[14] Се сметало дека брзото ширење на бугарите над словените ги натерало србите да се обединат во држава.[11]

Канот Пресијан (836–852)[15] ја нападнал српските територии во 839 година (Погледајте Бугарско-српски војни). Овој напад довел до три годишна војна, во која Властимир бил победник[16] Пресијан бил тешко поразен, и не стекнал нови територии, и загубил голем број од своите воини. Србите имале тактичка предност во ридовите,[17] и бугарите биле протерани од војската на Властимир.[14] Војната завршила со смртта на Теофил, што го ослободило Влстимир од неговите обврски спрема Византија.[18]

Смрт и оставштина[уреди | уреди извор]

Слика на Теофил на златен солид.

Здравјето на Теофил постепено се влошувало, и тој починал на 20 Јануари 842 година.[19] Теофил ги зајакнал ѕидините на Константинопол[1] и изградил болница, која опстоила се до самиот крај на Византија.

Семејство[уреди | уреди извор]

Солид кој го прикажува Теофил, со неговиот татко Михаил II и неговиот најстар син Константин на позадината.

Со неговиот брак со Теодора, Теофил имал седум деца:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Timothy E. Gregory, A History of Byzantium, (Blackwell Publishing Ltd, 2010), 227.
  2. John Skylitzes, A Synopsis of Byzantine History, 811–1057: Translation and Notes, transl. John Wortley, (Cambridge University Press, 2010), 51 note1.
  3. J. Norwich, Byzantium: The Apogee, 47
  4. I. Sevcenko, Review of New Cambridge History of the Byzantine Empire, Slavic Review, p. 111, 1968.
  5. W. Treadgold, A History of the Byzantine State and Society, 440
  6. The claim that Sozopetra or Arsamosata was Mu'tasim's native city is found only in Byzantine sources. This claim is dismissed by most scholars as a later invention, i.e. as a parallel to Amorium, the likely birthplace of Theophilos. It was probably added deliberately to balance and lessen the effect of the blow that the latter's fall represented. Bury 1912, стр. 262 (Note #6); Treadgold 1988, стр. 440 (Note #401); Vasiliev 1935, стр. 141. Kiapidou 2003, Note 1.
  7. J. Haldon, The Byzantine Wars, 83
  8. W. Treadgold, A History of the Byzantine State and Society, 441
  9. J. Norwich, Byzantium: The Apogee, 43
  10. J. Norwich, A History of Venice, 32
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 Bury 2008, стр. 372
  12. L. Kovacevic & L. Jovanovic, Историjа српскога народа, Belgrade, 1894, Book 2, pp. 38—39
  13. S. Stanojevic, Историjа српскога народа, Belgrade, 1910, pp. 46—47
  14. 14,0 14,1 Известия за българите, pp. 42—43
  15. Fine 1991, стр. 108
  16. Fine 1991, стр. 110
  17. Runciman 1930, стр. 88
  18. Houtsma 1993, стр. 199
  19. John Skylitzes, A Synopsis of Byzantine History, 811–1057: Translation and Notes, transl. John Wortley, 81 note114.

Извори[уреди | уреди извор]


Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Теофил (владетел)
Роден(а): 813 Починал(а): 20 јануари 842
Владејачки титули
Претходник
Михаил II
Византиски цар
829–842
Наследник
Михаил III