Прејди на содржината

Кошарка на Летните олимписки игри 2012

Од Википедија — слободната енциклопедија

Кошаркарскиот турнир на Олимписките игри 2012 во Лондон се одржува од 28 јули до 12 август 2012 година. Натпреварите ќе се играат во новата Кошаркарска арена со капацитет од 12.000 гледачи, а финалните натпревари ќе се играат во О2 Арената.

На турнирот учествуваат 24 репрезентации, по 12 во двете конкуренции. Во двете конкуренции титулите ги бранат репрезентациите на САД.

Освојувачи на медал

[уреди | уреди извор]
Дисциплини Злато Сребро Бронза
Мажи
Жени

Формат на натпреварувањето

[уреди | уреди извор]
Кошаркарската арена ќе биде домаќин на кошаркарскиот турнир
О2 арена ќе биде домаќин на финалните натпревари

Натпреварите во кошарка ќе се одвиваат во машка и женска конкуренција (по 12 репрезентации во двете конкуренции). Учесниците ќе бидат поделени во две групи од по 6 екипи. Откако ќе биде одиграна групната фаза каде репрезентациите ќе играат секоја против секоја, четирите најдобропласирани репрезентации од двете групи го продолжуваат натпреварувањето во елиминационата фаза која ќе трае сè до финалниот натпревар.

Квалификации

[уреди | уреди извор]

Екипите кои се квалификувале за турнирот може да пријават највеќе 12 играчи. Во двете конкуренции ќе учествуваат 12 репрезентации поделени во две групи од по 6 екипи.

По правилото на МОК, државата домаќин на игрите автоматски добива можност за учество на игрите во сите спортови. Меѓутоа, кошаркарската репрезентација на Обединетото Кралство не постоела сè до 2006 година, и било неизвесно нејзиното учество на игрите. Меѓутоа, извршниот одбор на ФИБА на седница во Лион (Франција) на 13 март 2011 ги разрешил сите недоумици, дозволувајќи му на британскиот тим да учествува на игрите[1][2]

Репрезентациите се квалификувале преку натпреварувањата на ФИБА (континентални првенства, светски првенства и олимписки квалификациски турнир).

ТурнирДатумДомаќинБрој на местаКвалификанти
Домаќин на игрите1 Обединето Кралство
ФИБА Светско првенство 201028 август - 12 септември 2010. Турција1 САД
Африканско првенство 201117. – 28 август 2011. Мадагаскар1 Тунис
Азиско првенство 201115. – 25 септември 2011. Кина1 Кина
Панамеричко првенство 2011.25 август – 8 септември 2011. Аргентина2 Аргентина
 Бразил
Европско Првенство 201131 август – 18 септември 2011. Литванија2 Шпанија
 Франција
Првенство на Океанија 20117. - 11 септември 2011. Австралија1 Австралија
Олимписки квалификациии 20122. јул – 8. јул 2012.Венецуела Каракас3 Русија
 Литванија
 Нигерија
Вкупно12
ТурнирДатумДомаќинБрој на местаКвалификанти
Домаќин на игрите1 Обединето Кралство
СП за жени 201023 септември – 3 октомври 2010. Чешка1 САД
Африканско првенство 201123 септември - 2 октомври 2011. Мали1 Ангола
Азиско првенство 201121. – 28 август 2011. Јапонија[3]1 Кина
Панамериканско првенство 201124 септември – 1 октомври 2011. Колумбија[4]1 Бразил
Европско првенство 201118. јун – 3. јул 2011. Полска1 Русија
Првенство на Океанија 20117. – 11 септември 2011. Австралија1 Австралија
Олимписки квалификации 201225. јун – 1. јул 2012.Турција Анталија5 Франција
 Турција
 Чешка
 Хрватска
 Канада
Вкупно12

Календар

[уреди | уреди извор]
Дисцип.↓/Датум →28. јул29. јул30. јул31. јул1. авг2. авг3. авг4. авг5. авг5. авг7. авг8. авг9. авг10. авг11. авг12. авг
мажиГФГФГФГФГФ¼½Ф
ЖениГФГФГФГФГФ¼½Ф

Официјалниот ждреб за групната фаза на кошаркарскиот турнир бил одржан во Лондон на 30 април 2012.[5]

Мажи
Група AГрупа Б
 Аргентина Австралија
 Франција Бразил
 Литванија Кина
 Нигерија Обединето Кралство
 Тунис Русија
 САД Шпанија
Жени
Група AГрупа Б
 Ангола Австралија
 Кина Бразил
 Хрватска Канада
 Чешка Франција
 Турција Обединето Кралство
 САД Русија

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) за кошаркарскиот турнир ги делегирала следниве 30 судии:[6]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Кошаркарите на УК на игрите во Лондон БиБиСи Спорт
  2. УК учествува на игрите во Лондон БиБиСи Спорт
  3. „Азиско првенство на ФИБА за жени 2011“. Архивирано од изворникот на 2012-08-22. Посетено на 2012-07-14.
  4. „ФИБА Америка 2011“. Архивирано од изворникот на 2013-08-31. Посетено на 2012-07-14.
  5. "Groups drawn for Olympic Basketball competitions". Архивирано на 9 јули 2012 г. FIBA.
  6. „Find a Referee“. FIBA. Архивирано од изворникот на 2017-11-29. Посетено на 27 June 2012.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]