Пинг-понг на Летните олимписки игри 2012
Пинг-понг на Летните олимписки игри 2012 ![]() | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
Поединечно | Мажи | Жени | ||||
Екипно | Мажи | Жени |
Натпреварите во пинг-понг на Летните олимписки игри 2012 беа одржани од 28 јули до 8 август 2012 година во Ексел Центарот во Лондон. Се натпреваруваа вкупно 173 натпреварувачи во 4 дисциплини, од кои 86 во машка конкуренција и 87 во женска конкуренција.[1] На програмата на Олимписките игри пинг-понгот е од Летните олимписки игри 1988 кои беа одржани во Сеул.[2] Покрај поединечните категории во машка и во женска дисциплина, на овие олимписки игри за вторпат во историјата ќе се одржат екипни натпревари, заменувајќи ги натпреварите во парови од Летните олимписки игри 2008.
Кина успешно ги одбранила сите 4 златни медали од претходните игри.[2]
Квалификации[уреди | уреди извор]
Како домаќин, Велика Британија директно квалификувала 6 натпреварувачи; тим во машка конкуренција, од кој еден од натпреварувачите ќе се натпреварува во поединечна конкуренција, и тим во женска конкуренција, од кој една од натпреварувачките ќе се натпреварува исто така во поединечна конкуренција.[3][4]
Најдобите 28 машки и женски натпреварувачки на ранг списокот на Меѓународната Пинг-понг Федерација по Светското првенство во Пинг-понг 2011, кое завршило на 15 мај 2011 во Холандија, беа квалификувани во поединечна категорија. Ниту една држава не може да има повеќе од два претставника во поединечните категории на игрите, па така на некои натпреварувачи кои биле пласирани под 28-то место им било доделено место според нивниот ранкинг.[5]
Во периодот од 28 јуни 2011 до 22 април 2012 биле одржани 10 квалификациони турнири на кои место на игрите обезбедиле уште 40 натпреварувачи.[3] Последниот квалификациски турнир се одржал на 10 мај 2012 на кој уште два натпреварувачи во двете категории обезбедиле пласман на пинг-понг турнирот. Во двете категории била доделена по една специјална покана од страна на Меѓународната Пинг-понг федерација.
Во екипната категорија учествувале 16 екипи во двете конкуренции, составени од по 3 натпреварувачи. Освен Велика Британија, квалификацијата на преостанатите 15 екипи се засновала на бројот на квалификувани натпреварувачи во поединечна конкуренција како и на пласманот на екипите на Светското првенство во пинг-понг 2012 во екипна категорија.
Распоред[уреди | уреди извор]
П | Преелиминации | ¼ | Четвртфинале | ½ | Полуфинале | Ф | Финале |
Дисциплина↓/Датум → | Саб 28 | Нед 29 | Пон 30 | Вто 31 | Сре 1 | Чет 2 | Пет 3 | Сат 4 | Нед 5 | Пон 6 | Вто 7 | Сре 8 | ||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Мажи поединечно | П | ¼ | ½ | Ф | ||||||||||
Мажи екипно | П | ¼ | ½ | Ф | ||||||||||
Жени поединечно | П | ¼ | ½ | Ф | ||||||||||
Жени екипно | П | ¼ | ½ | Ф |
Дисциплина[уреди | уреди извор]
Сите четири дисциплини биле одиграни со елиминациона фаза.
Дисциплини | Злато | Сребро | Бронза |
---|---|---|---|
Мажи поединечно подробно |
Жанг Џик![]() |
Ван Хао![]() |
Димитриј Овчаров![]() |
Жени поединечно подробно |
Ли Сјаосја ![]() |
Дин Нин![]() |
Фен Тианвеи![]() |
Мажи екипно подробно |
![]() Ван Хао Жанг Џик Ма Лонг |
![]() О Сан-Ин Јо Се-Хјук Ри Сунг-Мин |
![]() Тимо Бол Димитриј Овчаров Бастијан Штегер |
Жени екипно подробно |
![]() Дин Нин Гуо Јуе Ли Сјаосја |
![]() Аи Фукухара Касуми Ишикава Сајака Хирано |
![]() Фенг Тианвеи Ли Јиавеи Ванг Јуегу |
Табела на медали[уреди | уреди извор]
Место | Земја | Злато | Сребро | Бронза | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1 | ![]() |
4 | 2 | 0 | 6 |
2 | ![]() |
0 | 1 | 0 | 1 |
![]() |
0 | 1 | 0 | 1 | |
4 | ![]() |
0 | 0 | 2 | 2 |
![]() |
0 | 0 | 2 | 2 | |
Вкупно | 4 | 4 | 4 | 12 |
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Olympic Table Tennis Press Kit“ (PDF). ITTF. Архивирано од изворникот (ПДФ) на 2012-07-31. Посетено на 21 јули 2012.
- ↑ 2,0 2,1 „London 2012 Olympics: table tennis guide“. The Telegraph. 11 февруари 2011. Посетено на 3 мај 2011.
- ↑ 3,0 3,1 „Qualification System – Games of the XXX Olympiad“ (PDF). ITTF. 23 јуни 2011. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-06-11. Посетено на 7 август 2011.
- ↑ „Team GB take table tennis places for 2012 Olympics“. ББС Спорт. 4 март 2011. Посетено на 3 мај 2011.
- ↑ „London 2012 Olympics qualifying: Table Tennis“. ББС Спорт. 18 јануари 2011. Посетено на 3 мај 2011.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Меѓународна Пинг-понг федерација Архивирано на 1 октомври 2011 г.
- ЛОИ 2012 Пинг-понг
|