Ракометот на Летните олимписки игри 2012

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ракомет на
Летните олимписки игри 2012
Olympic rings without rims.svg
Податоци за првенството
Домаќини  Обединето Кралство
Траење 28 јули – 9 август 2012
Репрезентации 24 (од 5 конфедерации)
Одржувалишта(во 1 град-домаќин)
Конечен исход
Прваци  Франција (мажи)
 Норвешка (жени)
Второпласиран  Шведска (мажи)
 Црна Гора (жени)
Третопласиран  Хрватска (мажи)
 Шпанија (жени)
Четвртопласиран  Унгарија (мажи)
 Јужна Кореја (жени)

Ракометниот турнир на Летните олимписки игри 2012 се одржа од 28 јули до 12 август 2012. Натпреварите во групната фаза, и во четвртфиналето беа одиграни во салата Копер Бокс која е со капацитет од 7.000 места. Полуфиналето и натпреварите за медал ке се одиграат во поголемата кошаркарска арена.

Титулата олимписки шампион успешно ја одбранија репрезентациите на Франција во машка конкуренција и Норвешка во женска конкуренција.

Судии[уреди | уреди извор]

Извршниот комитет на Меѓународната ракометна федерација именувал седумнаесет судиски двојки:[1]

  • Франција Шарлот Бонавентура и Џули Бонавентура
  • Романија Диана-Кармен Флореску и Анамарија Дута
  • Аргентина Карлос Мариа Мариана and Даниел Леонел Миноре
  • Брег на Слоновата Коска Јалатима Кулибали и Мамаду Диабате
  • Хрватска Матија Губица И Борис Милошевиќ
  • Чешка Вачлав Хорачек И Јири Новотни
  • Данска Пер Олсен и Ларс Ејби Педерсен
  • Шпанија Оскар Ралуј И Анхел Сабросо
  • Франција Нодрин Лазар и Лорент Реверет
  • Обединето Кралство Брајан Бартлет и Алан Стоукс
  • Германија Ларс Геипел и Маркус Хеибиг
  • Македонија Ѓорѓи Начевски и Славе Николов
  • Норвешка Кенет Абрахамсен и Арне М. Кристиансен
  • Катар Мансур Абдула Aл-Суваиди and Салех Јаман Бамуртеф
  • Словенија Ненад Крстич и Петар Љубиќ
  • Србија Ненад Николиќ И Душан Стојковиќ
  • ОАР Омар Мухамед Зубаер Ал-Марзуки и Мухамед Рашид Мухамед Ал-Нуалми

Учесници[уреди | уреди извор]

На турнирот учествуваат по 12 репрезентации во двете конкуренции, вкупно 24 репрезентации.

Мажи[уреди | уреди извор]

Датум Турнир Бр. на места Квалификувани
Домаќин 1  Обединето Кралство
Светско првенство 2011 13—30 јануари 2011.  Шведска 1  Франција
Пан Американски игри 2011 16—24 октомври 2011.  Мексико 1  Аргентина
Азиски квалификации 2011 23. окт—2. нов 2011.  Јужна Кореја 1  Јужна Кореја
Африканско првенство 2012 10—21 јануари 2012.  Мароко 1  Тунис
Европско првенство 2012 15—29 јануари 2012.  Србија 1  Данска
Светски квалификации #1 6—8 април 2012.  Шпанија 2  Шпанија
 Србија
Светски квалификации #2 6—8 април 2012.  Шведска 2  Шведска
 Унгарија
Светски квалификации #3 6—8 април 2012.  Хрватска 2  Хрватска
 Исланд
Вкупно 12

Жени[уреди | уреди извор]

Датум Турнир Бр. на места Квалификувани
Домаќин 1  Обединето Кралство
Европско првенство 2010 7—19 декември 2010.  Данска и  Норвешка 1  Шведска
Азиски квалификации 2011 12—21 октомври 2011.  Кина 1  Јужна Кореја
Пан Американски игри 2011 15—23 октомври 2011.  Мексико 1  Бразил
Светско првенство 2011 2—18 декември 2011.  Бразил 1  Норвешка
Африканско првенство 2012 10—21 јануари 2012.  Мароко 1  Ангола
Светски квалификации #1 25—27 мај 2012.  Франција 2  Франција
 Црна Гора
Светски квалификации #2 25—27 мај 2012.  Шпанија 2  Шпанија
 Хрватска
Светски квалификации #3 25—27 мај 2012.  Данска 2  Русија
 Данска
Вкупно 12

Бидејќи Норвешка, како победник на Светското првенство 2011 обезбедила директен пласман на игрите, автоматски пласман обезбедила и репрезентацијата на Шведска, која била второпласирана на Европското првенство 2010 (по Норвешка).

Ждреб[уреди | уреди извор]

Ждребот за олимпискиот турнир во ракомет е одржан на 30 мај 2012 година во Лондон.[2] Вкупно 12 репрезентации во двете конкуренции се поделени во две групи од по 6 екипи. По групната фаза, најдобрите четирипласирани репрезентации го продолжуваат натпреварувањето во елиминационата фаза од турнирот.

Машки турнир
Група A Група Б
Женски турнир
Група A Група Б

Освојувачи на медали[уреди | уреди извор]

Медалисти[уреди | уреди извор]

Конкуренција Злато Сребро Бронза
Машки турнир  Франција (FRA)
Жером Фернандез
Дидие Динар
Хавиер Бараше
Гијом Жил
Бертранд Жил
Даниел Нарцис
Гијом Жоли
Самуел Хонрубија
Дауда Карабуе
Никола Карабатиќ
Тиери Омејер
Вилијам Акамбре
Лик Абало
Седрик Сорендо
Микаел Гигу
 Шведска (SWE)
Матијас Андерсон
Матијас Густафсон
Ким Андерсон
Јонас Калман
Магнус Јернемир
Никлас Екберг
Далибор Додер
Јонас Лархолм
Тобијас Карлсон
Јохан Јакубсон
Јохан Шестранд
Фредрик Петерсен
Ким Екдал ду Риц
Матијас Закрисон
Андреас Нилсон
 Хрватска (CRO)
Венио Лозерт
Ивано Балиќ
Домагој Дувњак
Блаженко Лацковиќ
Марко Копљар
Игор Вори
Јаков Гојун
Златко Хорват
Драго Вуковиќ
Дамир Бичаниќ
Денис Бунтиќ
Мирко Алиловиќ
Мануел Штрлек
Иван Чупиќ
Иван Нинчевиќ
Женски турнир  Норвешка (NOR)
Кари Алвик Гримсбо
Ида Алштад
Хајди Локе
Тоње Нестволд
Каролина Дуре Брајванг
Кристин Лунде-Боргерсен
Кари Мете Јохансен
Марит Малм Фрафјорд
Лин Јерум Суланд
Катрин Лунде Харалдсен
Лин-Кристин Ригелхут Корен
Герил Снореген
Аманда Куртовиќ
Камила Херем
 Црна Гора (MNE)
Марина Вукчевиќ
Радмила Миљаниќ
Јованка Радичевиќ
Ана Ѓокиќ
Марија Јовановиќ
Ана Радовиќ
Анџела Булатовиќ
Соња Барјактаровиќ
Маја Савиќ
Бојана Поповиќ
Сузана Лазовиќ
Катарина Булатовиќ
Мајда Мехмедовиќ
Милена Кнежевиќ
 Шпанија (ESP)
Андреа Барно
Кармен Мартин*
Нели Гарсија Алберто
Беатриз Фернандез
Вероника Квадрадо
Марта Манге
Макарена Агиљар
Силвија Наваро
Џесика Алонсо
Елизабет Пинедо
Бегоња Фернандез
Ванеса Амороз
Патриција Елорза
Михаела Чобану
Марта Лопез*

Табела на медали[уреди | уреди извор]

Место Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1 Франција 1 0 0 1
Норвешка 1 0 0 1
3 Црна Гора 0 1 0 1
Шведска 0 1 0 1
5 Хрватска 0 0 1 1
Шпанија 0 0 1 1
Вкупно 2 2 2 6

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „London 2012 Olympic Handball Tournaments – 17 referee couples nominated“. Меѓународна Ракометна Федерација. 27 февруари 2012. http://www.ihf.info/IHFCompetitions/OlympicGames/OlympicGamesLondon2012/News/NewsDetails/tabid/5921/Default.aspx?ID=1007. посет. 17 март 2012 г. 
  2. "Seeding List completed". Меѓународна Ракометна федерација. 8 април 2012.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]