Прејди на содржината

Женска ракометна репрезентација на Црна Гора

Од Википедија — слободната енциклопедија
Црна Гора Црна Гора
Податоци
СојузРакометен сојуз на Црна Гора
ТренерШведска Пер Јохансон
КапитенЈованка Радичевиќ
Најмногу натпревариЈованка Радичевиќ (159)
Најмногу головиЈованка Радичевиќ (874)
Бои
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Дома
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Гости
Резултати
Летни олимписки игри
Настапи2 (првпат во 2012)
Најдобар резултат2-ро, (2012)
Светско првенство
Настапи5 (првпат во 2011)
Најдобар резултат5-то, 2019
Европско првенство
Настапи5 (првпат во 2010)
Најдобар резултат1-во, 2012
Последна поднова на податоците: 13 декември 2019.

Женската ракометна репрезентација на Црна Гора е репрезентација кој ја претставува Црна Гора на меѓународните ракометни натпреварувања во женска конкуренција. Репрезентацијата е под контрола на Ракометниот сојуз на Црна Гора.

Репрезентацијата е формирана во 2006 година, по распадот на Србија и Црна Гора и истата година е примена во ЕХФ и ИХФ. Најголемиот успех на репрезентацијата на Црна Гора е освојувањето на златниот медал на Европското првенство 2012 во Србија, каде во финалето ја победиле најтрофејната репрезентација во женскиот ракомет, Норвешка, по две продолженија. Покрај тоа, Црна Гора има и сребрен медал освоен на Олимписките игри 2012 во Лондон, каде биле поразени во финалето од Норвешка.

Историја

[уреди | уреди извор]

Репрезентацијата е формирана во 2006 година, по распадот на Србија и Црна Гора и истата година е примена во ЕХФ и ИХФ. Својот прв натпревар го одигралала во ноември 2006, во Хеб, Чешка, против Бугарија во квалификациите за Светското првенство 2007 во Франција и победила со 32-28.

Првиот пласман на некое натпреварување бил остварен во 2010 година, кога бил изборен пласман на Европското првенство 2010, после пет победи и едно реми во квалификациите. Црна Гора испаднала во втората рунда, заземајќи го третото место во групата; поразени биле од Франција во натпреварот за петтото место, па така на крајот завршиле како шести на својот деби турнир. Најголемите успеси бил остварени под водство на селекторот Драган Аџиќ. На Олимписките игри 2012 освоиле сребрен медал, откако на одличниот турнир за нив биле сопрени дури во финалето од Норвешка; сепак неколку месеци потоа црногорките го освоиле своето прво злато на турнирите, триумфирајќи на Европското првенство 2012, во Србија со победа во финалето токму над Норвешка после две продолженија.

Откако Бојана Поповиќ се опростила од репрезентацијата, следувал резултатски пад; освоено било четвртото место на Европското првенство 2014, а потоа уште една се поразени од Норвешка во четвртфиналето на Светското првенство 2015. Негативните резултати кулминирале на Олимписките игри 2016, во Рио де Жанеиро, када настапот го завршиле во групната фази со сите пет порази.

На Светското првенство 2017, Црна Гора била поразена во четвртфиналето од подоцнежаниот шампион Франција со 25-22 и завршила на седмото место, што бил најдобар резултат на популарните лавици на Светските првенства. Сепак, тој резултат бил поправен две години подоцна кога Црна Гора завршила на петтото место на Светското првенство 2019 во Јапонија.

Резултати

[уреди | уреди извор]

Летни олимписки игри

[уреди | уреди извор]
Година Место ОН П Н И ДГ ПГ +/-
Кина 2008Не се квалификувале
Обединето Кралство 20122-ро8413210197+13
Бразил 201611-то5005107134-27
Јапонија 2020TBD
Франција 2024TBD
Вкупно2/313418317331-14

Светско првенство

[уреди | уреди извор]
Година Место ОН П Н И ДГ ПГ +/–
Франција 2007Не се квалификувале
Кина 2009Не се квалификувале
Бразил 201110-то6303162138+24
Србија 201311-то6402156114+42
Данска 20158-мо9513255229+26
Германија 20177-мо7313188181+7
Јапонија 20195-то9702249233+16
Шпанија 2021TBD
Вкупно5/737222131010895+115

Европско првенство

[уреди | уреди извор]
Година Место ОН П Н И ДГ ПГ +/–
Македонија 2008Не се квалификувале
ДанскаНорвешка 20106-то7403170169+1
Србија 20121-во 8701215196+19
УнгаријаХрватска 20144-то8503199187+12
Шведска 201613-то31026370-7
Франција 20189-то63031601600
ДанскаНорвешка 2020TBD
Вкупно5/63220012807782+25

Финалиња

[уреди | уреди извор]

Олимписки игри 2012

11 август 2012
20:30
Норвешка  26 – 23  Црна Гора Баскетбол арена, Лондон
Гледачи: 9,739
Судии: Бонавентура, Бонавентура (ФРА)
Суланд 10 (13–10) 10 Булатовиќ
Suspension добил жолт картон Извештај Suspension добил жолт картон Red card

Европско првенство 2012

16 декември 2012
17:00
Норвешка  31 – 34 (Прод.)  Црна Гора Белградска арена, Белград
Гледачи: 10,000
Судии: Марин, Гарсија (ШПА)
Алстад 11 (11–12) 10 Кнежевиќ
Suspension добил жолт картон Извештај Suspension добил жолт картон

Рег.: 24–24 Прод.: 4–4, 3–6

Моментален состав

[уреди | уреди извор]

Состав за Светското првенство 2019.[1][2]

Тренер: Шведска Пер Јохансон

Бр. Поз. Име и презиме Датум на раѓање (возраст) Висина Настапи Голови Клуб
1 GK Марина Рајчиќ 24 август 1993(1993-08-24)(32 г.) 1.78 m 119 2 Црна Гора ЖРК Будуќност Подгорица Будуќност
4 RW Јованка Радичевиќ 23 октомври 1986(1986-10-23)(39 г.) 1.69 m 159 874 Црна Гора ЖРК Будуќност Подгорица Будуќност
9 LB Ѓурѓина Јауковиќ 24 февруари 1997(1997-02-24)(28 г.) 1.85 m 64 198 Црна Гора ЖРК Будуќност Подгорица Будуќност
15 RB Андреја Кликовац 5 мај 1991(1991-05-05)(34 г.) 1.80 m 77 48 Романија ЧСМ Букурешт ЧСМ Букурешт
16 GK Љубица Ненезиќ 15 јануари 1997(1997-01-15)(28 г.) 1.79 m 27 0 Романија Глорија Бистрица Глорија Бистрица
20 RB Николина Кнежевиќ 2 јули 2000(2000-07-02)(25 г.) 1.83 m 5 2 Црна Гора ЖРК Будуќност Подгорица Будуќност
23 RW Дијана Ујкиќ 5 јули 1996(1996-07-05)(29 г.) 1.72 m 36 36 Романија Магура Чиснадие Магура Чиснадие
27 RB Сања Премовиќ 27 ноември 1992(1992-11-27)(32 г.) 1.82 m 37 5 Црна Гора ЖРК Будуќност Подгорица Будуќност
32 RB Катарина Булатовиќ 15 ноември 1984(1984-11-15)(40 г.) 1.90 m 94 473 Унгарија Ѓер Ѓер Ауди ЕТО
34 P Татјана Брновиќ 9 ноември 1998(1998-11-09)(26 г.) 1.84 m 32 57 Црна Гора ЖРК Будуќност Подгорица Будуќност
43 GK Марта Батиновиќ 20 април 1990(1990-04-20)(35 г.) 1.88 m 11 0 Романија Р’мнику В’лча Р’мнику В’лча
55 LW Дијана Мугоша 22 октомври 1995(1995-10-22)(30 г.) 1.69 m 14 8 Хрватска Подравка Копривница Подравка Копривница
66 P Ема Рамусовиќ 28 ноември 1996(1996-11-28)(28 г.) 1.87 m 58 49 Црна Гора ЖРК Будуќност Подгорица Будуќност
77 LW Мајда Мехмедовиќ 25 мај 1990(1990-05-25)(35 г.) 1.69 m 118 314 Црна Гора ЖРК Будуќност Подгорица Будуќност
80 LB Јелена Деспотовиќ 30 април 1994(1994-04-30)(31 г.) 1.83 m 80 85 Унгарија Дебрецин Дебрецин
90 CB Милена Раичевиќ 12 март 1990(1990-03-12)(35 г.) 1.78 m 153 478 Црна Гора ЖРК Будуќност Подгорица Будуќност
96 CB Итана Грбиќ 1 септември 1996(1996-09-01)(29 г.) 1.69 m 49 48 Романија ЧСМ Букурешт ЧСМ Букурешт
  1. „Johanson objavio konačan spisak za Japan“. rscg.me. Архивирано од изворникот на 2020-01-22. Посетено на 21 November 2019.
  2. 2019 World Women's Handball Championship squad

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]