Белградска арена

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Комбанк арена

Надворешен изглед на салата

Место Белград, Србија
Започнат 1991
Отворен 2004
Сопственик Белград
Игра Кошаркарска репрезентација на Србија (мажи и жени), Партизан (мажи и жени), Црвена Ѕвезда (мажи)
Гледачи
Белградска Арена (трибини)

Белградска арена е голема сала во Нов Белград наменета за спортски настани, концерти, саеми, конгреси и др.

Изградена е од 1991 година, а свеченото отварање било во 2004 год. Вкупната цена на изградбата достигнала до 70 милиони евра. Комплексот се состои од голема сала, мала сала и паркинг.

Белградската арена има површина од 48,000 квадратни метри, распоредени во 6 етапи. Капацитетот на арената се состои од 18,386 седишта[1] во зависност од настаните. Во салата има и 68 луксузни ложи, кои можат да примат 768 посетители, ВИП Салонот со 38 места може да се користи за конференција за новинарите.

Во салата може да се одржуваат натпреварувања во бокс, одбојка, кошарка, тенис, боречки вештини, ракомет, мал фудбал,уметничко лизгање, атлетика, гимнастика и коњички спортови.

Најголеми сали во Европа
Име на објектот Држава Капацитет
СЦЦ Петебургски Русија 25.000
Синан Ердем Дом Турција 22.500
Спортска палата Мерксем Белгија 21.000
Келн Арена Германија 20.000
Белградска арена Србија 19.982*

Надворешни врски[уреди | уреди извор]