ЖРК ЧСМ Букурешт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
ЧСМ Букурешт
CSM Bucuresti logo.jpg
Целосен називЖенски Ракометен Клуб ЧСМ Букурешт
ПрекариТигрици
Основан2007
ИгралиштеПоливалентна сала, Букурешт
Приемност5.300[1]
ПрестедателРоманија Габриела Шабо
Главен тренерШведска Магнус Јохансон
ЛигаЛига Национала
2017–20181ви
Бои
Клупски бои         
Дресови
Бои на екипата
Kit body whiteleftsideshoulder.png
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Домашен
Бои на екипата
Kit body blackleftsideshoulder.png
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Гостински
Мреж. место
Матична страница

ЖРК ЧСМ Букурешт е женски ракометен клуб од Букурешт, Романија. Моментално се натпреварува во романската прва лига Лига Национала.

Клубот е основан во 2007 година и оттогаш четири пати бил Шампион на Романија (2014-2015, 2015-2016 и 2016-2017, 2017-2018), три пати освојувач на купот (2016, 2017 и 2018), еднаш на Суперкупот на Романија (2016). Исто така клубот бил и европски шампион во сезоната 2015-2016 кога во својата дебитантска сезона во Лигата на шампионите стигнале до финалето и таму го совладале унгарскиот Ѓер.

Својте домашни натпревари ЧСМ ги игра во Поливалентната сала во Букурешт која има капацитет од 5.300 седечки места.

Историја[уреди | уреди извор]

2007-2014[уреди | уреди извор]

Клубот е основан со Одлука на Генералниот совет на Букурешт бр.153/19.06.2007,[2] како женска ракометена екипа во асоцијацијата на полиспортското друштво, ЧСМ Букурешт. Тимот се активирал во ниските ракометни лиги во наредните две сезони, без забележителни резултати. По завршувањето на сезоната 2008-2009, екипата на Рапид Букурешт се соочила со сериозни финансиски проблеми по повлекувањето на главниот спонзор, а 11 од ракометарките на клубот заедно со тренерот Василе Маргалеску, се преселиле во ЧСМ Букурешт.[3] Со неколку искусни играчи како Алина Добрин, Кристина Николае и Андреа Кручеану, ЧСМ Букурешт освоил 18 победи во Дивизијата А (втора лига на Романија во ракомет за жени) и изборил промоција во Лига Национала.[4]

Почнувајќи од 2010 година, ЧСМ Букурешт станал постојан член на Лига Национала, а во својата прва официјална сезона во првата лига, тимот успева да ја заземе третата позиција, зад Олчим Валеа и Универзитатеа Клуж. Овој резултат му донел можност на клубот за прв пат да учествува во европските натпреварувања : во сезоната 2011-2012 ЧСМ Букурешт дебитирал во Купот на ЕХФ, каде што го поразиле полскиот Селгрос Лублин во двомеч.[5] Тимот стигнал до шеснаесттина финалето од ова натпреварувања, каде што бил поразен од Залау.[6] ЧСМ Букурешт се одржил во Лига Национала, но без којзна какви резултати; почнувајќи од 2012 година, нивото на игра на клубот е намалено, а сезоната 2012-2013 ја завршиле на 8. место.

Реорганзиација

На почетокот на 2014 година, како резултат на лошите резултати на ЧСМ Букурешт, тренерот Василе Марулеску бил отпуштен и на негово место била доведена Данкињата Мете Клит.[7] Веднаш потоа се огласиле и претставниците на клубот кој изјавиле дека имаат намера да го претворат ЧСМ Букурешт во екипа што ќе се бори за освојување на националната титула, а потоа да игра и во Лигата на шампионите.[8] Почнувајќи од февруари 2014 година, клубот започнал трансфер кампања, која имала за цел да донесе играчи од висока класа во тимот со кои раководството на клубот се надевало дека саканата цел ќе може да се постигне. Во пролетта 2014 година, меѓу останатите кој потпишале за букурешкиот клуб биле: Патриција Визиту, Јулија Куреа, Мајса Песоа, Ана Паула Родригес, Оана Манеа, Талида Толнаи, Деонис Кавалеиро, Фернанда да Силва, Кармен Мартин и Линеа Торстенсон.[9][10][11][12]

Сезона 2014-2015; Првата национална титула[уреди | уреди извор]

Во рамките на подготовките за новата сезона, од 21 до 24 август 2014 година, клубот бил домаќин на првото издание на пријателскиот турнир Трофеј Букурешт.[13] Настанот, најавен од романскиот медиуми како "најпрестижниот пријателски турнир кој се играл во Романија", се одржал во друштво на врвни екипи од Европа, вклучувајќи го и ЖРК Будуќност (финалист во 2014 година во Лигата на шампионите).[14] ЧСМ Букурешт победил во сите свои натпревари и го освоил трофејот, откако во финалето на турнирот го поразиле токму Будуќност, со резултат 24-20.[15]

На 30 август, новиот тим на ЧСМ дебитирал во Лига Национала, во натпреварот против Залау.[16] Натпреварот завршил со победа за клубот од главниот град на Романија, а по неа следела серија од седум победи едноподруго.[17] Во еден од овие натпревари, претставници на клубот настапувале без официјалните значки, а Романската ракометна федерација (FRH) одлучила да му ја додели победата на спротивниот тим и да го казни ЧСМ Букурешт со одземање на еден поен.[18] Првиот пораз на клубот на домашната сцена се случил, на гостувањето кај екипата на Баја Маре, главниот конкурент за титулата таа сезона,[19] со 24-21.[20] Сепак "Тигриците", предводени од бразилскиот среден бек Ана Паула Родригес, останале без пораз во националната лига до крајот на натпреварувањето за таа сезона. ЧСМ исто така и се реванширал на екипата на Баија Маре за поразот во првиот дел од сезоната, победувајќи ја на домашен терен во март 2015 година, со резултат 29-23,[21] за време на кој посебно се истакнале Родригес, Линеа Торстенсон, Кармен Мартин и голманката Мајса Песоа.[22] Иако на крајот од регуларниот дел од сезоната ЧСМ Букурешт завршил на второто место во Лига Национала, во пролетта 2015 година, клубот триумфирал во Лига Национала освојувајќи ја првата своја титула во романското првенство.[23] Во плејофот на Лига Нациоанала, ЧСМ Најпрво ги елиминирал екипите на Дунареа Браила и Корона Брашов,[24][25] а потоа во финалето со две последователни победи биле подобри од ривалот Баија Маре.[26] Така по серијата одлични резултати во плејофот (6 победи без ниту еден пораз), екипата на ЧСМ предводена од Мете Клит на 26 мај 2015 година била крунисана за шампион на Романија, за прв пат во својата историја.[27] Ривалството на ЧСМ Букурешт и Баија Маре продолжило и во финалето на другите две натпреварувања: Купот и Суперкупот на Романија, каде и двата трофеи и припаднале на екипата од Марамуреш.[28][29]

Сезона 2015-2016; Освојувањето на Лигата на шампионите и домашна доминација[уреди | уреди извор]

Со освојувањето на националната титула во 2015 година, ЧСМ Букурешт добил право да игра во Лигата на шампиони, најпрестижното меѓународно натпреварување.[30] Во желбата да предложи што подобар настап, со цел да има подобар тим за новата сезона клубот направил голем број важни трансфери како: швеѓанката Изабел Гулден (МВП на Европското првенство 2014)[31] искусниот среден бек Мика Брадеану, и Данкињите Лине Јоргенсен и Марија Фискер му се приклучиле на тимот,[32] додека неколку играчи кој го напуштиле клубот биле: Талида Толнај, Ирина Глибко и Патриција Визитиу.[30] Помеѓу 20 и 23 август ЧСМ Букурешт бил домаќин на второто издание на пријателскиот турнир во Букурешт. Овој пат, "тигриците" ги совладале екипите на Корона Брашов и ЖРК Вардар[33] а во финалето во многу избалансиран натпревар повторно како и пред една година го совладале Будуќност (победник на Лигата на Шампионите 2015), со резултат 26-27.[34] Во септември 2015 година имало промена на тренерското место, каде Мете Клит била заменета од страна на друг данец Ким Расмусен како главен тренер.[35]

Под раководството на тренерот Ким Расмусен, ЧСМ Букурешт имал серија од 25 последователни победи во домашното првенство, вклучувајќи ја и победата на домашен натпревар над Баија Маре, екипа која и во оваа сезона останала главен против кандидат за титулата.[36] Така, клубот ја освоил својата втората титула шампион на Романија во април 2016 година.[37] Единствениот пораз дошол на гостувањето кај Баија Маре, во последното коло од првенството, кога ЧСМ веќе математички ја имал обезбедено титулата.[38] Исто така, сезоната 2015-2016 донела уште други два успеха за клубот од Букурешт: освојувањето на Купот на Романија (против Баија Маре во полуфиналето и Роман во финалето),[39] како и Суперкупот на Романија (против Роман).[40] Така, на крајот од сезоната ЧСМ Букурешт ги освоил сите три можни трофеи во Романија, како прв клуб од главниот град на Романија кој успеал да го постигне ова.[41]

На европската меѓународна сцена, ЧСМ Букурешт го имал своето деби во Лигата на шампионите во прелиминарната група заедно со Будуќност, ИК Савехоф и МКС Селгорос Лублин.[42] Двете победи против екипите од Шведска и Полска, но и ремито против црногорскиот тим, му донеле на клубот второ место во оваа група и плсаман понатаму.[43] Во следната фаза на натпреварувањето, соочен со повреди на некој од ракометарките,[44] како и со финансиската нестабилност,[45] ЧСМ неможел да се спротистави на силните екипи како Ѓер и Вардар забележувајќи четири порази по два од двете споменати екипи. Сепак, "тигриците" имале акумулирано доволен број на поени за да се квалификуваат во четвртфиналето на турнирот, од четвртото место во групата што автоматски значело дека ќе играат со најдобрата екипа од другата група, рускиот Ростов-Дон кој бил непоразен оваа сезона во Лигата на шампионите и се сметал за еден од најголемите фаворити за титулата. Сепак, ЧСМ успеал да направи големо изненадување совладувајќи го Ростов со еден гол разлика во двата натпревари (26-25 во Букурешт и 29-28 во Русија), и така се пласирале на фајналфорот.[46] На фајналфорот на кој учетвувале четирите најдобри екипи во Лигата на шампионите за сезоната, одржани во Будимпешта на 7 и 8 мај 2016 година, екипата на ЧСМ Букурешт во полуфиналето го победила Вардар со 27-21 и се квалификувала за прв пат во големото финале на натпреварувањето.[47] На крајот, во финалето клубот го совладал Ѓер со 29-26 во многу изедначен натпревар, чиј исход бил одлучен дури по две продолженија и изведување на удари од 7 метри (по кои било 4-1 за ЧСМ), во кои Мика Бредеану го постигнала победничкиот гол за екипата од Букурешт.[48] Во финалето, значителен придонес за победата имала швеѓанката Изабел Гулден, која постигнала дури 15 од головите на ЧСМ.[48] Таа исто така бил најдобар стрелец на натпреварувањето за сезоната со 108 постигнати гола, додека хрватската голманка Јелена Грубишиќ била именувана за МВП на фајналфорот.[49] Со освојувањето на овој трофеј, ЧСМ Букурешт повторно ја донел титулата европски шампион во Романија по пауза од 52 години. Последната победа на некоја романската екипа во ова натпреварување пред тоа датирала од 1964 година кога европски шампион бил Рапид Букурешт.[50]

Сезона 2017-2018[уреди | уреди извор]

ЧСМ Букурешт пристапил во натпреварувачката сезона 2017-2018 со неколку важни промени. Од клубот си заминале шпанката Кармен Мартин и швеѓанката Линеа Торстенсон, како и Кристина Варзару и Мика Брадеану кои ги завршиле нивните ракометни кариери, но ЧСМ се засилил со доаѓањето на Кристина Неагу (избрана за Најдобар играч на светот во 2016 година),[51] норвежанките Аманда Куртовиќ и Марит Малм Фрафјорд (многукратни европски, светски и олимписки шампионки),[52] и швеѓанката Натали Хагман (избрана за Ол Стар десно крило на Олимпискиот турнир 2016).[53] Исто така, функцијата тренер ја превзела данкињата Хеле Томсен која исто така е тренер и на холандската репрезентација.[54]

Хронологија[уреди | уреди извор]

Хронологија на ЧСМ Букурешт
  • 2007 - Основан и влегува во пониските лиги.
  • 2007-2008 - ?
  • 2008-2009 - ?
  • 2009-2010 - 1. место во Дивизија А Rise Промоција во Лига Национала.
  • 2010-2011 - 3. место во Лига Национала.
    Четвртфинале во Купот на Романија.
  • 2011-2012 - 7. место во Лига Национала.
    Осминафинале во Куп на ЕХФ.
  • 2012-2013 - 8. место во Лига Национала.
    Полуфинале во Купот на Романија.
  • 2013-2014 - 7. место во Лига Национала.
    Осминафинале во Купот на Романија.
  • 2014-2015 - 2. место во Лига Национала. Победник во плејофот на Лига Национала
    First place Шампиони на Романија (1. титула)
    Финале во Купот на Романија.
  • 2015-2016 - 1. место во Лига Национала. First place Шампиони на Романија (2. титула)
    First place Победник на Купот на Романија (1. титула)
    First place Победник на Суперкупот на Романија (1. титула)
    First place Победник на ЕХФ Лигата на шампионите (1. титула)
  • 2016-2017 - 1. место во Лига Национала. First place Шампиони на Романија (3. титула)
    First place Победник на Купот на Романија (2. титула)
    First place Победник на Суперкупот на Романија (2. титула)
    3. место во ЕХФ Лигата на шампионите
  • 2017-2018 - 1. место во Лига Национала. First place Шампиони на Романија (4. титула)
    First place Победник на Купот на Романија (3. титула)
    First place Победник на Суперкупот на Романија (3. титула)
    3. место во ЕХФ Лигата на шампионите
  • 2018-2019 - учествува во Лига Национала.
    учествува во Купот на Романија.
    Пораз во Суперкупот на Романија
    учествува во ЕХФ Лигата на шампионите

Титули[уреди | уреди извор]

Домашни натпреварувања[уреди | уреди извор]

Ракометарките на ЧСМ Букурешт го слават освојувањето на Трофеј Букурешт 2014 по победата над ЖРК Будуќност
  • Лига Натионала
    • Прво место Победник (3): 2014–2015, 2015–2016, 2016–2017
    • Трето место Трето место (1): 2011
  • Куп на Романија
    • Прво место Победник (2): 2016, 2017
    • Silver medal with cup.svg Финалист (1): 2015
  • Суперкуп на Романија
    • Прво место Победник (1): 2016
    • Silver medal with cup.svg Финалист (1): 2015

Европски натпреварувања[уреди | уреди извор]

Останати натпреварувања[уреди | уреди извор]

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав 2017-2018[уреди | уреди извор]

Обновено на 3 јули 2017

Голмани
Крила
Десни крила
Леви крила
Пивоти

Бекови
Леви бекови
Средни бекови
Десни бекови

Познати поранешни играчи[уреди | уреди извор]

Статистика на играчите[уреди | уреди извор]

Последно ажурирана на 12 февруари 2018

Топ 10 стрелци на клубот во Лигата на шампионите[уреди | уреди извор]

  • (На сите времиња).
Место Име Сезони Голови
1 Шведска Изабел Гулден 3 266
2 Романија Кристина Неагу 2 119
3 Шпанија Кармен Мартин 2 105
4 Црна Гора Мајда Мехмедовиќ 3 87
5 Романија Оана Манеа 4 85
6 Франција Њонсиан Њомбла 2 69
7 Норвешка Аманда Куртовиќ 2 67
8 Бразил Ана Паула Родригес 1 64
Шведска Линеа Торстенсон 2 64
10 Данска Лине Јоргенсен 3 57
  Сеуште игра за клубот.

Топ 10 стрелци во домашните натпреварувања[уреди | уреди извор]

  • (2014-денес).
Место Име Сезони Голови
1 Шведска Изабел Гулден 3 306
2 Шпанија Кармен Мартин 3 300
3 Бразил Ана Паула Родригес 2 277
4 Шведска Линеа Торстенсон 3 244
5 Романија Јулија Куреа 4 242
6 Романија Оана Манеа 4 190
7 Романија Кристина Варзару 3 177
8 Романија Бјанка Базалиу 4 160
9 Романија Аурелија Брадеану 2 146
10 Бразил Фернанда да Силва 2 144

Индивидуални награди во Лигата на шампионите[уреди | уреди извор]

Сезона Име Награда
2015–16 Шведска Изабел Гулден Најдобар стрелец (108 гола)
Хрватска Јелена Грубишиќ МВП на Фајналфор
2016–17 Шпанија Кармен Мартин Ол Стар тим (десно крило)
2017–18 Романија Кристина Неагу Најдобар стрелец (110 гола)

Индивидуални награди во Лига Национала[уреди | уреди извор]

Година Име Награда
2015 Шведска Изабел Гулден Најдобра странска ракометарка
2016 Шведска Изабел Гулден Најдобра странска ракометарка
Романија Паула Унгуреану Најдобра романска ракометарка
2017 Шведска Изабел Гулден Најдобра странска ракометарка
Романија Кристина Неагу Најдобра романска ракометарка

Галерија на ракометарки[уреди | уреди извор]

Тренери[уреди | уреди извор]

Ким Расмусен, тренерот кој ја освоил Лигата на шампионите со клубот.
Период Тренер
јуни 2007 — 4 февруари 2014[55] Романија Василе Маргулеску
4 — 18 февруари 2014 Романија Лучијан Гиулаи
19 февруари 2014[56][57] — 16 септември 2015 Данска Мете Клит
16 септември 2015 — 30 мај 2016 Данска Ким Расмусен
30 мај 2016[58] — 7 ноември 2016 Данска Јакоб Вестергор
7 ноември 2016[59] — 1 април 2017[60] Романија Аурелиан Рошка
1 април 2017 — јуни 2017 Шведска Пер Јохансон
јуни 2017[61] Данска Хеле Томсен

Производител на дресови и спонзори[уреди | уреди извор]

Сезона Производител на дрес Бренд Спонзор
2014-2015 Kempa
2015-2016 Electromontaj S.A / Diangi Bak 2 €400,000[62] / €250,000[63]
2016-2017 Electromontaj S.A / Diangi Bak 2 / Borsec €400,000 / €250,000 / N/A
2017-0000 Engie €280,000[64]
2017-2018 Engie / MicroFruits / Borsec / Novatik N/A

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Technische Daten“ [Technical Data] (German). SAP Arena official website. конс. 17 January 2012. 
  2. „HOTĂRÂREA Nr. 156 din 19.06.2007 privind înființarea Clubului Sportiv Municipal București, instituție publică în subordinea Consiliului General al Municipiului București“ (PDF). MONITORUL OFICIAL AL MUNICIPIULUI BUCUREȘTI Nr.6/2007, Vol.I. iunie 2007.  Unknown parameter |datăaccesare= ignored (помош);
  3. eurohandbal.ro. „Un nou proiect feminin de viitor: CSM București!“.  Unknown parameter |datăaccesare= ignored (помош)
  4. Adi Dobre (27 aprilie 2010). „CSM București a promovat în Liga I de handbal“. Evenimentul Zilei.  Unknown parameter |datăaccesare= ignored (помош);
  5. eurohandbal.ro. „CSM Bucuresti elimina pe SPR Lublin (Pol) in Cupa EHF gratie unei evolutii superbe!“.  Unknown parameter |datăaccesare= ignored (помош)
  6. (англиски)eurohandball.com. „EHF: CSM Bucuresti, club info“.  Unknown parameter |accesdate= ignored (помош)
  7. mediafax.ro. „Mette Klit, noul antrenor al echipei CSM București: M-am întors în România pentru atmosfera de aici“. конс. 9 februarie 2017. 
  8. prosport.ro. „EXCLUSIV: "Vestergaard vine la discuții pe 15 februarie". CSM București anunță o nouă revoluție în handbal“.  Unknown parameter |datăaccesare= ignored (помош)
  9. „Oficial: Manea, Tolnai și Torstenson, doi ani la CSM București“. Pagina oficială a CSM București. 25 februarie 2014. конс. 25 februarie 2014. 
  10. „Patru campioane mondiale au semnat pe doi ani cu CSM București“. Pagina oficială a CSM București. 26 februarie 2014. конс. 26 februarie 2014. 
  11. „Se adună stelele!“. Pagina oficială a CSM București. 27 februarie 2014. конс. 27 februarie 2014. 
  12. Marius Huțu (21 februarie 2014). „Tolnai și Manea vor juca de săptămâna viitoare la CSM București. [...]“. ProSport. конс. 21 februarie 2014. 
  13. gsp.ro. „Turneu de 80.000 de euro » CSM București organizează cel mai important turneul amical din ultimii ani“. конс. 9 февруари 2017. 
  14. prosport.ro. „Final 4-ul Ligii Campionilor se "mută" în București. CSM București aduce Buducnost în România și așteaptă o confirmare și de la Gyor“. конс. 9 февруари 2017. 
  15. gsp.ro. „Aer de Ligă » CSM București a învins aseară finalista Ligii Campionilor, 24-20, la Bucharest Trophy 2014“. конс. 9 февруари 2017. 
  16. digisport.ro. „HC Zalău - CSM București 19-26. Început cu dreptul pentru noua echipă a CSM-ului“. конс. 9 февруари 2017. 
  17. digisport.ro. „CSM București - Corona 25-19. Gazdele, la un punct de liderul Baia Mare“. конс. 9 февруари 2017. 
  18. digisport.ro. „CSM București contestă pierderea la masa verde a meciului cu SCM Craiova. ”A fost caz de forță major㔓.  Unknown parameter |accesdate= ignored (помош)
  19. gsp.ro. „Duelul sezonului în handbalul feminin: HCM Baia Mare și CSM București, prima luptă pentru titlu“. конс. 9 февруари 2017. 
  20. gsp.ro. „HCM s-a impus în duelul cu CSM București și își securizează prima poziție, scor 24-21“. конс. 9 февруари 2017. 
  21. digisport.ro. „CSM București - HCM Baia Mare 29-23. Gazdele au relansat lupta pentru titlu“. конс. 9 февруари 2017. 
  22. hcmbaiamare.ro. „CSM București - HCM Baia Mare 29-23 (15-12)“.  Unknown parameter |accesdate= ignored (помош)
  23. digisport.ro. „HCM Baia Mare – U Cluj 38-27. Campioanele au câștigat sezonul regulat în Liga Națională“.  Unknown parameter |accesdate= ignored (помош)
  24. hcdunareabraila.ro. „H.C. Dunarea Braila - C.S.M. Bucuresti 20 - 28 (9 - 13)“. конс. 9 февруари 2017. 
  25. newsbv.ro. „Handbal: Corona a pierdut în semifinală, în fața CSM București“. конс. 9 февруари 2017. 
  26. digisport.ro. „HCM Baia Mare - CSM București 17-20. Echipa pregătită de Mette Klit a câștigat titlul“. конс. 9 февруари 2017. 
  27. gsp.ro. „S-a schimbat regina! » Care au fost atuurile CSM București comparativ cu rivala din Baia Mare“.  Unknown parameter |accesdate= ignored (помош)
  28. digisport.ro. „CSM București a pierdut finala Cupei cu Baia Mare, dar vrea să-și ia revanșa în campionat“. конс. февруари 2017. 
  29. hcmbaiamare.ro. „Supercupa României: CSM București – HCM Baia Mare 25-31“. конс. 9 февруари 2017. 
  30. 30,0 30,1 gsp.ro. „Următorul obiectiv al CSM București după ce a cucerit titlul național » Liga Campionilor în 2017 sau 2018!“.  Unknown parameter |accesdate= ignored (помош)
  31. prosport.ro. „Isabelle Gullden vine la CSM București. Cum va arăta echipa din Capitală începând din vară.“.  Unknown parameter |accesdate= ignored (помош)
  32. prosport.ro. „Transferuri importante anunțate de CSM București de sărbători: "Line Jorgensen și Maria Fisker vin în ianuarie la București pentru vizita medicală". Cristina Neagu, în capul listei de achiziții“. конс. 9 февруари 2017. 
  33. bucharest-trophy.ro. „Finala de vis: CSM București – Buducnost. Tigroaicele, calificare strălucitoare în ultimul act“. конс. 9 февруари 2017. 
  34. bucharest-trophy.ro. „Tigroaicele castiga pentru al doilea an consecutiv Bucharest Trophy. In finala: CSM – Buducnost 27-26“. конс. 9 februarie 2017. 
  35. digisport.ro. „Kim Rasmussen, noul antrenor de la CSM București“. конс. 9 февруари 2017. 
  36. csmbucuresti.ro. „Derby respectat: CSM Bucuresti – HCM Baia Mare 24-21. Tigroaicele, neinvinse la finele turului“. конс. 9 февруари 2017. 
  37. gsp.ro. „Titlul rămâne pe loc! CSM București a câștigat din nou campionatul la handbal feminin“. конс. 9 februarie 2017. 
  38. agerpres.ro. „Handbal feminin: HCM Baia Mare a câștigat derby-ul cu campioana CSM București“. конс. 9 февруари 2017. 
  39. gsp.ro. „Trofeu în premieră! CM București a cucerit prima Supercupă a României din istorie“. конс. 9 февруари 2017. 
  40. gsp.ro. „Triplă istorică pentru CSM București » Azi a câștigat și Cupa României“. конс. 9 февруари 2017. 
  41. prosport.ro. „CSM București a realizat tripla istorică Liga Campionilor - Liga Națională - Cupa României“. конс. 9 февруари 2017. 
  42. dolce-sport.ro. „Victorie extraordinară pentru CSM București. A câștigat în deplasare cu Savehof la 11 goluri“. конс. 9 февруари 2017. 
  43. digisport.ro. „CSM București - Savehof 27-22. Campioana a terminat grupa pe locul 2“.  Unknown parameter |acccessdate= ignored (помош)
  44. prosport.ro. „Pierdere mare pentru CSM București înaintea debutului în Liga Campionilor. Line Jorgensen s-a accidentat și va lipsi cel puțin 5 luni de pe teren“. конс. 9 февруари 2017. 
  45. gsp.ro. „Probleme la CSM București! Liderul a pierdut o campioană mondială pentru o zi de întîrziere la plata salariului“. конс. 9 февруари 2017. 
  46. gsp.ro. „Final 4 Bucharest » CSM București a învins-o pe Rostov Don și în retur și s-a calificat în Final Four-ul Ligii“. конс. 9 февруари 2017. 
  47. digisport.ro. „CSM București - Vardar Skopje 27-21. Calificare în premieră în finala Ligii Campionilor pentru CSM“. конс. 9 февруари 2017. 
  48. 48,0 48,1 republika.mk. „На фајналфор нема аутсајдери, ЧСМ Букурешт цела година ќе ужива во европската титула“. конс. 28 февруари 2018. 
  49. vecer.mk. „Грубишиќ МВП, Гулден најдобар стрелец“.  Unknown parameter |acccessdate= ignored (помош)
  50. stirileprotv.ro. „Trofeul la handbal feminin revine in Romania dupa 52 DE ANI. CSM Bucuresti a castigat finala cu Gyor“. конс. 9 февруари 2017. 
  51. (англиски)ehfcl.com. „BIG NAMES CHANGE CLUBS; FRANCE ATTRACTS TOP STARS“. конс. 30 март 2017. 
  52. csmbucuresti.ro. „MARIT FRAFJORD SI AMANDA KURTOVIC SE ALATURA TIGROAICELOR – HANDBAL FEMININ“. конс. 30 март 2017. 
  53. prosport.ro. „Nathalie Hagman vine la CSM București!“. конс. 30 март 2017. 
  54. csmbucuresti.ro. „HELLE THOMSEN, ANTRENOAREA TIGROAICELOR PENTRU URMATOARELE DOUA SEZOANE – HANDBAL FEMININ“. конс. 30 март 2017. 
  55. „Comunicat“. Pagina oficială a CSM București. 4 februarie 2014.  Unknown parameter |accesdate= ignored (помош);
  56. „Capitala se pregătește de Champions League“. Pagina oficială a CSM București. 11 februarie 2014.  Unknown parameter |accesdate= ignored (помош);
  57. „Conferință de presă - prezentare Mette Klit“. Pagina oficială a CSM București. 19 februarie 2014.  Unknown parameter |accesdate= ignored (помош);
  58. „Jakob Vestergaard, noul antrenor al campioanei Europei“. Pagina oficială a CSM București. 30 mai 2016.  Unknown parameter |accesdate= ignored (помош);
  59. „Handbal feminin. Aurelian Rosca, noul antrenor al echipei campioane CSM Bucuresti“. Pagina oficială a CSM București. 7 noiembrie 2016.  Unknown parameter |accesdate= ignored (помош);
  60. „Aurelian Roșca, tehnicianul lui CSM București, nu a acceptat să rămână doar formal la campioana Europei“. Gazeta Sporturilor. 1 aprilie 2017.  Unknown parameter |accedate= ignored (помош);
  61. „Helle Thomsen, antrenoarea tigroaicelor pentru urmatoarele doua sezoane – Handbal Feminin“. Pagina oficială a CSM București.  Unknown parameter |dată= ignored (помош); Unknown parameter |accesdate= ignored (помош)
  62. http://csmbucuresti.ro/parteneriat-electromontaj-sa-400-000-de-euro-pentru-csm-bucuresti/
  63. http://csmbucuresti.ro/handbal-feminin-valoare-stabilitate-si-un-partener-nou-diangi-bak-2-se-alatura-proiectului-csmb/
  64. http://www.prosport.ro/alte-sporturi/handbal/csm-bucuresti-si-a-prezentat-oficial-un-nou-sponsor-care-va-sustine-financiar-clubul-cu-280-000-de-euro-pana-in-vara-visul-lui-petrache-cel-putin-15-000-de-copii-legitimati-la-club-peste-3-4-ani-16134459

Надворешни врски[уреди | уреди извор]