Елизабет Омореги

Од Википедија — слободната енциклопедија
Елизабет Омореги
Лични податоци
Роден(а) 23 декември 1996(1996-12-23)(27 г.)
Атина, Грција
Националност Бугарија Бугарија
Словенија Словенија (од 2017)
Спорт Ракомет
Висина 1.78 м (5 ст 10 ин)
Позиција среден бек, лев бек
Клупски податоци
Тековен клуб ЧСМ Букурешт ЧСМ Букурешт
Број 17
Младински клубови
2004-2007
2007-2008
2008-2011
ХК Ловеч 98
ХК Локомотив Варна
ХК ТиС Шугар
Сениорски клубови
2011-2014
2014-2018
2018-
ХК ТиС Шугар
Крим Крим
ЧСМ Букурешт ЧСМ Букурешт
Репрезентација 1
2012-2015
2017-
Бугарија Бугарија
Словенија Словенија
1 Податоците за репрезентативни настапи и постигнати голови важат
за 4 декември 2012

Елизабет Омореги (23 декември 1996, Атина, Грција) - бугарска ракометарка со словенечко државјанство, среден бек на ЧСМ Букурешт и на словенечката репрезентација.

Таа најпрво настапувала за бугарската репрезентација, но во октомври 2017 година откако добила словенечко државјанство решила да настапува за оваа земја.

Животопис[уреди | уреди извор]

Омореги е родена и израснала во Атина, Грција, во семејство со четири деца на татко Нигеријец и мајка Бугарка.[1] Елизабет, исто така, има две сестри, Марија и Рејчел, и еден брат, Емануел.[2] Семејството потоа се преселило во Плевен, Бугарија, каде што Елизабет одела на училиште.[1] Уште од рана возраст, Омореги започнала да се занимава со спорт тренирајќи атлетика сè до 8 годишна возраст кога еден ден тренерите на бугарскиот ракометен клуб Ловеч 98 Наско Табаков и Габриела Петрова ја забележале и ја повикале да го промени спортот и да започне да тренира ракомет.[1][2][3] Така тргнала по стапките на нејзината мајка, Наталија Асенова, која била ракометен голман.[2] Во едно интервју за нејзиното дестство и промената на спорт Омореги изјавила: "Тогаш имав само 8 години, но многу брзо разбрав, дека ракометот ќе игра многу важна улога во мојот живот".[2]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Во Бугарија[уреди | уреди извор]

Омореги ја започнала својата ракометна кариера во екипата на Ловеч 98, приклучувајќи му се на тимот под 10 години.[3] Во 2007 година се преселила во екипата на Локомотив Варна, а една година подоцна во 2008 година и се приклучила на екипата на Шугар од нејзиниот град Плевен.[3] Со овој клуб освоила три шампионски титули во категориите под 14, под 16 и под 19 години.[3] Во сезоната 2011-2012 дебитирала за првиот тим на Шугар Плевен во бугарското првенство, завршувајќи како најдобар стрелец за сезоната и придонесувајќи за високото трето место во лигата на плевенчанскиот клуб.[3]

Крим[уреди | уреди извор]

На 6 октомври 2014, на возраст од 17 години, Омореги ја напуштила Бугарија и потпишала договор со словенечкиот клуб Крим.[3] Своето деби за новиот клуб го имала на 17 октомври 2014, постигнувајќи три гола во победата со 32-20 на домашен терен над австрискиот Хипо во Лигата на шампионите.[3][4] На 10 декември 2014, Омореги постигнала два гола во гостинската победа на Крим кај Жалец со 26-34 во словенечкото првенство.[5] Исто така со клубот настапувала и во Регионалната ракометна лига во која Крим завршил на разочарувачкото четврто место во конкуренција на пет клубови. На 13 февруари 2015, Омореги постигнала највисоки за неа 5 гола во својата деби сезона во Лигата на шампионите во поразот на домашен терен од Будуќност, по што Крим бил елиминран од натпреварувањето во главната фаза завршувајќи на последното место во групата. Подоцна истиот месец, Омореги потпишала нов договор со словенечкиот клуб за уште три сезони.[6] Во својата прва сезона во клубот ги освоила титулите во словенечкото првенство и Купот на Словенија.

На 14 ноември 2015, во поразот со 35-28 на гостувањето кај Баија Маре за првпат во кариерата постигнала двоцифрен број на голови во натпревар од Лигата на шампионите, завршувајќи со 10.

ЧСМ Букурешт[уреди | уреди извор]

На 27 април 2018 година било објавено дека Омореги потпишала договор со романскиот тим ЧСМ Букурешт, кој започнал да важи од летото истата година.[7][8]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Омореги настапувала за бугарската репрезентација, со која победила на ЕХФ Челенџ трофи 2014, турнир на кој била избрана и за МВП.[9]

Во октомври 2017 година, словенечките медиуму објавиле дека Омореги добила словенечко државјанство и ќе може да игра за националната селекција на Словенија.[10][11]

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Словенија Крим[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Omoregie, a Bulgarian handball pearl shining for Krim eurohandball.com
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Запознайте се с историята на голям български талант с баща нигериец (ВИДЕО и СНИМКИ) blitz.bg
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 „Плевенчанката Елизабет Оморегие дебютира с три гола в Шампионската лига за своя нов отбор“. Архивирано од изворникот на 2016-07-12. Посетено на 2018-09-11.
  4. Krim cruise past hapless Hypo[мртва врска] eurohandball.com
  5. RK Zelene doline Žalec – RK Krim Mercator 26:34 (10:21)[мртва врска] rkkrim.com
  6. Nadarjena Elizabeth Omoregie še tri leta v Krimu
  7. „CSM Bucureşti a făcut un transfer de senzaţie pentru a o înlocui pe Bella Gullden“ (романски). Prosport. 27 April 2018.
  8. И Лазовиќ се приклучува на егзодусот од Вардар во ЧСМ tocka.com.mk
  9. Bulgaria defended “IHF/EHF Women’s Challenge Trophy 2014”
  10. Lojze Grčman (6 octombrie 2017). „Elizabeth Omoregie bo igrala v slovenskem dresu“ (словенечки). SiolNET. Посетено на 13 мај 2018. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  11. „Elizabeth Omoregie bo poskušala Slovenijo popeljati v Tokio“ (словенечки). RTV Slovenija. 30 октомври 2017. Посетено на 13 мај 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]