Изабел Гулден

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Изабел Гулден
Isabelle Gullden 4 20180905.jpg
Лични податоци
Роден(а) 29 јуни 1989 (1989-06-29) (30 г.)
Саведален, Шведска
Националност Шведска Шведска
Спорт Handball pictogram.svg Ракомет
Висина &100000000000001780000001,78 м
Позиција Среден бек
Клупски податоци
Тековен клуб Брест Брест
Број 9
Сениорски клубови
2007-2011
2011-2015
2015-2018
2018-
ИК Савехоф ИК Савехоф
Виборг Виборг
ЧСМ Букурешт ЧСМ Букурешт
Брест Брест
Репрезентација
2007– Шведска Шведска 188 (741)

Изабел Терезe Гулден (родена на 29 јуни 1989 година, во Саведален) е шведска ракометарка која игра на позицијата среден бек за Брест и шведската репрезентација.[1]

Таа била дел од шведската репрезентација на четири Европски првенства (2010 (сребро), 2012, 2014 (бронза) и 2016), три Светски (2011, 2015 и 2017) и последните три Олимписки игри (2008, 2012 и 2016).[2][3]

Биографија[уреди | уреди извор]

Изабел Гулден е внука на Кристер Гулден, познат шведски борач во грчко-римски стил. Нејзиниот татко Петер исто така се натпреварувал во борење.[4] Нејзиниот прекар Бела е скратеница од името.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Савехоф[уреди | уреди извор]

Својата професионална кариера Гулден ја започнала во 2007 година во екипата на Савехоф во својата родна Шведска. Во 2008 година ја добила наградата Комета на годината за ракометарка која најмногу напредувала. Со Савехоф го освоила шведското првенство 4 пати во 2007, 2008, 2009 и 2010, пред да го напушти клубот и да замине во странство.

Виборг[уреди | уреди извор]

Гулден во дресот на Виборг во 2011.

Во текот на летото 2011 година, Гулден се преселила во Данската прва лига потпишувајќи договор со екипата на Виборг.[5] Изјавила дека потребата за нов спортски предизвик е причината што го напуштила Савехоф.[6] По доаѓањето во Виборг Гулден станува една од главните играчи на клубот. Во својата прва сезона му помага на Виборг да стигне до финалето на плејофот на Данската лига каде биле поразени од Рандерс со вкупен резултат по двата натпревари 60-56. Виборг исто така играл и во финалето на Купот на победниците на куповите, но и таму биле поразени во два натпревари од унгарскиот Ференцварош, губејќи ги двата натпревари со само еден гол разлика со идентични 30-31.[7]

Пред почетокот на следната сезона 2012-2013 во Виборг пристигнува и момчето на Гулден, ракометарот Линус Персон. На 28 декември 2012 Гулден постигнала 5 гола со кои како најефикасна во својот тим му помогнала на Виборг да го победи Мидтјиланд со 26-21 во финалето на Купот на Данска.[8] Тоа бил првиот трофеи за неа по доаѓањето во клубот.

Во текот на сезоната 2013-2014 таа го предводи Виборг до две нови титули, истите оние две кои му побегнале на клубот пред две години: Данското првенство и Купот на победниците на куповите. Гулден била најдобар стрелец на Виборг во Купот на победниците на куповите таа сезона со вкупно 58 гола, а од нив 9 постигнала во финалните натпревари против Звезда Звенигород; 6 во првиот натпревар во победата на домашен терен со 31-22 на 4 мај 2014 и 3 во победата во Русија со 23-24 на 11 мај. Десет дена подоцна, клубот го освоил и домашното првенство совладувајќи го Мидтјиланд и надминувајќи го дефицитот од два гола од првиот натпревар со победа од 24-21 на домашен терен.[9] Гулден одново била најефикасна во својот клуб постигнувајќи 8 гола.[9] Истата година таа се нашла на списокот од 150 најдобри шведски спортисти на сите времиња во изборот на шведскиот весник Dagens Nyheter. Таа била единствената ракометарка на списокот заедно со легендарната Миа Хермансон-Хегдал.[10]

Во својата последна сезона во Виборг, Гулден му помагнала на клубот да стигне до четвртфиналето на Лигата на шампионите каде биле поразени од црногорскиот Будуќност. Клубот не успеал да ги освои ниту првенството ниту купот на Данска по што за прв пат по две години завршиле една сезона без освоен трофеј.

ЧСМ Букурешт[уреди | уреди извор]

Гулден во дресот на ЧСМ Букурешт.

Во февруари 2015, Гулден потпишала за романскиот ЧСМ Букурешт.[11] Во првата сезона во Романија освоила се што можело да се освои: Романската Лига Национала, Купот на Романија и Лигата на шампионите. Во финалето на фајналфорот од Лигата на шампионите против Ѓер, Гулден постигнала 15 гола (вклучувајќи го и реализираниот пенал во пенал-серијата по која ЧСМ Букурешт бил подобар со 4-1 и така бил решен победникот) со кои му помогнала на ЧСМ Букурешт по изведување на седмерци да победи со 29-26.[12] Таа ја завршила сезоната како најдобар стрелец во Лигата на шампионите со 108 гола.[13] Исто така била избрана и за најдобра странска ракометарка во романското првенство и во идеалниот тим на првенството.[14]

Следната сезона Гулден го предводела ЧСМ до одбрана на титулите во романското првенство и купот, како и до второ едноподруго учество на фајналфорот во Лигата на шампионите. Како и една година претходно ЧСМ најпрво во полуфиналето се сретнал со Вардар, но овојпат за разлика од претходната сезона македонскиот шампион бил подобар со 38-33. Сепак, следниот ден романскиот тим стигнал до победа во натпреварот за третото место против Будуќност, а Гулден постигнала 9 гола од 9 удари кон противничкиот гол.[15] Во декември 2016, Гулден втора година по ред била избрана за најдобра странска ракометарка и во идеалниот тим на романското првенство.[16]

На 7 март 2017, Гулден го продолжила договорот со ЧСМ Букурешт до 2019.[17][18] Пред почетокот на сезоната 2017-2018, романскиот клуб се засилил и со неколку квалитетни ракометарки кој освоиле многу титули во клупскиот и репрезентативниот ракомет, како Кристина Неагу (избрана за Најдобар играч на светот во 2016 година и шампионка во ЕХФ Лигата на шампионите во 2015 година со Будуќност) и норвежанките Аманда Куртовиќ и Марит Малм Фрафјорд (многукратни европски, светски и олимписки шампионки), за да го подигнат квалитетот на екипата и да и помогнат на Гулден во остварувањето на целта - достигнување до ново финале во Лигата на шампионите. Гулден одлично ја започнала сезоната постигнувајќи три гола во победата над во победата над СЧМ Крајова со 33-19 во Суперкупот на Романија,[19] а потоа во првото коло од романското првенство таа постигнала 13 гола во победата над Униреа Слобозија во гости со 37-29 со што била најефикасна ракометарка на натпреварот како и најефикасна ракометарка воопшто во првото коло во првенството.[20] На крајот од сезоната Гулден освоила уште по една титула во романското првенство и Купот на Романија, но клубот повторно бил елиминиран во полуфиналето на фајналфорот од Лигата на шампионите (како и претходната сезона), овојпат од подоцнежниот шампион Ѓер. Следниот ден, ЧСМ Букурешт го совладал Ростов-Дон со 6 гола на Гулден и го освоил третото место. Бидејќи од претходно било познато дека Гулден ја игра својата последна сезона во романскиот клуб и дека по завршувањето на сезоната заминала во францускиот Брест, по освојувањето на третото место таа изјавила: „Уште сум разочарана сум од вчерашниот ден, но денес ја покажавме нашата светла страна. Разочарана сум што ќе си одам од ЧСМ Букурешт, но среќна сум што си одам барем со третото место. Следниот мој чекор ќе биде заминувањето во Брест и се надевам дека и со нив ќе бидам дел од Ф4“.[21] Својот последен натпревар за ЧСМ Букурешт, Гулден го одиграла на 15 мај 2018 во победата на домашен терен над Дунареа Браила со 34-22, постигнувајќи 3 гола.[22] И за трета година по ред таа била избрана за најдобра странска ракометарка во романското првенство,[23] како и во идеалниот тим на првенството.[24]

Брест[уреди | уреди извор]

На 15 март 2018, било објавено дека по три сезони во дресот на ЧСМ Букурешт, Гулден ќе го напушти клубот и ќе се пресели во Брест во летото 2018.[25] Неколку дена подоцна таа и официјално потпишала договор со францускиот клуб, избирајќи го дресот со број 9, при што на конференцијата на нејзината презентација признала дека имала голема дилема дали да се пресели во Брест или да остане во Букурешт, но сепак на крајот се одлучила за ново искуство во својата кариера.[26]

Гулден дебитирала за Брест во француското првенство на 30 август 2018, во победата над Бурж де Пеаж во гости со 32-19, постигнувајќи 3 гола за својот тим.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Изабел Гулден дебитирала за сениорската репрезентација на Шведска на 23 ноември 2007, во натпреварот против Германија.[27] Своето деби со репрезентацијата на некои од големите турнири го имала на Олимписките игри во Пекинг 2008.

Од 2008 година, Гулден учествувала на сите првенства на кои Шведска се квалификувала. Тоа ги вклучува Олимписките игри 2008 (Шведска: 8-мо место), ЕП 2008 (9), СП 2009 (13), ЕП 2010 (2), СП 2011 (9), ЛОИ 2012 (11), ЕП 2012 (9), ЕП 2014 (3),[27] СП 2015 (9)[28] ЛОИ 2016 (7)[29], ЕП 2016 (8) и СП 2017 (4). Таа била избрана за МВП на Европското првенство 2014,[30] на кое исто така завршила како најдобар стрелец со 58 постигнати гола.[31]

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Шведска Савехоф[уреди | уреди извор]

Данска Виборг[уреди | уреди извор]

Романија ЧСМ Букурешт[уреди | уреди извор]

Репрезентативни[уреди | уреди извор]

Шведска Шведска[уреди | уреди извор]

Silver medal with cup.svg сребрен медал 2010
Bronze medal with cup.svg бронзен медал 2014

Индивуидуални награди[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Profile“. European Handball Federation. конс. 9 May 2016. 
  2. „CSM Bucharest with Isabelle Gullden: We want to play EHF CL F4 in Budapest“. Handball-Planet. 24 February 2015. 
  3. „Isabelle Gulldén“. Sports-Reference. конс. 7 December 2010. 
  4. „Redo för holmgångar“ (Swedish). svd.se. 8 August 2008. 
  5. „Svensk playmaker til Viborg“ (Danish). Jyllands-Posten. 7 February 2011. 
  6. Isabelle Gulldén till Viborg
  7. Hungarian triumph in EHF Women's Cup Winners’ Cup
  8. Viborg HK er pokalmester 2013
  9. 9,0 9,1 „Viborg HK er dansk mester“ (Danish). dr.dk. 21 May 2014. 
  10. "Mia Hermansson Högdahl ansatt i NHF" Norges Håndballforbund – (Retrieved on December 16, 2007)
  11. Izabel Gulden u Bukureštu!
  12. Final CSM Bucuresti 29-26 Györi Audi ETO KC
  13. „Gullden joins CLUB 100 – Gorbi still unattainable!“. handball planet. 9 мај 2016. конс. 1 април 2017. 
  14. Cristina Neagu, cea mai bună handbalistă în 2015 » Alte distincții acordate de FRH gsp.ro, пристапено 6 јануари 2016
  15. ЧСМ Букурешт го освои третото место во ЛШ vecer.mk
  16. Superlativele anului 2016 în handbalul românesc digisport.ro, пристапено 28 декември 2016
  17. Швеѓанката не мрда од Романија: Гулден уште две години во ЧСМ Букурешт
  18. Isabelle Gullden to stay in Bucharest until 2019!
  19. Handbal feminin. CSM Bucureşti a cucerit Supercupa României, ediţia 2017 epochtimes-romania
  20. Unirea Slobozia - CSM Bucureşti 29-37. Campioana a făcut spectacol la debut. Gullden, în mare formă! digisport.ro
  21. Гулден: Си заминувам со измешани емоции од ЧСМ Букурешт gol.mk
  22. HC Dunărea a pierdut cu 34-22 la CSM Bucureşti HC Dunărea a pierdut cu 34-22 la CSM Bucureşti obiectivbr.ro
  23. {http://frh.ro/stire.php?id=868 Cei mai buni handbaliști ai anului 2017]
  24. Marius Huțu (21 мај 2018). „SONDAJ ProSport / Cristina Neagu, cea mai bună handbalistă din Liga Națională în sezonul 2017-2018. Cum arată echipa ideală a campionatului, după voturile exprimate de antrenori“. ProSport. конс. 21 мај 2018. 
  25. ТРАНСФЕР БОМБА: Гулден потпиша за Брест
  26. Bella Gulldén : « c'était Brest ou rester à Bucarest » ouest-france
  27. 27,0 27,1 "Landslagsmeriter". bellagullden.com. Läst 14 november 2016.
  28. "VM Damer – Norge regerar världshandbollen igen". svenskhandboll.se, 2015-12-20. Läst 14 november 2016.
  29. "Damer A – Sverige sjua i OS". svenskhandboll.se, 2016-08-16. Läst 14 november 2016
  30. Швеѓанката Гулден е МВП на Европското првенство за ракометарки sportmedia.mk
  31. „EHF Euro 2014 -Individual Statistics“ (PDF). EHF. 21 December 2014. конс. 3 April 2017. 
  32. „Bella är årets spelare“ (Swedish). ifokus.se. конс. 27 March 2017. 
  33. „WOMEN’S TOP 10 “BEST BUY” 2015/2016: Bella, Nycke and Jelena“. Handball-Planet. конс. 30 March 2017. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]