Женска ракометна репрезентација на Данска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Данска Данска
Податоци
Сојуз Данска Ракометна Федерација
Тренер Данска Клавс Брун Јоргенсен
Капитен Стине Јоргенсен
Најмногу натпревари Јане Колинг (335)
Најмногу голови Камила Андерсен (846))
Бои
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Дома
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Гости
Резултати
Летни олимписки игри
Настапи 4 (првпат во 1996)
Најдобар резултат 1-во, (1996, 2000, 2004)
Светско првенство
Настапи 20 (првпат во 1957)
Најдобар резултат 1-во, 1997
Европско првенство
Настапи 13 (првпат во 1994)
Најдобар резултат 1-во, 1994, 1996, 2002
Последна поднова на податоците: 26 ноември 2018.

Женската ракометна репрезентација на Данска е национален тим кој ја претставува Данска на меѓународните ракометни натпреварувања во женска конкуренција. Репрезентацијата е под контрола на Данската Ракометна Федерација.

Данската репрезентација е една од најуспешните репрезентации во женскиот ракомет со освоени три европски првенства (1994, 1996, 2002), светското првенство во 1997 година и три златни медали на Олимписките игри (1996, 2000, 2004). Со освојувањето на Светското првенство во 1997 година, тие станале првата женска ракометна репрезентација која ги држела сите три главни титули истовремено (Светско првенство, Олимпискиот турнир и Европското првенство), иако не се единствена затоа што во 2011 година, Норвешка станала втора репрезентација што го сторила тоа.

Сепак, и покрај големиот број на освоени титули, данската ракометна репрезентација бележи континуиран пад на женската ракометна сцена во последната деценија. Од 2012 година, репрезентацијата нема ниту еден освоен златен медал, правејќи го тоа за последен пат на Европското првенство 2002, на кое биле домаќини. Сепак, по 16 години пауза, тие го освоиле својот прв медал на Светското првенство 2013 година во Србија, кога завршиле како трети. Исто така, тоа бил нивниот прв медал после 9 години.

Историја[уреди | уреди извор]

Златните години[уреди | уреди извор]

Кон крајот на 80-тите години, тренерот Улрик Вилбек имал голем успех со младинска репрезентација на Данска, каде неколку ракометарки, кој подоцна станале големи ѕвезди првично го покажале својот талент на репрезентативно ниво. Вилбек исто така претходно имал голем успех водејќи ја екипата на Виборг, од анонимен тим до врвот на данската лига, а кога Данската ракометна федерација морала да ангажира нов тренер на А репрезентацијата, Вилбек бил очигледен избор.

Вилбек веднаш приклучил во репрезентацијата голем број талентирани млади ракометарки, а кога тимот непосредно пред Светското првенство 1993 многу изненадувачки победил на подготвителен турнир во Норвешка на кој учествувале голем број на традиционално најсилните репрезентации во женска конкуренција, тимот го свртел вниманието кон себе на голем број на Данци љубители на спортот. Последователно, со пласманот во финалето на Светското првенство, репрезентацијата докажала дека резултатот од подготвителниот турнир не бил случаен; по еден незаборавен турнир за Данска, тие загубиле во финалето со 21-22 по продолженија од Германија и на крајот освојувањето на сребрениот медал било и повеќе од успех за оваа репрезентација на која не и се давале преголеми шанси пред турнирот. На патот до финалето, Данска минала како прва со три победи во својата тешка група (во која биле и Русија, Јужна Кореја и Литванија), потоа во главната фаза го освоиле првото место пред домаќинот Норвешка (иако од нив го претрпеле првиот пораз на турнирот) и така стигнале до финалето и поразот од Германија.

Меѓу ракометарките кои направиле голем пробив на ова Светско првенство биле: Ања Андерсен, Јане Колинг, Сузане Мунк Лауритсен, Рике Солберг и Анете Хофман. Неколку од овие ракометарки и помогнале на Данска да остави силен белег на меѓународната сцена во наредните години, а веќе следната година репрезентацијата се одмаздила за поразот на германките на новоформираното Европско првенство во 1994, каде Данска надмоќно нижела победи, вклучувајќи ја и конечната победа над домаќините (Германија) во финалето со 27-23.

Годините 1996 и 1997 донеле уште успеси за данската женска ракометна репрезентација; најпрво тие го освоиле златото на Олимпијадата во Атланта 1996, а потоа го одбраниле и европското злато од пред две години на првенството 1996 кое го играле на домашен терен. Конечно, серијата на успеси била заокружена со освојувањето на првиот и досега единствен златен медал на светските првенства, освоен во 1997 повторно во Германија. Така, Данска во еден момент ги држела титулите од сите три најважни турнири во женскиот ракомет.

Доаѓањето на Јан Питлик[уреди | уреди извор]

По серијата на успеси следувала природната смена на генерции во репрезентацијата која опфатила и неколку ракометарки кој биле поддршка од клупата, но успесите му донеле огромна популарност на спортот кај данското население, така што тие и покрај послабите резултати секогаш биле со репрезентацијата. Данските клупски екипи во овој период се засилиле со одлични играчи, и трнирањето со нив во клубовите донело и подобри играчи кои би можеле лесно да бидат вклучени во репрезентацијата. Многу посериозна загуба за тимот било тоа што Вилбек одлучил да се пензионира по Светското првенство во 1997 година. Тој бил заменет со Јан Питлик, кој својот прв голем турнир како предводник на Данска го имал на Европското првенство 1998 на кое Данска го освоила сребрениот медал после поразот во финалето од Норвешка со 16-24.

Исто така, со Питлик на кормилото екипата играла на Летните олимписки игри 2000 во Сиднеј каде се вратила на победничките патеки освојувајќи нов златен медал, а две години подоцна, дошло и третото злато за Данска на европските првенства на првенството во 2002, победувајќи ја Норвешка во финалето со 25-22. Уште еднаш подмладената репрезентација го нашла рецептот за успех со освојувањето на третата последователна златна олимписка медала во Атина 2004 година, пред Питлик во 2005 година по Светското првенство да одлучи да ја напушти функцијата тренер на репрезентацијата. За нов тренер бил избран високо почитуваниот Бријан Лингхолм, но веќе на првиот турнир под него водство, Европското првенство 2006, Данска постигнала еден од најлошите резултати за повеќе од една деценија кога го освоила разочарувачкото 11. место на турнирот.

Последователните превирања резултирале со оставка на Лингхолм и Питлик се согласил да се врати на чело на тимот за време на двата квалификациски натпревари за Светското првенство 2007. Сепак, ни промената на тренерската позиција не била доволна да се обезбеди пласман на првенството, бидејќи репрезентацијата во два неизвесни натпревари била поразена од Украина. Со тој резултат Данска не се квалификувала за Светското првенство (за првпат од Светското првенство 1986), а со самото тоа останала и без шанси да се квалификува за Летните олимписки игри 2008.

Реконструкција[уреди | уреди извор]

И покрај неуспехот во двата квалификациски натпревари, ДРФ избрал да му понуди на Питлик нов договор на потрајна основа, а постепено се градела и национална репрезентација каде во тимот се приклучиле голем број на млади играчи кои биле успешни на меѓународните младински првенства. На Европското првенство 2010, Данска имала голем успех на почетокот, но кога дошла во ситуација да се соочи со најдобрите екипи кон крајот на турнирот, работите тргнале лошо и репрезентацијата морала да се задоволи само со четвртото место откако загубиле со еден гол разлика од Романија во натпреварот за третото место.

Во пролетта следната година, дошло до расправија помеѓу ДРФ и играчите од репрезентацијата, кога синдикатот заради финансиски проблеми, објавил дека играчите мораат да прифатат околу половина од основната плата што ја добивале. Поголемиот дел од ракометарките одбиле да се согласат со ова, и било најавено дека женскиот тим може да престане да постои.[1] Работите не оделе воопшто добро на почетокот, некои од ракометарките дури одбиле да присуствуваат на состанокот со националниот тим, па Јан Питлик морала да собере мешавина од некои ветеранки кои всушност престанале да играат ракомет пред некое време, млади таленти заедно со две ракометарки од тимот кој учествувал на Европското првенство кои ги прифатиле новите услови.[2]

Светското првенство на домашен терен и ерата на Јоргенсен[уреди | уреди извор]

На 28 декември 2014 година, Данската ракометна федерација објавила соопштение за медиумите во кое му кажале збогум на тренерот на репрезентацијата Јан Питлик, по разочарувачкиот резултат на тогашното Европско првенство 2014 во Унгарија и Хрватска.[3] Целта на ДРФ на Европското првенство била Данска минимално да го освои 6-тото место, но бидејќи Питлик не успеал во таа мисија, тие одлучиле да престанат да соработуваат со него иако тој бил национален тренер од 1998.[4]

Во јануари 2015 година, поранешниот играч на машката репрезентација на Данска, Клавс Брун Јоргенсен бил претставен како нов селектор на женската репрезентација. За помошен тренер на Јоргенсен, пак бил назначен Сорен Херскинд.[5] Своето деби на големите турнири Јоргенсен го имал на Светското првенство 2015 на домашен терен на кое влегол со мисија да го врати сјајот на репрезентацијата од крајот на 1990-тите години и почетокот на 2000-тите. Сепак, пробивот не бил постигнат ниту на овој турнит на домашен терен, откако Данска била елиминирана од Романија во четвртфиналето, во инфаркт завршница; на само четири секунди преостанати до крајот, десното крило на Романија Адријана Нечита постигнала гол и ја испратила Романија во полуфиналето на Светското првенство.[6]

Сепак, првиот успех на Клавс Брун Јоргенсен како предводник на репрезентацијата дошол следната година, кога на Европското првенство 2016 во Шведска, и се реванширале на Романија во истата фаза и стигнале до полуфиналето на турнирот.[7] Потоа, Данска загубила во полуфиналето од Холандија а, исто така, и во натпреварот за бронзениот натпревар против Франција.[8][9]

Резултати[уреди | уреди извор]

Летни олимписки игри[уреди | уреди извор]

Година Место ОН П Н И ДГ ПГ +/-
Канада 1976 Не се квалификувале
СССР 1980 Не се квалификувале
САД 1984 Не се квалификувале
Јужна Кореја 1988 Не се квалификувале
Шпанија 1992 Не се квалификувале
САД 1996 1-во 5 5 0 0 149 114 +35
Австралија 2000 1-во 7 6 0 1 214 165 +49
Грција 2004 1-во 7 5 2 0 220 180 +40
Кина 2008 Не се квалификувале
Обединето Кралство 2012 9-то 5 1 0 4 113 121 −8
Бразил 2016 Не се квалификувале
Јапонија 2020 Не се квалификувале
Франција 2024 TBD
Вкупно 4/11 24 17 2 5 696 580 +116

Светско првенство[уреди | уреди извор]

Година Место ОН П Н И ДГ ПГ +/–
Југославија 1957 5-то 5 3 1 1 37 26 +11
Романија 1962 2-ро 5 4 0 1 42 28 +14
Западна Германија 1965 5-то 4 2 0 2 31 36 −5
Холандија 1971 6-то 5 2 1 2 50 54 −4
Југославија 1973 7-мо 5 2 2 1 57 47 +10
СССР 1975 9-то 5 1 0 4 62 69 −7
Чехословачка 1978 Не се квалификувале
Унгарија 1982 Не се квалификувале
Холандија 1986 Не се квалификувале
Јужна Кореја 1990 10-то 7 2 0 5 145 137 +8
Норвешка 1993 2-ро 7 5 0 2 189 167 +22
АвстријаУнгарија 1995 3-то 8 6 0 2 221 178 +43
Германија 1997 1-во 9 7 1 1 281 202 +79
НорвешкаДанска 1999 6-то 9 7 0 2 263 186 +77
Италија 2001 4-то 9 7 0 2 258 210 +48
Хрватска 2003 13-то 5 2 1 2 113 119 −6
Русија 2005 4-то 10 5 1 4 295 277 +18
Франција 2007 Не се квалификувале
Кина 2009 5-то 9 6 0 3 250 230 +20
Бразил 2011 4-то 9 7 0 2 240 175 +65
Србија 2013 3-то 9 6 0 3 255 214 +41
Данска 2015 6-то 9 5 0 4 239 208 +31
Германија 2017 6-то 7 4 0 3 186 163 +23
Јапонија 2019 Qualified
Шпанија 2021 TBD
Вкупно 20/24 136 83 7 46 3214 2726 +488

Европско првенство[уреди | уреди извор]

Година Место ОН П Н И ДГ ПГ +/–
Германија 1994 1-во 7 7 0 0 186 151 +35
Данска 1996 1-во 7 7 0 0 197 146 +51
Холандија 1998 2-ро 7 5 0 2 189 163 +26
Романија 2000 10-то 6 1 1 4 151 159 −8
Данска 2002 1-во 8 8 0 0 200 171 +29
Унгарија 2004 2-ро 8 6 0 2 202 189 +13
Шведска 2006 11-то 6 2 0 4 148 156 −8
Македонија 2008 11-то 6 2 1 3 145 160 −15
ДанскаНорвешка 2010 4-то 8 5 0 3 192 175 +17
Србија 2012 5-то 7 5 0 2 217 206 +11
УнгаријаХрватска 2014 8-мо 6 3 1 2 155 147 +8
Шведска 2016 4-то 8 4 1 3 189 185 +4
Франција 2018 8-мо 6 3 0 3 151 164 −13
ДанскаНорвешка 2020 Qualified
СловенијаМакедонијаЦрна Гора 2022 TBD
Вкупно 14/14 90 58 4 28 2322 2172 +150

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Состав за Светското првенство 2019.[10][11]

Настапи и глови од 9 декември 2019.

Тренер: Клавс Брун Јоргенсен

Бр. Поз. Име и презиме Датум на раѓање (возраст) Висина Настапи Голови Клуб
1 GK Сандра Тофт 18 октомври 1989 (1989-10-18) (30 г.) 1.74 m 120 1 Франција Брест Брест
3 LW Лерке Нолсе 19 февруари 1996 (1996-02-19) (24 г.) 1.69 m 30 48 Данска Никобинг Фалстер Никобинг Фалстер
5 P Сара Иверсен 10 април 1990 (1990-04-10) (30 г.) 1.74 m 51 67 Данска Хернинг-Икаст Хернинг-Икаст
8 LB Ане Мете Хансен 25 август 1994 (1994-08-25) (25 г.) 1.85 m 93 247 Унгарија Ѓер Ѓер Ауди ЕТО
10 P Катрине Хеиндал 26 март 1992 (1992-03-26) (28 г.) 1.85 m 70 137 Данска Оденсе Оденсе
11 RB Лине Хаугстед 11 ноември 1994 (1994-11-11) (25 г.) 1.80 m 46 55 Данска Виборг Виборг
13 RW Симоне Беме 17 август 1991 (1991-08-17) (28 г.) 1.69 m 33 34 Унгарија Шиофок Шиофок
14 CB Лоте Григел 5 април 1991 (1991-04-05) (29 г.) 1.65 m 109 161 Франција Нант Нант
17 P Стине Бодхолт 8 ноември 1989 (1989-11-08) (30 г.) 1.77 m 70 105 Франција Нант Нант
23 RB Кристина Јоргенсен 17 јануари 1998 (1998-01-17) (22 г.) 1.89 m 38 51 Данска Виборг Виборг
24 CB Миа Реј 2 февруари 1990 (1990-02-02) (30 г.) 1.68 m 14 21 Данска Копенхаген Копенхаген
25 RW Трине Естергард 17 октомври 1991 (1991-10-17) (28 г.) 1.66 m 116 201 Данска Оденсе Оденсе
27 RB Луис Бургард 17 октомври 1992 (1992-10-17) (27 г.) 1.75 m 105 228 Франција Мец Мец
28 CB Стине Јоргенсен 3 септември 1990 (1990-09-03) (29 г.) 1.80 m 147 481 Данска Оденсе Оденсе
32 RB Мие Хејлунд 24 октомври 1997 (1997-10-24) (22 г.) 1.73 m 31 44 Данска Оденсе Оденсе
36 LW Фреја Корт 20 јануари 1994 (1994-01-20) (26 г.) 1.68 m 26 51 Данска Оденсе Оденсе
40 GK Алтеа Реинхарт 1 септември 1996 (1996-09-01) (23 г.) 1.80 m 51 0 Данска Оденсе Оденсе

Играчи рекордери[уреди | уреди извор]

  Означува сè уште активни играчи

Најмногу одиграни натпревари[уреди | уреди извор]

Вкупен број на натпревари одиграни за сениорската репрезентација.[12]

# Играч Натпревари Голови
1 Јане Колинг 250 756
2 Карин Мортенсен 233 4
3 Лене Рантала 226 0
4 Камила Андерсен 194 846
5 Анете Хофман 183 641
6 Катрине Фруелунд 184 570
7 Мете Вестергард 181 519
8 Ане-Мари Нилсен 180 301
9 Сузане Мунк Лауритсен 171 3
10 Анете Дал 164 0

Последно ажурирање: 5 декември 2019
Извор: dhf.dk

Најмногу постигнати голови[уреди | уреди извор]

Вкупен број на постигнати голови само во официјалните натпрвеари.[13]

# Играч Голови Натпревари Просек
1 Камила Андерсен 846 194 4.36
2 Јане Колинг 756 250 3.02
3 Ања Андерсен 725 133 5.45
4 Анете Хофман 641 183 3.50
5 Катрине Фруелунд 570 184 3.09
6 Ан Грете Норгард 549 139 3.95
7 Мете Вестергард 519 181 2.86
8 Стине Јоргенсен 478 146 3.27
9 Лоте Кирску 414 111 3.72
10 Рике Сков 384 152 2.52

Последно ажурирање: 8 декември 2019
Извор: [1]

Тренери[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "DHF er klar til at trække kvindelandshold". Politiken. 2011-03-31.
  2. "Pytlick må udtage 42-årig og otte debutanter". Politiken. 2011-04-03.
  3. "Jan Pytlick stopper øjeblikkeligt som landstræner". TV2/Fyn. 2014-12-28.
  4. "Wilbek forklarer: Derfor blev Pytlick fyret". B.T. 2014-12-29.
  5. "Ekspert om ny stærk duo: Det er rigtig godt gået af DHF!". TV2 Sport. 2015-01-13.
  6. "Kæmpe VM-drama: Danmark slået ud af Rumænien i forlænget spilletid". TV2 Sport. 2015-12-16.
  7. "Danmark udraderer Rumænien og er i EM-semifinalen". TV2 Sport. 2016-12-14.
  8. "Norge i finalen - Danmark møder Frankrig i EM's bronzekamp". TV2 Sport. 2016-12-16.
  9. "Dansk bronze-nedtur: Frankrig slår Danmark i gyser". TV3 Sport. 2016-12-18.
  10. "Truppen til kvindernes VM i Japan er udtaget". Dansk Håndbold Forbund. Посетено на 18 October 2019.
  11. 2019 World Women's Handball Championship squad
  12. "Flest spillede DA-landskampe" (дански). DHF. Архивирано од изворникот на 24 June 2009. Посетено на 25 July 2009.
  13. "Flest scorede mål i DA-landskampe" (дански). DHF. Архивирано од изворникот на 26 July 2009. Посетено на 25 July 2009.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]