Ана Ѓокиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ана Ѓокиќ
АнаЃокиќ.jpg
Лични податоци
Роден(а) 9 февруари 1979 (1979-02-09) (40 г.)
Националност Црногорка
Спорт Handball pictogram.svg Ракомет
Висина &100000000000001690000001,69 м
Позиција Пикер
Клупски податоци
Тековен клуб Македонија ЖРК Вардар СЦБТ
Сениорски клубови
1998–20021
2002-2008
2008-2009
2009-2012
2012-2013
2013-
Србија Напредак Крушевац
Унгарија Ѓер ЕТО
Хрватска Подравка
Црна Гора ЖРК Будучност
Русија Ростов-Дон
Македонија ЖРК Вардар
Репрезентација 1
  Црна Гора Црна Гора 23 (52)
1 Податоците за репрезентативни настапи и постигнати голови важат
за 4 Декември 2012

Ана Ѓокиќ е родена во Аранѓеловац, Србија, но како натурализиран играч настапуваше за репрезентацијата на Црна Гора. Ракометната кариера ја почна на 14 годишна возраст во екипата на „Књаз Милош“, а потоа играше и за Медицинар и за Напредак со која го освои Купот на СР Југославија и европскиот Сити куп во 1999 година. Во својата исклучително богата ракометна кариера има настапувано и за Ѓер (три шампионски титули и четири Купа на Унгарија), Подравка (шампион и Куп на Хрватска и титула во Регионалната лига), Будуќност (три шампионски титули и три титули во Регионалнта лига, титула во КПК и титула во ЛШ), а минатата сезона играше во екипата на Ростов –Дон со која го освои Купот на Русија. ЖРК Вардар СЦБТ ќе и биде шести клуб во шест различни земји. Најголемиот успех во клупската кариера го постигна со екипата на Будуќност со која во 2012 година ја освои Лигата на шампионите.

Во репрезентативниот дел од нејзината биографија запишани се настапите за две репрезентации – прво за заедничката селекција на Србија и Црна Гора,а потоа за Црна Гора. Со репрезентацијата на Србија и Ц.Гора, Ѓокиќ освои сребрен медал на Медитеранските игри во Алмерија во 2005 година. Со црногорската репрезентација настапи на СП 2011 во Бразил (10.место), освои сребро на ОИ 2012 во Лондон и злато на ЕП 2012 во Србија. По настапот на ЕП 2012, Ѓокиќ ја заврши репрезентативната кариера во дресот на Црна Гора.