Светско првенство во водени спортови 2011

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
14то ФИНА Светско Првенство
14th_Fina.png
Домаќин: Кина Шангај, Кина
Дата: 16–31 јули 2011
Стадион(и): Ориентален Спортски Центар Шангај
Држави: 181
Натпреварувачи: 2220
Светско првенство
во водени спортови 2011

Кина Шангај, Кина
Скокови во вода
Поединечно
1 м мажи жени
3 м мажи жени
10 м мажи жени
Синхронизирано
3 м мажи жени
10 м мажи жени
Далечинско пливање
5 км мажи жени
10 км мажи жени
25 км мажи жени
Екипно екипно
Пливање
Краул
50 м мажи жени
100 м мажи жени
200 м мажи жени
400 м мажи жени
800 м мажи жени
1500 м мажи жени
Грбно
50 м мажи жени
100 м мажи жени
200 м мажи жени
Градно
50 м мажи жени
100 м мажи жени
200 м мажи жени
Делфин
50 м мажи жени
100 м мажи жени
200 м мажи жени
Поединечно мешано
200 м мажи жени
400 м мажи жени
Штафета краул
4×100 м мажи жени
4×200 м мажи жени
Штафета мешано
4×100 м мажи жени
Синхронизирано пливање
Соло техничко слободно
Дует техничко слободно
Екипа техничко слободно
комбинирано
Ватерполо
мажи    •   жени

14тото ФИНА Светско Првенство е закажано за 16-31 јули, 2011 во Шангај, Кина во Ориентален Спортски Центар Шангај. 2011 Светското Првенство повторно ќе има 5 акватички дисциплини: пливање, ватер поло, скокови во вода, пливање на отворено и синхронизирано пливање. Делови од овие натпреварувања најверојатно ќе служат како квалификцаии за Летните олимписки игри 2012.

ФИНА го објави Шангај како домаќин на 24 март 2007, пред финалистот Доха, Катар.[1]

Распоред[уреди]

 ●   Натпревари   Финални натпревари
јули 2011 16
Саб
17
Нед
18
Пон
19
Вто
20
Сре
21
Чет
22
Пет
23
Саб
24
Нед
25
Пон
26
Вто
27
Сре
28
Чет
29
Пон
30
Саб
31
Нед
Златни
медали
Скокови во вода 1 1 2 2 1 1 1 1 10
Далечниско пливање 1 1 1 2 2 7
Пливање 4 4 5 4 5 5 6 7 40
Синхорнизирано пливање 1 1 1 1 1 1 1 7
Ватерполо 1 1 2
Вкупно златни медали 1 2 3 4 2 3 4 4 5 4 5 4 5 6 7 7 66
Целосно вкупно 1 3 6 10 12 15 19 23 28 32 37 41 46 52 59 66
јули 2011 16
Саб
17
Нед
18
Пон
19
Вто
20
Сре
21
Чет
22
Пет
23
Саб
24
Нед
25
Пон
26
Вто
27
Сре
28
Чет
29
Пон
30
Саб
31
Нед
Златни
медали

Табела на медали[уреди]

      Домаќин

 Ранг  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1  САД 17 6 9 32
2  Кина* 15 13 8 36
3  Русија 8 6 4 18
4  Бразил 4 0 0 4
5  Италија 3 4 2 9
6  Велика Британија 3 3 0 6
7  Австралија 2 10 4 16
8  Франција 2 4 5 11
9  Холандија 2 1 3 6
10  Грција 2 1 1 4
11  Данска 2 1 0 3
12  Германија 1 3 9 13
13  Шведска 1 1 0 2
14  Унгарија 1 0 4 5
15  Бугарија 1 0 0 1
 Норвешка 1 0 0 1
 Јужна Кореја 1 0 0 1
 Швајцарија 1 0 0 1
 Белорусија 1 0 0 1
20  Канада 0 4 3 7
21  Јапонија 0 4 2 6
22  Шпанија 0 1 5 6
23  Полска 0 1 0 1
 Србија 0 1 0 1
25  ЈАР 0 0 3 3
26  Мексико 0 0 2 2
27  Хрватска 0 0 1 1
 Украина 0 0 1 1
Вкупно 68 64 66 198


Натпреварување[уреди]

Скокови во вода[уреди]

Заедно во тим во синхронизирани скокови од 3м за жени, Ву Минксиа (лево) и Хе Зи (десно) го освоија првиот медал на шампионатот.

Програмата за скокови во вода се состои од 10 натпреварувања (5 во машка и 5 во женска конкуренција). Скокањето ќе се одржи во Ориенталниот Спортски Центар Шангај од 16-24 јули.

На првиот ден од натпреварувањата на 16 јули, домаќинот Кина го освои својот прв медал во натпреварот во синхорнизирани скокови во вода за жени од 3м. Дуото Ву Минксиа и Хе Зи имаа скор од 356.40 и победија со повеќе од 40 поени разлика пред Канаѓанките Емили Хејманс и Џенифер Абел.[2] На вториот ден од натпреварите, Кинескотот дуо Куи Бо и Хуо Лианг освоија злато во синхорнизирани скокови во вода за мажи од 10м со скор од 480.03. На третиор ден од натпреварите, беа одржани две финалиња. Во скокови во вода за мажи од 1м, Кина продолжи со силниот перформанс со 1-2 победа, со тоа што Ли Шиксин освои злато, а Хе Мин освои сребро. Во синхорнизирани скокови во вода за жени од 10м, Кинеското дуо Ванг Хао и Чен Руолин освоија злато со скор од 362.58 поени. На четвртиот ден од натпреварувањето, беа одржани 2 финалиња и Кина ја продолжи ддоминацијата, во скокови во вода за жени од 1м, Кина освои 1-2 победа со тоа што Ши тингмао освои злато, а Ванг Хан освои сребро. Во In the синхорнизирани скокови во вода за машка од 3м, Кинеското дуо Квин Каи и Луо Јутонг освоија злато со скор од 463.98. На петтиот ден од натпреварувањата, Кина победи во скокови во вода за жени од 10м, со тоа што Чен Руолин освои злато и Ху Јадан освои сребро. На шестиот ден од натпреварувањата, Кина освои злато во скокови во вода за мажи од 3м. Сепак, ова беше прв индивидуален настан во скокови во вода во кој Кина не освои 1-2 победа, со тоа што Рускиот скокач Иља Захаров освои сребро. На седмиот ден од натпреварувањата, Кина освои злато во скокови во вода за жени од 3м, така што Ву Минскиа освои злато, а Хе Зи освои сребро. На осмиот и последен ден од натпреварите, Кина освои злато во скокови во вода за мажи од 10м. Со победата на ова натпрварување, Кина ги освои сите можни златни медали во скокови во вода.

Пливање на отворено[уреди]

Лурц е најнаградуваниот пливач во далечинско пливање со три медали.

Во категоријата пливање на отворено ќе има 7 натпреварувања (3 во машка, 3 во женска, и 1 во тимска конкуренција). Пливањето на отворено ќе се одржи на Плажата во Џинстан од 19-23 јули.

На првиот ден од натпреварувања на 19 јули, Британската пливачка Кери-Ан Пејн го освои првото злато во далечинско пливање во 10км за жени. Во вториот ден од натпреварувањата, Крчкиот пливач Спиридон Гианиотис освои злато во 10км за мажи, завршувајќи пред Германскиот пливач Томас Лурц. На третиот ден од натпреварувањата, Американската тројка Ендрју Гемел, Ешли Твичел и Син Рајан го освоија златото во 5 км тимски со време од 57:00.6.[3] На четвртиот ден од натпреварите, беа одржани 2 натпревари, 5км за жени и мажи. Во 5км за жени, Швајцарската пливачка Сван Оберсон освои злато со време од 1:00:39.7. Во 5км за мажи, Германскиот пливач Томас Лурц освои злато со време од 56:16.2. На петтиот и последен ден од натпреварите, беа одржани 2 натпревари, 25км за мажи и жени. Во 25км за мажи, Бугаринот Петар Стојчев освои злато со време од 5:10:39.8. Во 25км за жени, Бразилката Ана Марсело Куња освои злато со време од 5:29:22.9.

Пливање[уреди]

Натпреварувањата во пливање ќе се одржат во долг базен (50 м) и ќе има 40 натпреварувања (20 за мажи, 20 за жени; 17 индивидуални натпреварувања и 3 штафети за секој пол). Натпреварувањата ќе се одржат во Ориенталниот Спортски Центар Шангај од 24-31 јули. САД беше прва во табелата со медали со шеснаесет злата. Вкупно два светски рекоди беа поставени во пливачките дисциплини.

Американецот Рајан Лохте освои најмногу златни медали кај мажите со пет и беше назначен за најдобар машки пливач на шампионатот. Американката Ребека Сони освои вкупно три злата и една бронза и беше избрана за најдобар женски пливач на шампионатот. Американецот Мајкл Фелпс осви најмногу медал на шампиоантот со седум (четири злата, две сребра и една бронза).

Ден 1[уреди]

Химскирк имаше време од 52.46 за да ги помини Америанките во 4×100м краул штафета во денот еден.

На првиот ден од натпреварувањата на 24 јули, четири натпревари се одржаа, 400м краул и штафета 4х100м краул за мажи и жени. Во 400м краул за жени, Италијанската пливачка Федерика Пелегрини ја победи конкуренцијата со 4:01.97 и со предност пред Британската пливачка Ребека Алдригтон. Во 400м краул за мажи, Кореанскиот пливач Парк Тае-Хван го освои златото со време од 3:42.04 и секунда предност пред второпласираниот Сун Јанг. После натпреварите во 400м краул следеа натпреварите во штафета 4х100м за жени и мажи. Во штафета 4х100м за жени, Холандија заврши пред САД со 3:33.96 спрема 3:34.47. Главно поради времето на 100м на Фемке Химскерк од 52.46, со што Холанѓанките ги надминаа Американките во последната штафета. Потоа во штафета 4х100м за мажи, Австралија освои злато со време од 3:11.00. Најзаслужен кај Австралијците беше Џејмс Магнусен со неверојатно време од 47.49. Американецот Мајкл Фелпс (чиј тим заврши трет) имаше втор најдобар старт од 48.08. После трката, Фелпс рече за Магнусен, “Тој е талентиран, тој е млад. Јас мислам дека тоа ќе донесе возбуда во овој спорт и ќе додаде нешто за штафетата, тоа е сигурно“. Ниту светски ниту шампионатски рекорд не беше соборен во овој ден.

Ден 2[уреди]

Сиело освои злато во 50м делфин во денот два.

На вториот ден од натпреварувањата на 25 јули, беа одржани четири финалиња. 100м делфин за жени, 500м делфин за жени, 200м индивидуално мешано за жени и 100м градно за мажи. Во првото финале од денот 2, Американката Дана Волмер освои злато во 100м делфин за жени, откако имаше најдобро време и во прелиминациите и полуфиналето. Победничкото време на Волмер од 56.87 беше побавно од нејзиното полуфинално време од 56.47, но сепак беше доволно за злато. Во 50м делфин за мажи, Бразилецот Цезар Сиело, кој само што му беше дозволено да се учествува откако падна на допинг тестот, победувајќи со време од 23.10. Сиело беше многу емоционален после трката. После тоа тој рече, “Овај златен медал има различно чувство од другите. Овај е најтешкиот во мојот живот.“ Во 200м индивидуално мешано за жени, петнаесет годишната Кинескиња Је Шивен освои злато со време од 2:08.90 за да и го донесе на Кина првото злато во ова натпреварување. После 150м, Је беше петта, но после помина 50 метри за 29.42 за да избие пред Американката Аријана Кукорс и Австралијанката Алисиај Кутс за победата. Во 100м градно за мажи Норвежанецот Александер Дале Оеносвои злато со време од 58.71. После трката, тој покажа на Норвешкото знаме на неговата пливачка капа по повод на Нападите на Норвешка во 2011. Ниту светски ниту шампионатски рекорд не беше соборен во овој ден.

Ден 3[уреди]

На третиот ден од натпреварувањата на 26 јули, беа одржани пет финалиња, 200м краул за мажи, 100 грбно за жени, 1500м краул за жени, 100м грбно за мажи и 100м градно за жени. во првото финале од денот 3, во 200м краул за мажи, Американецот Рајан Лохте освои злато со 1:44.44. Другарот Американец Мајкл Фелпс освои сребро со време од 1:44.79, негово второ последователно сребро во оваа дисциплина на Светските Првенства во водени спротови. Во 100м грбно за жени, Кинескињата Зао Јинг освои злато си време од 59.05, само со 1/100 од секундата предност пред Анастасија Зуева. Во 1500м краул за жени, Данката Лоте Фрис осво излато со 15:55.60, подобрувајќи се од второ место во ова натпреварување пред две години. Во 100м грбно за мажи, Французите Камил Лакурт и Џереми Стравиус има исто време 52.76 злато. Во 100м градно за жени, Американката Ребека Сони доминираше и победи со време од 1:05.05, преку една секунда пред второпласираната Лејзел Џонс. Ниту светски ниту шампионатски рекорд не беше соборен во овој ден.

Ден 4[уреди]

Пелегрини го освои нејзиниот втор индивидуален златен медал во 200м слободно во денот четири.

На четвртиот ден од натпреварувањата на 27 јули, беа одрѓани четири финналиња, 200м делфин за мажи, 200м краул за жени, 800м краул за мажи, 50м градно за мажи. Во првото финале од денот четири, во 200м делфин за мажи, Американецот Мајкл Фелпс освои злато со време од 1:53.34, станувајќи првиот пливач кој освои пет златни медали воедн дисциплина на Светските Првенства..[4] Во 200м краул за жени, Италијанката Федерика Пелегрини го освои второто злато на овој шампионат и успешно ја одбрани титуалата од 2009. Во 800м краул за мажи, Кинезот Сун Јанг го освои првото негово светско злато со време од 7:38.57. Во 50м градно за мажи, Бразилецот Фелипе Франк Силва освiо излато со време од 27.01. Сепак, не помина се без контроверзии, затоа шт овидеата покажуваат дека Силва изведил нелегален делфин отскок на крајот од трката.[5] иту светски ниту шампионатски рекорд не беше соборен во овој ден.

Ден 5[уреди]

Лохте прв постави нов светски рекорд на шампионатот на денот пет.

На петтиот ден од натпреварувањата на 18 јули, беа одржани пет финалиња, 200м индивидуално мешано за мажи, 100м краул за мажи, 200м делфин за жени, 50м грбно за жени и 4×200м краул штафета. Во првото финале од денот пет, во 200м индивидуално мешано за мажи, Американецот Рајан Лохте го псотави првиот светски рекорд на шампионатот за да го освои и златниот медал со време од 1:54.00 и успешно да ја одбрани титулата од 2009.[6] Во 100м краул за мажи, Австралијанецот Џејмс Магнусен продолжи со добриот перформанс и освои злато со време од 47.63, со што стана првиот Австралијанец кој освоил злато во оваа дисциплина. Бранителот на титулата Цезар Сиело заврши на четвртото место со време од 48.01.[7] Во 200м делфин за жени, Кинескињата Јиао Луијанг го освои првото нејзино злато на светските пренства со време од 2:05.55, само за малку пред Британката елен ганди која заврши втора со време од 2:05.59.[8] Во 50м грбно за жени, Русинката Анастасија Зуева освои злато со време од 27.79.[9] Во 4×200м краул штафета за жени, Американскиот тим составен од Миси Франклин, Дани Кнутсон, Кети Хоф, и Алисон Шмид освои злато со време од 7:46.14. Предводејќи ја штафетата , шеснаесет годишната Миси Франклин оствари време од 1:55.06, што ќе беше доволно за освојување на злато во 200м краул (освоено со 1:55.58).[10] Еден светски рекорд беше поставен за време на денот пет, од Лохте во 200м индивидуално мешано.

Ден 6[уреди]

Сони го освои нејзиниот втор златен медал во 200м градно во денот шест.

На петиот ден од натпреварвуањата, беа одржани пет финалиња, 100м краул за жени, 200м грбно за мажи, 200м градно за жени, 200м градно за мажи и 4×200м краул штафета за мажи. Во првото финале од денот шест, во 100м краул за жени, Данката Жанет Отесен и Белорусинката Александра Херасименија беа изедначени за златниот медал со време од 53.46. За Отесен и Херасименија ова е прва индивидуална светска титула за нив.[11] Во 200м грбно за мажи, Американецот Рајан Лохте продолжи со неговиот одличен перформанс со победничко време од 1:52.96. Јапонецот Рјосуке Ирие заврши втор со време 1:54.11.[12] Во 200м градно за жени, Американката Ребека Сони го освои нејзиниот втор златен медал на шампионатот со време од 2:21.47, што беше побавно од нејзиното полуфинално време од 2:21.03, но сепак комфортно пред Русинката Јулија Ефимова која заврши втора со време од 2:22.22.[13] Во 200м градно за мажи, Унгарецот Даниел Ѓурта успешно ја одбрани титулата од 2009 со време од 2:08.41. За време на трката Јапонецот Косуке Китаџима водеше цело време и на 150м водеше пред Ѓурта со 1:34.22 спрема 1:34.71. Но сепак, Гјурта супериорно се врати во последните 50 мети и го помина Китаџима за победа. Китаџима заврши втор со време од 2:08.63.[14] Во последното натпреварување од денот шест, во 4×200м краул штафета за мажи, Американскиот тим, составен од Мајкл Фелпс, Питер Вандеркај, Рики Беренс, и Рајан Лохте освои злато со време од 7:02.67. На 600м, Американскиот тим заостануваше зад Франција со 5:18.11 спрема 5:17.46. Но сепак, Лохте имаше време од 1:44.56 за победа на Американците. Последната замена за Франција, Фабиен Гилот неможеше да се продолжи со Лохте и оствари време од 1:47.35. Конечното време на Франција беше 7:04.81. Забележливо, Кина заврши трета со време од 7:05.67, ова е прв медал во оваа дисциплина за Кина.[15] Ниту светски ниту шампионатски рекорд не беше соборен во овој ден.

Ден 7[уреди]

Декер освои злато во 50м делфин за жени во денот седум.

На седмиот ден од натпреварувањата на 30 јули, беа одржани шест финалиња, 50м делфин за жени, 50м краул за мажи, 200м грбно за жени, 100м делфин за мажи, 800м краул за жени и 4×100м мешано штафета за жени. Во првото финале од денот седум, во 50м делфин за жени, Данската пливачка Инге Декер освои злато пред светската рекордерка Терез Алшамар со 25.71 спрема 25.76.[16] Во 50м краул за мажи, Бразилецот Цезар Сиело успешно ја одбрани титулата од 2009 за да победи со време од 21.52.[17] Во 200м грбно за жени, Американката Миси Франклин Доминираше поставувајќи национален рекорд совреме од 2:05.10, скоро со секунда предност пред второпласираната Белинда Хокинг.[18] Времето на Франклин е трето најдобро време на сите времиња во оваа дисциплина. Во 100м делфин за мажи, Американецот Мајкл Фелпс го освои очекуваното злато со време од 50.71, негова трета последователна титула во оваа дисциплина (исто така победи во 2007 и 2009) и втора индивидуална титула на шампионатот.[19] Во 800м краул за жени, Британецот Ребека Адлингтон ја задржа Данката Лоте Фрис за да победи со време од 8:17.51. Фрис заврши втора со време од 8:18.20. [20] Во последното натпреварување од денот седум, во 4×100м мешано штафета за жени, Американскиот тим од Натали Коглин, Ребека Сони, Дана Волмер, и Миси Франклин освоија злато со време од 3:52.36, со преку три секунди предност пред второпласираната Кина. Нивното време беше послабо само од светскиот рекрод на Кинескињите од 3:52.19 од 2009. Забелешжливо, Франклин која пред тоа само што победи во 200м грбно, ја заврши краул штафетата со 52.79, најбрзо од сите.[21] Ниту светски ниту шампионатски рекорд не беше соборен во овој ден.

Ден 8[уреди]

Со победата на 50м краул за жени во денот осум, Алшамар, со 33, стана најстариот женски шампион во историјата.

На осмиот ден од натпреварувањата на 31 јули, беа одржани седум финалиња, 50м градно за жени, 400м индивидуално мешано за мажи, 50м краул за жени, 50м грбно за мажи, 1500м краул за мажи, 400м индивидуално мешано за жени и 4×100м мешана штафета за мажи. Во првото финале од денот осум, во 50м градно за жени, Американката Џесика Харди ја надплива Русинката Јулија Јефимова за златен медал со 30.19 спрема 30.49. Американката Ребека Сони fзавшри трета со време од 30.58.[22] Во 400м индивидуално мешано за мажи, Американката Рајан Лохте победи со предност од преку четири секунди со време од 4:11.17. Ова е шести медал за Лохте на шампионатот и петто злато. После трката, Лохте рече: “Мило ми е што шампионатот е готов ... Ова беа долги, долги осум дена. За поголем дел, не сум среќен, мислам дека е одлично да се освојат пет злата, но знам дека можам да бидам побрз.“ Американецот Тајлер Клери освои сребро зад лохте, со што го повтори успехот од 2009.[23] Во 50м краул за жени, Швеѓанката Терез Алшамар освои злато со време од 24.14. Холанѓанките Раноми Кромовиџоџо (24.27) и Марлин Велдхуис (24.49) завршија втора и трета. Со 33, Алшамар е најстариот женски шампион во историјата.[24] Во 50м грбно за мажи, Британецот Лиам Танкок успешно ја одбрани од 2009 со време од 24.50. Танкок беше задоволен од резултатот, но второпласираниот Камил Лакурт од Франција рече: “Не сум среќен со резултатот ... Ова беше добра шанса да освојам злато. Јас ќе се подготвам добро за Олимпијадата следната година.’[25] Во 1500м краул за мажи, Кинезот Сун Јанг постави втор светски рекорд на шампионатот и освои злато со време од 14:34.14, со што го подобри рекордот од 14:34.56 на Австралијанецот Грент Хакет и го подобри бронзениот меда од пред две години/ После трката Сун рече: “Со Олимпијадата за уште една година, јас морам да се спуштам и да почнам од нула. Се надевам, дека ќе направам чуда на Олимпијада.“[26] Пред ова, рекордот на Хакет беше рекорд кој најмногу остојуваше и не беше подобрен со “суперкостимите“ од 2009.[27] Во 400м индивидуално мешано за жени, Американката Елизабет Бејзел го освои првото злато за нејзе на светските шампионати со време од 4:31.78. Второпласираната Британка Хана Мајли заврши со две секунди зад победникот со време од 4:34.22.[28] Во последното натпреварување од денот осум, во 4×100м мешана штафета за мажи, Американскиот тим од Ник Томан, Марк Ганглоф, Мајкл Фелпс, и Натан Адријан освоија злато со време од 3:32.06. На 300м, Австралискиот тим беше четврт, но Џејмс Магнусен исплива за 47.00 за да му донесе второ место на неговиот тим со 3:32.26.[29] Еден светски рекорд беше поставен за време на денот осум, од Јанг во 1500м краул.

Светски рекорд[уреди]

Следниве светски рекорди беа поставени за време на шампионатот:

Датум Натпреварување Време Име Нација
28 јули, 2011 200м индивидуално мешано за мажи 1:54.00 Рајан Лохте  САД
31 јули, 2011 1500м краул за мажи 14:34.14 Сун Јанг  Кина

Синхронизирано пливање[уреди]

Исченко освои шест златни медали во синхронизирано пливање..

Натпреварите во синхронизирано пливање ќе се одржат во Ориенталниот Спортски Центар Шангај од 16-23 јули.

На првиот ден од натпреварите од синхорнизирано пливање на 17 јули, Русија го освои првото злато во соло технички, со тоа што Наталија Исченко победи со скор од 98.300. Вториот ден, Русија го освои второто злато во дует технички, така што Наталија Исченко и Светлана Ромашина освоија злато. На третиот ден од натпреварувањата од синхорнизирано пливање, Русиај продолжи со доминацијата, освојувајќи злато во тим технички со 98.300 поени. На четвртиот ден од натпревањата, Русија ја продолжи со тоа што Наталија Исченко го освои своето трето злато во соло слободно. На петтиот ден од натпреварувањата, Русија го освои петтото злато во тимски комбинирано и Наталија Исченко го освои нејзиниот четврт индивидуален златен медал, додека Канада го освои првиот медал. На шестиот ден од натпреварувњата, Русија го освои шестото злато со златото во дует слободно. Исто така, Наталија Исченко го освои нејзиното петто индивидуално злато во натпреварувањето. На седмиот и последниот ден од натпреварувањата, Русија освои злато во слободно тимски и Наталија исченко го освои својот шести индивидуален медал.

Ватерполо[уреди]

Натпреварувањата од ватерполо ќе се одржат во Ориенталниот Спортски Центар Шангај од 17-30 јули. Во машкиот турнир, Италија го изненади бранителот на титулата, Србија за злато. Во женскиот турнир, Грција ја победи Кина за злато.

Учесници[уреди]

181 нации учествуваа со по најмалку еден натпреварувач во една од петте дисциплини: nations have entered at least one athlete in one of the five disciplines; скокови во вода,[30] далечинско пливање,[31][32] пливање,[33] синхронизирано пливање,[34] и ватерполо.[35]

Видете исто така[уреди]

Референци[уреди]

  1. 12 - Шангај (КИНА) ќе биди организатор“, ФИНА (конс. 11 јануари 2011).
  2. Светско првенство во водени спортови 2011, Скокови во вода: Кина започна силно, победи во жени 3м синхронизирано“, Пливачки Светски Магазин, 16 јули 2011 (конс. 16 јули 2011).
  3. ФИНА Светско Првенство, Далечинско пливање: САД победи на тимското 5K натпреварување“, Пливачки Светски Стадион, 20 јули 2011 (конс. 20 јули 2011).
  4. Светско првенство во водени спортови, Пливање: Мајкл Фелпс го помина Такеши Мацуда за златен медал“, Пливачки Светски Магазин, 27 јули 2011 (конс. 27 јули 2011).
  5. Победата на Фелипе Франка Силва пот прашалник со нелегалниот делфински скок; Повик до ФИНА да користи подводно видео судење“, Пливачки светски магазин, 27 јули 2011 (конс. 27 јули 2011).
  6. ФИНА Светско Првенство, Пливање:Рајан Лохте го псотави првиот светски рекорд по пост-техничката ера“, Пливачки Светски Магазин, 28 јули 2011 (конс. 28 јули 2011).
  7. ФИНА Светско Првенство, Пливање: Џејмс Магнусен триумфален во 100 краул за мажи“, Пливачки Светски Магазин, 28 јули 2011 (конс. 28 јули 2011).
  8. ФИНА Светско Првенство, Пливање: Јиао Лиујанг за малку пред Елен Ганди за да победи во 200м делфин“, Пливачки Светски Магазин, 28 јули 2011 (конс. 28 јули 2011).
  9. ФИНА Светско Првенство, Пливање: Русинката Анастасиај Зуева испринтира до титулата“, Пливачки Светски Магазин, 28 јули 2011 (конс. 28 јули 2011).
  10. ФИНА Светско Првенство, Пливање: САД доминираше на женската 800м краул штафета; Миси Франклин најдобра.“, Пливачки Светски Магазин, 28 јули 2011 (конс. 28 јули 2011).
  11. ФИНА Светско Првенство, Пливање: Жанет Отесен и Александра Херасименија изедначени за круната на 100м“, Пливачки Светски Магазин, 29 јули 2011 (конс. 29 јули 2011).
  12. ФИНА Светско Првенство, Пливање: Рајан Лохте продолжува со одличниот перформанс, победи во 200м грбно“, Пливачки Светски Магазин, 29 јули 2011 (конс. 29 јули 2011).
  13. ФИНА Светско Првенство, Пливање: Стеин избришана, Ребека Сони триумфира на 200 градно.“, Пливачки Светски Магазин, 29 јули 2011 (конс. 29 јули 2011).
  14. ФИНА Светско Првенство, Пливање: Даниел Гјурта го помина Косуке Китаџима за злато на 200 градно“, Пливачки Светски Магазин, 29 јули 2011 (конс. 29 јули 2011).
  15. ФИНА Светско Првенство, Пливање: Одличното пливање на Рајан Лохте ја осигура победата на Американците на 800м краул штафета.“, Пливачки Светски Магазин, 29 јули 2011 (конс. 29 јули 2011).
  16. ФИНА Светско Првенство, Пливање: Инге Декер ја изненади Терез Алшамар во 50м делфин“, Пливачки Светски Магазин, 30 јули 2011 (конс. 30 јули 2011).
  17. ФИНА Светско Првенство, Пливање: Цезар Сиело ја одбрани титуалта на 50м краул“, Пливачки Светски Магазин, 30 јули 2011 (конс. 30 јули 2011).
  18. ФИНА Светско Првенство, Пливање: Мисии Франклин незапирлива на 200 грбно“, Пливачки Светски Магазин, 30 јули 2011 (конс. 30 јули 2011).
  19. ФИНА Светско Првенство, Пливање: Мајкл Фелпс трет пат победува во 100 делфин“, Пливачки Светски Магазин, 30 јули 2011 (конс. 30 јули 2011).
  20. ФИНА Светско Првенство, Пливање: Ребека Адлингтон ја премина Лоте Фрис за титула на 800 краул“, Пливачки Светски Магазин, 30 јули 2011 (конс. 30 јули 2011).
  21. ФИНА Светско Првенство, Пливање: САД прелета низ 400 мешано стафета; Загрозен светскиот рекрод; Најдобро Американско време“, Пливачки Светски Магазин, 30 јули 2011 (конс. 30 јули 2011).
  22. ФИНА Светско Првенство, Пливање: Џесика Харди доминираше на 50 градно“, Пливачки Светски Магазин, 31 јули 2011 (конс. 31 јули 2011).
  23. ФИНА Светско Првенство, Пливање: Рајан Лохте импресивно ја освои титулата на 400 ИМ“, Пливачки Светски Магазин, 31 јули 2011 (конс. 31 јули 2011).
  24. ФИНА Светско Првенство, Пливање: Терез Алшамар стигна до титула на 50 краул“, Пливачки Светски Магазин, 31 јули 2011 (конс. 31 јули 2011).
  25. ИНА Светско Првенство, Пливање: Лиам Танкок ја одбрани титулата на 50 грбно“, Пливачки Светски Магазин, 31 јули 2011 (конс. 31 јули 2011).
  26. ФИНА Светско Првенство, Пливање: Сун Јанг го подобри рекордот на Грент Хакет на 1500 краул“, Пливачки Светски Магазин, 31 јули 2011 (конс. 31 јули 2011).
  27. „Рекордот на Хакет кој долго опстојуваше е подобрен“. Сидни Морнинг Хералд. http://www.smh.com.au/sport/swimming/hacketts-longstanding-record-likely-to-be-eclipsed-by-sun-20110730-1i5cn.html. конс. 31 јули 2011. 
  28. ФИНА Светско Првенство, Пливање: Елизабет Бејзел најдобра во 400 ИМ“, Пливачки Светски Магазин, 31 јули 2011 (конс. 31 јули 2011).
  29. ФИНА Светско Првенство, Пливање: САД за малку пред Австралија за победа со 400 мешано штафета“, Swimming World Magazine, 31 јули 2011 (конс. 31 јули 2011).
  30. Натпреварувачи во скокови во вода
  31. Мажи во далечинско пливање
  32. Жени во далечинско пливање
  33. Распоред на пливање
  34. Натпреварувачи во синхронизирано пливање
  35. КВалификувани тимови во ватерполо
  36. Бразил се надева на медали во Шангај
  37. Бугарија носи 6 надежи во Шангај
  38. Тимот на Канада за Светското првенство во водени спортови 2011
  39. Кина го назначи тимо за Светкото Првенство на ФИНА
  40. Литванија
  41. 3 пливачи од СМИ на Светско Првенство
  42. 14то ФИНА Светско Првенство - Шангај 2011 (Шри Ланка}
  43. Учесници од Виетнам

Надоврешни врски[уреди]


Претходник
2009 ФИНА Светско Првенство
Италија Рим, Италија
2011 ФИНА Светско Првенство
Кина Шангај, Кина
Наследник
2013 ФИНА Светско Првенство
Шпанија Барселона, Шпанија