Терористички напади во Норвешка (2011)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Терористички напади во Норвешка (2011)

Поглед на центарот на Осло веднаш по експлозијата
Терористички напади во Норвешка (2011) се наоѓа во Бускеруд
Утоја
Осло
Терористички напади во Норвешка (2011) (Бускеруд)

Местоположба на настаните
Место Осло и Утоја, Норвешка
Координати 59°54′53.91″ СГШ 10°44′47.55″ ИГД / 59.9149776, 10.746544
Датум 22 јули 2011 (2011-07-22)
15:26[1] (CEST)
Вид на напад Bomb and shooting
Употребено оружје ИЕН (АННГ)
карабина Ruger Mini
пиштол Glock 17
Мртви

8 (Осло)[2]
68 (Утоја)[2]

Вкупно: 76
Сторители Андерс Беринг Брејвик

Норвешките напади од 2011 година претставуваат терористички напади[3] кои биле насочени кон владата на земјата, политичкиот летен камп и цивилното население во Норвешка. Нападот бил извршен на 22 јули 2011 година и се состоел од две фази. Бо првиот напад, експлозија од бомба одекнала во на владината населба во Осло, во 15:26 часот, односно пред канцеларијата на премиерот Јенс Столтенберг[4]. Пред владиниот комплекс згради, загинале најмалку седум лица, а над 15 лица биле повредени. Вториот напад се случил два часа подоцна на младинскиот камп кој бил организиран од страна на Лабуристичката партија на Норвешка на островот Утоја, во близина на Осло. Според податоците, најмалку еден вооружен напаѓач кој бил преправен како полицаец, отворил оган и досега има загинато најмалку 85 луѓе[5][6][7].

Полицијата го уапсил Андерс Беринг Брејвик, 32-годишен Норвежанец, за пукањето во Утоја[8], а потоа го обвинил и за нападот пред владата[9]. Според некои медиуми, осомничениот 32-годишен маж пред неколку месеци купил 6 тони вештачко ѓубриво, од кое наводно го направил експлозивот[10].

Европската унија, НАТО и неколку земји од целиот свет ја изразиле својата поддршка за Норвешка и ги осудиле нападите.

Ова е најкрвавиот терористички напад во Западна Европа, по оној во Мадрид од 2004 година, кога загинале 191 луѓе.

Наводи[уреди]

  1. At least 92 killed in shootings and bomb blast in Norway“, VG, 22 јули 2011 (конс. 23 јули 2011).
  2. 2,0 2,1 „Police scale down: 68 killed in Utøya“. VG Nett. 25 јули 2011. http://www.vg.no/nyheter/innenriks/oslobomben/artikkel.php?artid=10080770. конс. 25 јули 2011. 
  3. Brustad, Line. „Siktes for to terrorhandlinger“, Dagbladet, 23 јули 2011 (конс. 23 јули 2011).
  4. Beaumont, Peter. „Norway attacks suggest political motive“, 22 јули 2011 (конс. 22 јули 2011).
  5. Savage Terror Attacks“, 23 јули 2011 (конс. 23 јули 2011). „...at Least 87 Dead“
  6. Birnbaum, Michael. „At Least 80 Are Dead in Norway Shooting“, 22 јули 2011 (конс. 23 јули 2011).
  7. Norway attacks: At least 87 dead in shootings at youth conference, Oslo explosion“, 22 јули 2011 (конс. 23 јули 2011). „...at least 80 people shot to death at a youth political conference outside Oslo after a massive explosion in the capital’s government district killed at least seven people, according to Norwegian police“
  8. Storberget: - Den pågrepne er norsk“, 22 јули 2011 (конс. 22 јули 2011). (на Norwegian)
  9. Scores killed in Norway attack“, „BBC“, 23 јули 2011 (конс. 23 јули 2011).
  10. „Масакр во Норвешка“ (на македонски). Радио Слободна Европа. 23 јули 2011. http://www.makdenes.org/content/article/24274226.html. конс. 23 јули 2011.