ФИНА

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Меѓународната пливачка федерација

Лого на ФИНА
Гесло Водата е нашиот свет
Основана 1908
Седиште Лозана, Швајцарија
Членство 202 национални федерации
Претседател Др. Жулио Цезар Маглионе
Мреж. место www.fina.org

Меѓународната пливачка федерација (скр. FINA – Fédération Internationale de Natation) е меѓународна спортска федерација призната од страна на Меѓународниот олимписки комитет (МОК)[1] која ги регулира сите национални спортски федерации во спортовите: пливање, скокови во вода, синхронизирано пливање, далечинско пливање и ватерполо. Седиштето на федерацијата се наоѓа во Лозана, Швајцарија.

На 24 јули, 2009 година, Др. Жулио Цезар Маглионе од Уругвај биз избран за претседател на ФИНА.[2]

Историја[уреди]

ФИНА била основана на 19 јули, 1908 година во хотелот Манчестер во Лондон, Велика Британија на крајот на Летните олимписки игри 1908 од страна на Белгиската, Британската, Данската, Финската, Холандската, Француската, Германската, Унгарската и Шведската пливачка федерација.[3]

Број на национални федерации за година:

  • 1908: 8
  • 1928: 38
  • 1958: 75
  • 1978: 106
  • 1988: 109
  • 2000: 174
  • 2008: 197

Членки[уреди]

Во јануари 2010 на состанокот на бирото на ФИНА, Тонга станала 202-ра национална федерација на ФИНА.[4] Земјите членки се групирани по континент, и има 5 континентални асоцијации на кои земјите можат да бидат членови:

World Map FINA.svg

Белешка: Бројот во заградата е број на членки во континенталната асоцијација.

Претседатели[уреди]

Секој претседателски мандат изнесува 4 години

Претседатели на ФИНА
Име Држава Мандат
Џорџ Херн  Велика Британија 1908–1924
ерик Бергвали  Шведска 1924–1928
[Емил-Џорџес Дригни  Франција 1928–1932
Валтер Бинер  Германија 1932–1936
Харолд Ферн  Велика Британија 1936–1948 (*)
Рене де Раеве  Белгија 1948–1952
М.Л. Негри  Аргентина 1952–1956
Јан де Вриес  Холандија 1956–1960
Макс Ритер  Германија 1960–1964
Вилијам Берг Филипс Австралија Австралија 1964–1968
Хавиер Остос Мора[5]  Мексико 1968–1972
Харолд Хенинг Flag of the United States.svg САД 1972–1976
Хавиер Остос Мора (2-ор мандат)[5]  Мексико 1976–1980
Анте Ламбаса  Југославија 1980–1984
Роберт Хелмик Flag of the United States.svg САД 1984–1988
Мустафа Ларфауи  Алжир 1988–2009
Др. Жулио Цезар Маглионе  Уругвај 2009–сега
(мандатот е до 2013)

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. The International Olympic Committee online listing of the International Federations.
  2. Report from/on the 2009 FINA General Congress held on July 24, 2009 and published by FINA on 2009-07-24. Retrieved 2009-07-24.
  3. The National Federation page on the FINA website.
  4. FINA Press Release 2010-02: FINA Bureau Meeting in Bangkok (THA) - Main decisions (a report on the January 14+15, 2010 FINA Bureau meeting). Published 2010-01-16; retrieved 2010-01-25.
  5. 5,0 5,1 FINA Honorary Life President Lic. Javier Ostos Mora passes away at 92. Published 2008-11-07 by FINA. Retrieved 2008-11-10.

Надворешни врски[уреди]

  • FINA, официјално мрежно место.