Светско првенство во водени спортови 2009

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Светско првенство
во водени спортови 2009

Италија Рим, Италија
Скокови во вода
Индивидуално
1 м мажи жени
3 м мажи жени
10 м мажи жени
Синхронизирано
3 м мажи жени
10 м мажи жени
Далечинско пливање
5 км мажи жени
10 км мажи жени
25 км мажи жени
Пливање
Краул
50 м мажи жени
100 м мажи жени
200 м мажи жени
400 м мажи жени
800 м мажи жени
1500 м мажи жени
Грбно
50 м мажи жени
100 м мажи жени
200 м мажи жени
Градно
50 м мажи жени
100 м мажи жени
200 м мажи жени
Делфин
50 м мажи жени
100 м мажи жени
200 м мажи жени
Индивидуално мешано
200 м мажи жени
400 м мажи жени
Штафета краул
4×100 м мажи жени
4×200 м мажи жени
Штафета мешано
4×100 м мажи жени
Синхронизирано пливање
Соло техничко слободно
Дует техничко слободно
Тим техничко слободно
комбинирано
Ватерполо
мажи    •   жени

13тото ФИНА Светско Првенство се одржа во Рим од 17 јули до 2 август 2009. Натпреварувњето повторно ќе ги содржи сите 5 водени дисциплини: скокови во вода, пливање, пливање на отворено, синхронизирано пливање и ватерполо.

Рим го освои правото да биде домаќин на оваа натпреварување на 16 јули 2005 во Монтреал, Канада. Во изборот Рим ги победи останатите кандидати: Атина (Грција), Москва (Русија) и Јокохама (Јапонија).

На овој турнир ќе се натпреваруваат рекордни 2556 натпреварувачи од 185 земји.[1]

Стадиони[уреди]

  • Форо Италико
  • Меѓународен воден стадион „Тор Вергата“.
  • Остија

Распоред[уреди]

 ●  Отворачка церемонија  ●  Натпревари  ●  Финални натпревари  ●  Затворачка церемонија
Јули/Август 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 1 2 Вку.
Церемонии
Пливање







40
Пливање на отворено 6
Скокови во вода 10
Ватерполо 2
Синхронизирано пливање 7
Финалиња 1 2 3 1 5 3 2 2 4 4 4 5 4 5 6 7 7 65

Освојувачи на медали[уреди]

Последно обновено на:15:34, 3 август 2009 (UTC)

 Ранг  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1 Flag of the United States.svg САД 11 11 7 29
2 Народна Република Кина НР Кина 11 7 11 29
3  Русија 8 8 4 20
4  Германија 7 4 1 12
5 Австралија Австралија 4 5 10 19
6  Велика Британија 4 3 2 9
7  Италија 4 1 5 10
8  Србија 3 1 0 4
9  Унгарија 2 1 3 6
10  Бразил 2 1 1 4
11  Шпанија 1 7 3 11
12 Flag of Japan.svg Јапонија 1 2 1 4
13 Тунис Тунис 1 2 0 3
14  Данска 1 1 0 2
 Шведска 1 1 0 2
Зимбабве Зимбабве 1 1 0 2
17 Јужна Африка ЈАР 1 0 3 4
18  Холандија 1 0 1 2
19  Мексико 1 0 0 1
20  Канада 0 4 5 9
21  Франција 0 3 3 6
22  Грција 0 1 0 1
 Полска 0 1 0 1
24  Австрија 0 0 1 1
 Хрватска 0 0 1 1
 Куба 0 0 1 1
 Литванија 0 0 1 1
Малезија Малезија 0 0 1 1
 Норвешка 0 0 1 1
 Романија 0 0 1 1
Вкупно 65 65 67 197

ФИНА конгрес 2009[уреди]

Вообичаено, заедно со Светското Првенство, ФИНА го одржува двегодишниот Генерален Конгрес во Рим, за време на настанот, на 24 јули 2009 во 09:00 часот.[2] На собирот ќе се избираат 22 членови на бирото на ФИНА (од извршниот одбор на ИФ) за периодот од 2013 до 2019. ФИНА правилата наложуваат де овие 22 члена на бирото ќе треба да ги изберат Извршните директори (Претседател, Благајник, Секретар и др.) [3]

Заедно со Генералниот Конгрес ќе се одржат Техничките Конгреси(ТК) за секоја дисциплина посебно, за да ги претстават правилата во тие дисциплини. Конгресите ќе бидат одржани на:[2]

  • 15 Јули: ТК за скокови во вода, ТК за пливање на отворено
  • 16 Јули: ТК за симхронизирано пливање, ТК за Ватер поло.
  • 23 Јули: ТК за пливање

Забелешка: Техничките конгреси треба да се одржат пред почнувањето на дисциплината на првенството и пред Генералниот Конгрес.
Друга забелешка: Нема да се одржи натпревар во пливање на датата на одржување на Генералниот Конгрес.

Контроверзии околу пливачките костими[уреди]

Во март 2009 година,[4] поради залагањата на нејзините членови, ФИНА одлучи да постави граници околу конструкцијата на пливачкиот костим, велејќи дека костимот давал повеќе духовна енергија, стабилност брзина и издржливост. Овие напори започнаа по претставувањето на костимот во почетокот на 2008, и тоа доведе до ограничување на костимите,а ФИНА издаде листа на одобрени костими за натпреварувањата.[5] По ова на произведувачите на костими им беше дадено време да ги прилагодат своите костими, кои првично не беа одобрени. Во јуни 2009 година, ФИНА одлучи да ги врати костимите, кои беа тргнати од употреба во март[6](Поради што ФИНА се уште е тужена од страна на некои производители, како на пример TYR). Ефектот се согледа на Светското Првенство во водени спортови 2009, каде ограничувањата не беа стапени на сила. Исто така ова доведе до промена на правилата од страна на Техничкиот Комитет за пливање (23 јули) и Генералниот Конгрес (24 јули)[7], каде беа поставени ограничувања на костимите. Сепак овие промени на правилата нема да стапат насила до 2010, а имаше и некои обиди да се одложи ова ограничување (Впечатокот беше дека овие промени ќе стапат насила на 1 јануари 2010; Сепак извршниот директор на ФИНА по неколку дена кажа дека датумот не е одреден, но најверојатно ќе биде април или мај).[8] Потоа на 31 јули 2009, Бирото на ФИНА (Бордот на организацијата) потрвди дека датумот на спровеувањето ќе биде 1 јануари 2010.[9]

Поради предностите од пливачките костими, некои ова првенство го нарекуваа “Пластични Игри“.[10][11] Овие материјали содржат полиуретен, кој гледано од некоја страна ја подобрува ефикасноста. Ова го подржувааат и 43 Светски рекорди поставени на ова првенство[12] каде беа поставени рекорди на 38 од 40 натпреварувања и само 2 натпреварувања не добија никаков нов рекорд (На минатите Светски Првенства беа подобрени 24 (2007) и 19 (2003) рекорди на првенствата. Поточно, костимот Arena X-Glide, кој беше носен од Германецот Паул Бидерман, му овозможи голема предности и му помогна во соборувањето на рекордот од Јан Торп на 400м и во победата против Мајкл Фелпс на 200м краул. Тренерот на Мајкл Фелпс, Боб Бауман истакна: „ Ми беа потребни 5 години за Мајкл Фелпс да се подобри од 1:46 на 1:42, а овој човек тоа го направи за само 11 месеци. Тоа е една неверојатна претстава за обука. Би сакал да знам како го направи тоа.“[13] Минатата година Бидерман беше рангиран како 9-ти на 200м и 21-ви на 400м во светот на слободен стил.[14][15]

Наводи[уреди]

  1. PR52 - 13th FINA WORLD CHAMPIONSHIPS - Рекордна учесност во Рим (ИТА) од сајтот на ФИНА (www.fina.org); retrieved 2009-07-13.
  2. 2,0 2,1 FINA Calendar: July 2009j, from the FINA website (www.fina.org) retrieved 2009-07-06.
  3. FINA Bureau page from the FINA website (www.fina.org); retrieved 2009-07-06.
  4. PR21 - FINA Bureau Meeting published by FINA on 2009-03-14; retrieved 2009-08-12.
  5. PR37 - FINA Commission for Swimwear Approval published by FINA on 2009-05-18; retrieved 2009-08-12.
  6. PR46 - FINA Executive Meeting / Swimsuits published by FINA on 2009-06-22; retrieved 2009-08-12.
  7. FINA General Congress report issued by FINA, on 2009-07-24; retrieved 2009-08-12.
  8. FINA Says Suit Ban Could Be Delayed by Amy Shipley, The Washington Post. Published 2009-07-29; retrieved 2009-08-12.
  9. PR59 - FINA BUREAU MEETING (FINA Press Release 2009-59), published by FINA on 2009-07-31, retrieved 2009-08-12.
  10. Amy Shipley. „More Questions Than Answers at Swimming World Championships“. The Washington Post. http://www.washingtonpost.com/wp-dyn/content/article/2009/08/02/AR2009080201983.html. 
  11. KAREN CROUSE. „Redefining Fast at the ‘Plastic Games’“. The New York Times. http://www.nytimes.com/2009/08/04/sports/04swim.html. 
  12. Swimming's fabric unravels with suit farce by Jim Tucker for the Courier Mail [Australia]. Published 2009-07-29, retrieved 2009-08-12.
  13. Nicole Jeffery. „Michael Phelps boycott threat over suit war“, The Australian, 30 јули, 2009 (конс. 5 август, 2009).
  14. Alan Boyle. „The science behind the swimsuit war“. http://cosmiclog.msnbc.msn.com/archive/2009/07/29/2013052.aspx. 
  15. Chris Chase. „Down goes Michael: Phelps beat in 200m free, first loss since '05“. Yahoo. http://sports.yahoo.com/olympics/beijing/blog/fourth_place_medal/post/Down-goes-Michael-Phelps-beat-in-200m-free-fir?urn=oly,179248. 

Надворешни врски[уреди]