Росовото Море (англ.Ross Sea) е дел од Антарктикот и зафаќа површина од околу 500.000 км2. Морето се наоѓа помеѓу Земјата на Мери Берд на исток и Викториината Земја на запад.
Јужниот дел на морето го зазема Росовата Ледена Плоча — извор на многу ледници. На западниот дел на морето се наоѓа Росовиот Остров. На исток се наоѓа Рузвелтовото море во Заливот на Китовите. Во морето се наоѓаат следните острови Блек, Карн, Кулман и Вајт. Најјужниот дел на морето е Гулдовиот Брег кој се наоѓа на 300 километри од Јужниот Пол. Росовото море го открил истражувачот Џејмс Рос во 1841 г. Во 1911 г. Роалд Амундсен ја почнал својата експедиција кон Јужниот Пол од залиовот на Китовите.