Куќа на Ајри Доко
Куќа на Ајри Доко | |
---|---|
Поглед на куќата | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | куќа |
Стил | староградски |
Адреса | ул. „Цар Самоил“ бр. 32 ул. „Цар Самоил“ бр. 50 (стара адреса) |
Град | Охрид |
Земја | Македонија |
Завршена | XIX век / 2016 |
Технички податоци | |
Катови | 3 |
Куќа на Ајри Доко — стара куќа во Охрид, претставник на староградската архитектура, прогласена за значајно културно наследство на Македонија[1][2] заведена под називот Куќа на ул. „Цар Самоил“ бр. 50.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Куќата е сместена во стариот дел на градот, на улицата „Цар Самоил“ бр. 32. Претставуава дел од комплексот на т.н. „болнички куќи“ сместени спроти цеквата „Св. Богородица Болничка“. На исток се граничи со Куќата на Стружанови, а на запад е Куќата на Скопаковци. Изградена е од непознати мајстори во XIX век и му припаѓала на Ајри Доко.[1] Поради проблеми со темелите, во првата половина на 2010-тите била сосема урната, но во 2016 г. е факсимилно обновена со современи материјали.[4][5]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата е имала сутерен, подоцна покриен, камено приземје и кат со чардак со бондручна конструкција. Станбените простории се наоѓале на приземјето.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Куќа на ул.Цар Самоил бр.32“. Управа за заштита на културното наследство. Посетено на 31 август 2017.[мртва врска]
- ↑ Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 31.
- ↑ „Национален регистар на објекти кои се заштитно културно наследство“. Министерство за култура. 2012. Архивирано од изворникот 2021-08-09. Посетено на 4 август 2022.
- ↑ „Конзервација на Куќата на Ајри Доко во Охрид“. Web Ohrid. 7 август 2015. Архивирано од изворникот на 2017-09-05. Посетено на 5 септември 2017.
- ↑ „Во Охрид се заштитени 14 објекти со староградска архитектура“. Нова Македонија. 25 јули 2016. Архивирано од изворникот на 2017-09-05. Посетено на 5 септември 2017.