Прејди на содржината

Санкт Петербург

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Санкт Петерсбург)
Санкт Петербург
Федерален град
Санкт-Петербург
Знаме на Санкт ПетербургГрб на Санкт Петербург
ДржаваРусија
Федерален округСеверозападен[1]
Економски регионСеверозападен[2]
Управа
 • ОрганЗаконодавно собрание
 • ГувернерГеорги Полтавченко
Површина[3]
 • Вкупно1.439 км2 (556 ми2)
Ранг82-ри
Население (2010 Census)[4]
 • Вкупно4.848.700
 • проц. од (2018)[5]5.351.935 (+10,4%)
 • Ранг4th
 • Густина3,400/км2 (8,700/ми2)
 • Градскo100%
 • Селска0%
Час. појасмосковско време Уреди википодатоци[6] (UTC+3)
ISO 3166RU-SPE
Рег. таб.78, 98, 178
Службени јазицируски[7]

Санкт Петербург (руски: Санкт-Петербург) — еден од најголемите градови во Русија основан од страна на царот Петар Велики во 1703 година. Изграден е на мочурливо земјиште, а за време на неговата изградба загинале илјадници луѓе. Овој град е создаден за да ја отвори Русија за Западот, а во текот на наредните два века тој ја заменил Москва како центар на политичкиот живот во Русија.

Каналот Грибоедов со црквата на Христовото Воскресение

Низ неговата историја, градот го сменил своето име трипати. За време на Првата светска војна, неговото име е сменето во Петроград. Во советската ера пак, вториот по големина град во СССР го носел името на Ленин - Ленинград. По падот на комунизмот, на градот му е вратено првобитното име, Санкт Петербург, иако неговите жители нагалено го викаат само Петар (Питер).

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]

Петар Велики првично го нарекол градот Санкт Петербург. По почетокот на Првата светска војна, градот бил преименуван во Петроград. На 26 јануари 1924 бил преименуван во Ленинград. На 6 септември 1991 повторно било вратено првобитното име.

Историја

[уреди | уреди извор]
Бронзениот коњаник, споменик на Петар Велики

Кон крајот на 17 век, Петар Велики, кој бил заинтересиран за поморските работи, сакал Русија да добие пристаниште со цел да тргува со остатокот од Европа.[9] Тој имал потреба од подобро пристаниште од она кое било главно во земјата во тоа време, Архангелск, кое се наоѓа на Белото Море на крајниот север и било затворено во текот на зимата.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Според бројот на жители Санкт Петербург е втор најголем град во Русија. Според пописот од 2010 година, во градот живееле 4.879.566 жители.[4] Етничкиот состав на населението е: Руси 92.5%, Украинци 1.5%, Белоруси 0.9%, Татари 0.7%, Ерменци 0.5%, Евреи 0.5%, Узбеци 0.4%, Таџици 0.3%, Азери 0.3%, Грузијци 0.2%, Молдавци 0.2%, Финци 0.06%.

Реката Нева тече низ поголемиот дел од центарот на градот

Административна поделба

[уреди | уреди извор]
Санкт Петербург е поделен на 18 реони:
Administrative divisions of the city of Saint Petersburg
Administrative divisions of the city of Saint Petersburg
  1. Адмиралтејски
  2. Василеостровски
  3. Виборгски
  4. Калинински
  5. Кировски
  6. Колпински
  7. Красногвардејски
  8. Красноселски
  9. Кронштадски
  1. Куротњи
  2. Московски
  3. Невски
  4. Петроградски
  5. Петродворцови
  6. Приморски
  7. Пушкински
  8. Фрунзенски
  9. Централни

Санкт Петербург како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]

Санкт Петербург се јавува како тема и инспирација на бројни дела во уметноста и во популарната култура, како:

Во својот роман, „Злосторство и казна“, Фјодор Достоевски го опишува Санкт Петербург на следниов начин: „Ова е град на полулудите. Кога ние би имале наука, тогаш медицинарите, правниците и филозофите би можеле да извршат над Петроград многу драгоцени истражувања, секој во својата струка. Ретко каде ќе се најдат толку мрачни, остри и чудни влијанија врз душата човечка како во Петроград. Колку само значат климатските влијанија! Меѓутоа, тоа е административен центар на Русија и неговиот карактер мора да се одрази на сè.“[19]

  1. Президент Российской Федерации. Указ №849 от 13 мая 2000 г. «О полномочном представителе Президента Российской Федерации в федеральном округе». Вступил в силу 13 мая 2000 г. Опубликован: "Собрание законодательства РФ", No. 20, ст. 2112, 15 мая 2000 г. (President of the Russian Federation. Decree #849 од May 13, 2000 „On the Plenipotentiary Representative of the President of the Russian Federation in a Federal District“. Стапил на сила May 13, 2000).
  2. Госстандарт Российской Федерации. №ОК 024-95 27 декабря 1995 г. «Общероссийский классификатор экономических регионов. 2. Экономические районы», в ред. Изменения №5/2001 ОКЭР. (Gosstandart of the Russian Federation. #OK 024-95 December 27, 1995 „Russian Classification of Economic Regions. 2. Economic Regions“, по измените на Amendment #5/2001 OKER. ).
  3. „Сведения о наличии и распределении земель в Российской Федерации на 01.01.2019 (в разрезе субъектов Российской Федерации)“. Federal Service for State Registration, Cadastre and Cartography. Архивирано од изворникот на 9 February 2022. Посетено на 29 August 2023.
  4. 4,0 4,1 Федерална служба за државна статистика (2011). „Всероссийская перепись населения 2010 года. Том 1“. Всероссийская перепись населения 2010 года. Федерална служба за државна статистика. Посетено на June 29, 2012.
  5. http://www.gks.ru/free_doc/new_site/population/demo/Popul2018.xls.
  6. „Об исчислении времени“. Официальный интернет-портал правовой информации (руски). 3 June 2011. Посетено на 19 January 2019.
  7. Official throughout the Russian Federation according to Article 68.1 of the Constitution of Russia.
  8. Official website of St. Petersburg. St. Petersburg in Figures Архивирано на 19 февруари 2009 г.
  9. Wilson, Derek (5 January 2010). Peter the Great. Macmillan. стр. 82. ISBN 9781429964678. Посетено на 25 February 2012.
  10. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 23.
  11. Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 12.
  12. Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 36.
  13. Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 75-76.
  14. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 103-104.
  15. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 94-95.
  16. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 95-96.
  17. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 169-170.
  18. Кинотека на Македонија, „Програма - ноември 2015“.
  19. Fjodor Dostojevski, Zločin i kazna. Beograd: Rad, 1975, стр. 505.