Мирчо Атанасов
Мирчо Атанасов | ||
Роден | Трстеник (Светиниколско), Османлиско Царство | |
---|---|---|
Починал | 18 декември 1911 С’лп, Османлиско Царство |
Мирчо Атанасов или известен како Трстенички и Велешки[1] (с. Трстеник (Светиниколско) – 18 декември 1911, С’лп, Велешко) — македонски револуционер, велешки војвода на Внатрешната македонска револуционерна организација.
Животопис[уреди | уреди извор]
Мирчо Атанасов е роден во светиниколското село Трстеник, тогаш под Османлиското Царство. Влегува во ВМРО и станува четник во Светиниколско. Во септември 1911 година Мирчо Велешки станува самостален велешки војвода. Во декември 1911 година во селото С'лп пристигнала четата на велешкиот војвода на ВМРО Мирчо Атанасов, која по предавството од србоманскиот поп Андон во селото, влегла во судир и започнала борба со турскиот аскер во која на крајот војводата со пет четници за да не паднат живи во непријателските раце се самоубиле.[2]. Овој настан и подвиг е опеан меѓу народот преку народната песна „Мирчо Велешки“[2] Како негов заместник е испратен подпоручник Георги Грчев.
Песна за Мирчо Велешки[уреди | уреди извор]
Бае Мирчо чета води, |
оригиналната верзија (пред кодификацијата) Бае Мирчо чета води, |
Белешки[уреди | уреди извор]
- ↑ Николов, Борис. ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.66
- ↑ 2,0 2,1 Аврамов, Н. Стефан. „Револуционерните борби во Азот (Велешко) и Поречието“. Макавеј, Скопје, 2008. стр. 148