Народноослободителна војска на Македонија
Знамето на НОВМ | |
Кратенка | НОВМ |
---|---|
Основана | 1943 |
Укината | 1945 |
Вид | воена организација |
Правен статус | расформирана |
Цел | народноослободителна |
Регион | Вардарска Македонија |
Членство | 1,000-8,000(1941)-66,000(1944)-100,000(1945) |
Службени јазици | македонски |
Командант | Мирче Ацев Михајло Апостолски Методија Андонов - Ченто |
Главно тело | Главен штаб на НОВ |
Народноослободителна војска на Македонија (НОВМ) — македонска војска која се создала во екот на Народноослободителната борба во Вардарска Македонија и Македонија во Втората светска војна. Партизанскиот облик на вооружена борба преовладувал до средината на 1943 година, кога биле формирани поголеми воени формации кои имале маневарски карактер, но биле организациски похомогени и поквалитетни од партизанските одреди. Примената на комбиниран облик на вооружена борба почнала во втората половина на 1943 година.
Во текот на војната во македонската војска биле формирани 24 пешадиски бригади, шест артилериски, четири инженериски, една автомобилска и една коњаничка бригада. Од овие бригади формирани се седум дивизии, а подоцна и 8-та дивизија на КНОЈ, како и три корпуси. Бројната состојба на НОВМ во декември 1944 изнесувала околу 66.000 борци, во март 1945 година 83.814, а по капитулацијата на Нацистичка Германија на 9 мај 1945 година НОВМ имала околу 110.000 борци [1].
Историја
[уреди | уреди извор]Антифашистичкиот отпор започнал на 11 октомври 1941 година, со појавата на македонските партизански одреди кои, во текот на војната, прераснале во Народноослободителна Војска на Македонија. Денот на создавањето на првата поголема единица, баталјонот Мирче Ацев, на 18 август 1943 на планината Славеј [2] помеѓу Охрид, Охридското Езеро и Кичево, е прогласен за Ден на Армијата на Република Македонија.
На 11 ноември 1943 година, била формирана Првата македонско-косовско ударна бригада во западна Македонија со обединување на два македонски и еден косовски баталјон. Втора поголема воена единица била Втората македонска ударна бригада која што била формирана на 22 декември 1943 година [3]. На 26 февруари 1944 година во селото Жегљане, во близина на Куманово, била формирана Третата македонска ударна бригада. Овие три бригади биле јадрото на Народноослободителна Војска на Македонија, која по постојаните битки станувала бројчено посилна. Од 7.000 партизани на крајот на 1943 година, до завршните воените операции за ослободување на Југославија во април 1945 година, Народноослободителна Војска на Македонија се зголемила на три корпуси, седум дивизии и триесет бригади, со вкупно 100.000 редовни војници [4].
Војската била предводена од Главен штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија, на чело со Михајло Апостолски [5].
Команданти
[уреди | уреди извор]Странски воени мисии при ГШ на НОВ и ПОМ
[уреди | уреди извор]Број и состав на Народноослободителната војска на Македонија
[уреди | уреди извор]Хронолошкиот број на НОВМ во текот на годините [6]:
Септември 1943 | Крај на 1943 | Август 1944[7][8] | Крај на 1944[9] | Март 1945 | Мај 1945 | |
---|---|---|---|---|---|---|
Бројност | 10.000 | 7.000 | 8.000 | 66.000 | 83.814 | 110.000 |
Одреди
[уреди | уреди извор]- Битолски народоослободителен партизански одред „Гоце Делчев“
- Битолски народоослободителен партизански одред „Пелистер“
- Битолски народоослободителен партизански одред „Јане Сандански“
- Битолски народоослободителен партизански одред „Даме Груев“
- Брегалнички народоослободителен партизански одред „Гоце Делчев“
- Велешки народоослободителен партизански одред „Пере Тошев“
- Велешко-прилепски народоослободителен партизански одред „Димитар Влахов“
- Велешко-прилепски народоослободителен партизански одред „Трајче Петкановски“
- Гевгелиски народоослободителен партизански одред
- Гевгелиско-струмички народоослободителен партизански одред
- Карадачки народоослободителен партизански одред
- Кумановски народоослободителен партизански одред
- Козјачки народоослободителен партизански одред
- Кичевско-мавровски народоослободителен партизански одред
- Кичевски народоослободителен партизански одред „Козјак“
- Крушевски народоослободителен партизански одред „Питу Гули“
- Мавровско-Гостиварски народоослободителен партизански одред „Кораб“
- Малешевски народоослободителен партизански одред
- Народоослободителен партизански одред „Дримкол“
- Народоослободителен партизански одред „Малесија“
- Народоослободителен партизански одред „Славеј“
- Прилепски народоослободителен партизански одред „Ѓорче Петров“
- Прилепски партизански одред „Гоце Делчев“
- Прв поречки партизански одред
- Скопски народоослободителен партизански одред
Бригади
[уреди | уреди извор]- Прва македонска автобригада
- Прва македонска коњичка бригада
- Прва егејска ударна бригада
- Прва македонско-косовска ударна бригада
- Втора македонска ударна бригада
- Трета македонска ударна бригада
- Четврта македонска ударна бригада
- Четврта македонска албанска бригада
- Петта македонска ударна бригада
- Шеста македонска ударна бригада
- Седма македонска ударна бригада
- Осма македонска ударна бригада
- Деветта македонска ударна бригада
- Десетта македонска ударна бригада
- Единаесетта македонска ударна бригада
- Дванаесетта македонска ударна бригада
- Тринаесетта македонска ударна бригада
- Четиринаесетта македонска ударна бригада Димитар Влахов
- Петнаесетта македонска ударна бригада
- Шеснаесетта македонска ударна бригада
- Седумнаесетта македонска ударна бригада
- Осумнаесетта македонска ударна бригада
- Деветнаесетта македонска ударна бригада
- Дваесетта македонска ударна бригада
- Дваесет и прва македонска ударна бригада
Дивизии
[уреди | уреди извор]- 41 Македонска дивизија
- 42 Македонска дивизија
- 48 Македонска дивизија
- 49 Македонска дивизија
- 50 Македонска дивизија
- 51 Македонска дивизија
- Кумановска дивизија
- Осма македонска дивизија на КНОЈ
Корпуси
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Boro Mitrovski, Rad i funkcionisanje Glavnog štaba Makedonije u vreme formiranja armija, Armije u strategijskoj koncepciji NOR-a i Revolucije, Beograd, 1986;
- ↑ Јован Поповски „НОБ на Македонија“. Скопје, 1962
- ↑ Александар Стојановски, Иван Катарџиев, Данчо Зографски "Историја на Македонскиот Народ". Скопје, 1988
- ↑ Зимските операции на Македонска војска 1943/44 – Раде Гогов, носител на "Партизанска споменица 1941"
- ↑ History of the Army of the Republic of Macedonia - World War II Архивирано на 10 октомври 2007 г. - Ministry of Defense of the Republic of Macedonia Official site
- ↑ Cohen, Philip J.; Riesman, David (1996). Serbia's Secret War: Propaganda and the Deceit of History. Texas A&M University Press. ISBN 0890967601, p. 96.
- ↑ Bulgaria During the Second World War, Marshall Lee Miller, Stanford University Press, 1975, p. 202.
- ↑ Who Are the Macedonians? Hugh Poulton, C. Hurst & Co. Publishers, 2000. p. 104.
- ↑ The Slavonic and East European review, School of Slavonic and East European Studies, University of London, 1991, p. 304.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Глобус Архивирано на 10 ноември 2009 г., Американски документи за бугарската окупација
- Утрински весник Архивирано на 26 септември 2007 г., Раѓањето на македонската држава, пребарано на 16.10.2006.